Tag Archives: СтојанчеАнгелов

„Очекувам да се најде човекот кој вееше знаме со голема Албанија, и да се санкционира“

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека очекува институциите да го најдат човекот кој вееше знаме на голема Албанија и да се снакционира.

„Видете какви реакции предизвика веењето на знаме со Голема Албанија. Јас очекувам институциите да го пронајдат лицето и да го санкционираат. Тоа ме иритира и мене како Македонец, во мојата земја да се вее такво знаме“, рече Ангелов.

АНГЕЛОВ НЕ ИМ СЕ ПЛАШИ НА БОМБИТЕ – Сега да има дојава за бомба ќе продолжам да гледам телевизија, ладно е надвор

Ангелов вели дека граѓаните ќе отрпнат на оваа појава и дека дел од нив веќе воопшто не се плашат, затоа што знаат дека дојавите за бомби се лажни.

„Ако сега си појдам дома и ако ми јават дека за зградата има дојава за бомба, нема да излезам, ќе гледам телевизија, надвор студи“ – рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вечерва во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“.

Ангелов рече дека дојавите за бомби нанесуваат економска штета, а му штетат и на образовниот процес. Но, тој вели дека граѓаните ќе отрпнат на ова и дека дел од нив веќе воопшто не се плашат, затоа што знаат дека дојавите за бомби се лажни.

Тој рече дека повеќе институции работат на откривањето на испраќачите на стотиците лажни дојави за бомби во македонските училишта и јавни објекти и оцени дека овој „хибриден напад“, како што го нарече, не е случаен и дека државата е „таргетирана“.

(Фото) Стојанче Ангелов: И јас сум Гоце Делчев

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов со уникатна порака по повод 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Ангелов објави фотографија од себеси направена кај Калето и напиша „И јас сум Гоце Делчев“.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0XXwLKf3fuWzFdSS9L6CJY8xkCkBPZa1dc9W6bkKgVckYGDHxFyBJoJiMKVhGodwfl&id=100002319031330&mibextid=Nif5oz

Ангелов со поддршка за амнестија за 27-ми април: Тие не пукаа во глава никому како што правеше УЧК во 2001

Директорот на Центарот за управување со кризи и прв човек на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов дава поддршка за иницираниот предлог-закон за амнестија за осудените за 27 април. Тој во објава на социјалните мрежи напиша дека учесниците не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор.

-Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план. Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца, вели Ангелов.

Споредувајќи со УЧК од 2001 година, Ангелов вели дека разликата е што на 27 април немаше жртви.

-Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април, вели Ангелов.

Генерал Ангелов до командант Ахмети: Победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме…

Изјавата на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна. Да се споредува нападот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно бидејќи се работи за два сосема различни воени конфликти. Ова е одговорот на генералот Стојанче Ангелов, бранител, на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во Шипковица кога кажал дека за време на средба со делегација од Украина рекол: „Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и никогаш не се предавајте, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!“

Во 2001 година Република Македонија и нејзините вооружени беше нападната од УЧК, вели во реакцијата на својот фејсбук-профил Ангелов.

„Со комуникето број 4 УЧК побара од ‘славомакедонците’ да ги напуштат вековните албански огништа. Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.

Откако од УЧК увидоа дека никако не можат да се спротивстават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката и наместо борба за ослободување на вековните албански огништа, почнаа да зборуваат за борба за човекови права. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници, како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од  политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица, но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика. Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад“, вели Стојанче Ангелов, претседател на партијата на бранителите Достоинство.

Како Груевски, Талат, Црвенковски, Апасиев, Ангелов,Ефтов… ВЕЖБААТ ТЕРЕТАНА? (ВИДЕО)

Стефан Николовски на Инстанграм со видео и неверојатна глума прикажа како би вежбале во теретана и што би кажале Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Димитар Апасиев, Талат Џафери, Стојанче Ангелов …

Гледајте видео – пресмешно е :))

Стојанче Ангелов: Викнете ја мојата сопруга и прашајте ја дали сум вистински маж

Во емисијата „Нешто конкретно“ гостуваа Ирина Дишоска, Стојанче Ангелов, Павле Камилов и Тијана Ивановска. На темата „Дали постојат вистински мажи или се врста на исчезнување“ генералот Стојанче Ангелов изјави дека сите мажи се вистински, секој на свој начин.

На прашањето дали неговата сопруга се омажила за вистински маж тој одби самиот да одговори и порача да ја повикаме неа и да и го поставиме ова прашање. Предизвикот прифатен .

Погледнете ја емисијата подолу во линкот и дознајте дали мажите и денес се додворуваат праќајќи пијачка како порано или пак можеби сега тоа го прават и жените?Во емисијата „Нешто конкретно“ гостуваа Ирина Дишоска, Стојанче Ангелов, Павле Камилов и Тијана Ивановска. На темата „Дали постојат вистински мажи или се врста на исчезнување“ генералот Стојанче Ангелов изјави дека сите мажи се вистински, секој на свој начин.

Хеликоптер и ЕБР ги извлекуваа планинарите на Титов Врв од провалија (Фото+видео)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на лице место од Титов Врв извести за случката со двајца загубени планинари, од кои за жал едниот утрово почина.

Ангелов соопшти дека од страна на МВР биле ангажирани специјалци од ЕБР за спасување на планинарите, дека теренот бил исклучително тежок, со замрзнат снег и лизгав терен.

Во продолжение изјавата на Ангелов и снимка од хеликоптерите кои учествуваа во спасувањето.

Сопругата на Стојанче Ангелов од МВР унапредена во Агенција за разузнавање

Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била трансферирана во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“.

-Според нашите информации од Министерството за внатрешни работи, Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар. Од таму потврдуваат дека таа не е веќе во МВР, но на прашањето со какви квалификации е префрлена во Агенцијата за разузнавање за одговор не упатија во АР, пишува порталот.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу информацијата дали Ангелова е сега во АР, ниту ја потврди, ниту ја демантираше.

Стојанче: Пред некој ден ваков пожар гледав во Америка и БЕА ПОСПОРИ ОД НАС (ВИДЕО)

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК)  денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.

Според Ангелов побрзи сме од Американците во справување со пожари.

Директорот на ЦУК кажа дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.

Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.