Уште една дојава за подметнати бомби во средни училишта во Скопје. Во моментов може да потврдиме дека е евакуирано средно училиште Орце Николов.
Што се случува на терен од прилог на Канал 5
Попладнево неколку средни училишта во Скопје, како и вчера, добија мејлови со заканувачки содржини за поставени бомби. Учениците во овие средни училишта и денеска веднаш беа евакуирани. Потврдено е дека се работи за средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин”, „Орце Николов”, АСУЦ „Боро Петрушевски” и други.
Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.
„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.
Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.
-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.
Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.
Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.
Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.