Tag Archives: средниучилишта

Нови лажни дојави за бомби – за прв пат испратени и во две основни училишта

По две недели пауза, повторно дојави за бомби во 9 средни училишта. Но за прв пат закана за поставен експлозив добија и две основни  училишта. 

Станува збор за Кочо Рацин и Петар Поп Арсов. Школите по електронска пошта после 15 часот добиле заканувачки пораки, во кои се наведува дека е поставен екслозив. Веднаш е известена полицијата, децата се безбедно евакуирани. 

По направените проверки, МВР соопшти дека и овој пак, како и претходните се работи за лажни дојави за бомби. 

Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски, затоа што и по повеќе од месец дена не може да открие кој стои позади лажните дојави за бомби.

Инаку претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан дали има симболика што закани доаѓаат во среда, четврток или петок, изјави дека не само што се случуваат во последните 3 дена од неделата, туку и во време кога наставата ја следи иста смена со ист наставен кадар. 

ПОВТОРНО ДОЈАВА ЗА БОМБА – учениците од „Јосип Броз Тито“ евакуирани, полицијата го блокира центарот на Скопје

Утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба.

По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето.

Полицијата во моментов е на терен, а повеќе информации следуваат многу набрзо…

Инаку ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

СЕДМИ ПАТ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО 4 СРЕДНИ УЧИЛИШТА – во „Јосип Броз Тито“ учениците евакуирани

Утрово повторно дојави за бомби има во четири средни училишта во градот Скопје.

Во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во овие моменти се врши евакуација на децата, а полицијата е на терен.

Ова не е прв ваков случај, а во изминатите неколку недели постојано средните училишта во градот Скопје се на удар на хакерски напади од страна непознати лица по кои полицијата се уште трага.

Иако неколку пати министерот за внатрешни работи најави во јавноста дека знаат кој ги испраќал лажните дојави досега нема разгрешница на овие случаи, а учениците губат настава секојдневно.

Наскоро повеќе детали…се очекуваат од МВР.

Некој си игра мајтап со МВР: Повторно испразнети 4 средни училишта во Скопје поради НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ !

Нови дојави за поставени бомби во скопските средни училишта.

„Денеска (4.11.2022), во СВР Скопје, околу 14 часот, е пријавено дека на имејл-адресите на четири (до овој момент) училишта во Скопје упатена е закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници преземени се мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа денеска од МВР.

Едно од училиштата на чија адреса стигнала заканата е гимназијата „Никола Карев“ во скопски Карпош.

Минатата недела повеќе скопски училишта добија имејлови со закани за поставени бомби, за кои, по извршените проверки од страна на полицијата, се утврди дека се лажни дојави.

Нови дојави за бомби: Трет ден по ред се евакуираат средношколците во училиштата во Скопје

По два дена закани за бомби во средните училишта во градот Скопје, кои ја вознемирија јавноста, и денеска информации за нови евакуации.

Според информациите биле евакуирани средношколците од гимназијата „Никола Карев“.

На ова претходат два дена дојави за поставени бомби низ девет скопски средни училишта, за кои беше утврдено дека се лажни

Нови најави за подметнати бомби во средни училишта во Скопје

Уште една дојава за подметнати бомби во средни училишта во Скопје. Во моментов може да потврдиме дека е евакуирано средно училиште Орце Николов.

Што се случува на терен од прилог на Канал 5

Попладнево неколку средни училишта во Скопје, како и вчера, добија мејлови со заканувачки содржини за поставени бомби. Учениците во овие средни училишта и денеска веднаш беа евакуирани. Потврдено е дека се работи за средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, АСУЦ „Боро Петрушевски” и други.

ЛАЖНА дојава за БОМБА во ОСУМ СРЕДНИ УЧИЛИШТА во Скопје

Антитерористичката единица на МВР по дојавата за бомба во осум училишта на територијата на Скопје, извршиле детална проверка, по што констатирале дека таа е лажна. Училиштата се безбедни.

Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје. Подоцна таа е-пошта ја испратил уште во три училишта. Во сите беа евакуирани учениците. Проверките се речиси завршени.

Испраќачот на лажната закана сè уште не е познат. МВР работи на негово откривање.

За да не паничат, на евакуираните ученици од гимназијата „Орце Николов“ им беше кажано да ги напуштат училниците, бидејќи во училиштето ќе се врши дератизација. Околу училиштето има полиција и не дозволува пристап внатре.

Директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека на службената е-пошта добиле порака за поставена бомба во училиштето. Во е-поштата стои дека истата порака е пратена и во средните училишта „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.