Tag Archives: СтојанчеАнгелов

Ангелов до Дардишта: Намалете со “патриотското” доживување, бидете дама, Македонија ни е заедничка татковина не Илирида

Стојанче Ангелов од Достоиство, преку својот профил на Фејсбук и одговори на Шкодране Дардишта од ДУИ, која вчера се закани дека чизмите од војната стојат на таван.

Со години наназад внимателно работам и придонесувам во процесот на помирување и одеднаш со силна дразба се појавува директорката на Клиничкиот центар во Скопје, актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком и активистка на ДУИ, Шкодране Дардишта, чија што заканувачка изјава на нејзиниот фејсбук-профил едноставно ме тера да и одговорам во нејзин стил, уверен дека ваквата популистичка, заканувачка и распалувачка реторика веќе не минува кај мнозинството македонски граѓани.

Г-ѓо Шкодране Дардишта, вие можеби сѐ уште ги имате вашите стари чизми на таванот во старата куќа но ние, во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаме нови гојзерици. Верувам дека некои од вас се’ уште ги кријат и своите стари пушки но ние, во нашата заедничка македонска Армија имаме современо оружје и воена техника. Можеби вие сте подготвени за час да ги извадите белите патики и да облечети чизми но некои од нас чизмите не ги соблекоа никогаш. Патем, вашите некогашни пријатели денес се и наши пријатели а нашата заедничка држава денес е членка на НАТО.

Понатаму, зборувате дека вие не сте сираци и сте никнале после војна но не заборавајте дека нашите храбри предци, комитите и партизаните, низ многу крв, страдање и смрт, на парче македонска земја, успеале да создадат наша, македонска држава, држава која ние, македонските бранители, во 2001-та успеавме да ја одбраниме од вас, за денес да биде наша заедничка татковина, татковина на сите луѓе кои живеат во неа. Македонија а не Илирида како што пишувате вие.Вашиот текст го завршувате заканувајќи се’: “Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорете во него“.

Јас би ви препорачал да го намалите вашето “патриотско” доживување бидејки обидот за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, колку да не ви се допаѓа вам, е сепак само обичен политички, демократски процес во кој учествуваат и две партии на Албанците од Македонија. Или, можеби тие се помалку Албанци од вас?

Г-ѓа Шкодране, на нашата заедничка татковина, Македонија, и треба стабилност, безбедност и мир, членство во ЕУ, демократија и економски напредок. За жал изјави како вашите не’ не водат во тој правец. Затоа сосем за крај, апелирам до вас, бидете дама, оставете ја воинствената и распалувачка реторика на која најчесто наседнуваат младите, и, наместо со закани за војна, против политичките процеси борете се со политички и демократски средства – напиша Стојанче Ангелов.

Ангелов: Луѓето КРАДАТ сообраќајни знаци и ги прават ПЕЧКИ ЗА АЈВАР 🙄

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, вчера вечер во ТВ21 зборувајќи за пожарите во Малешевијата и нивно навремено откривање, тој рече дека се размислува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кражби.

„Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов.

Гаснење пожар со УТРИНСКА РОСА – Ангелов со нова глупост (Видео)

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, вчера на прес-конференција истакна дека искрено се надевал оти утринската роса ќе го изгасне пожарот на Галичица.

– Искрено се надевав дека утринската роса ќе го изгасне пожарот, оти тревата не развива голема температура – рече Ангелов.

Ангелов повторно наиде на исмевање на мрежите за истото 👇

Ангелов: Треба да бидам награден зошто го спасив Кочани

Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Денес беше одлучено дека нема потеба од прогласување на кризна состојба на дел од територијата на земјава, но сепак будно се следи ситуацијата.

Според него, оваа одлука се должи поради тоа што претседателот Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени.

-Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти. Сметам дека треба да бидам награден зошто го спасив Кочани, објасни Ангелов

Џејмс Бонд ли е, Ангелов ли е – На јаже преку клисура во оделооо! (Видео)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на вчерашната спасувачка вежба ги покажа вештините преминувајќи со јаже преку кањоњ длабок 30 метри, мислиш е Џејмс Бонд 🙂 и тоа во одело.

Тој изјави дека тоа го направил на вежбата во организација на Спелеолошката федерација на Македонија за да ја покаже неговата доверба во вештините и опремата која што ја поседуваат членовите на федерацијата.

Во знак на восхит, во знак на почит, во знак на длабок наклон кон овие храбри млади луѓе кои што ги ризикуваат своите животи за да спасат друг живот. Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот за управување со кризен менаџмент за нивните вештини да бидат на располагање за сите граѓани на кои ќе им биде потребно спасување или извлекување од непристапни терени, изјави Стојанче Ангелов.

-Наша задача како ЦУК е да има длабоки реформи на целиот систем за да бидат отстранети сите недостатоци кои ќе ги детектираме или се детектирани до сега, истакна Стојанче Ангелов

Целта на двете институции како што наведоа е хуманоста и да се биде на ниво на задачата, така што секогаш ќе се помогне на лицата на кои им треба помош и поддршка.

Вежбата „Мрежичко“ беше изведена во кавадаречкиот регион, а кањонот, кој преку кој директорот на Центарот за управување со кризи поминуваше е длабок околу 30 метри.