Tag Archives: свет

Ресторанот на тетовчанецот Реџепи е избран за најдобар во светот (ФОТО)

Ресторанот НОМА на нашинецот од Тетово, Рене Реџепи, синоќа беше избран за најдобар ресторан во светот, пишува Алсат.

Веста беше објавена преку социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм, од официјалната веб-страница на самиот ресторан. На сликите што беа претставени на социјалните мрежи, се гледа персоналот на ресторанот НОМА, која ја слави оваа голема победа.

Ресторанот на Рене Реџеп беше избран прв меѓу 50-те најдобри ресторани во светот, долгоочекуван кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана. Настанот се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.

Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Во 2011 г. е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторанот „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишленови ѕвездички. Во 2012 г. е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“.

A видеото како прославија погледенте го на следниот линк со клик ТУКА, а повеќе фотографии од самиот ресторан можете да погледнете во продолжение:

Даниел од Прилеп од 48.125 yченици од cветот влезе во финалето на Меѓунapoдниот натпpeвap по англиcки jaзик

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo English Language Olympiad, на кој учествуваа 48,125 учецници од 42 земји, ученик од ООУ “Климент Охридски” Прилеп се пласираше во финалето.

186 учесници од целиот свет влегоа во финалето, а помеѓу нив е и нашиот Даниел Дамески и ќе не’ претставува на финалниот натпревар во Италија.

Под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, Даниел ќе ги претставува Прилеп и Македонија, а неизмерно сме горди на вакви вредни ученици.

Даниел со среќа!

Маркукуле.мк

Денеска се чествува Светиот маченик ЕВСИГНИЈ, ВОЈНИК кај царевите Максимилијан и Константин

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на Светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде множество од ангели и Самиот Господ Исус како од ангелите ја прима душата на овој Свет маченик. Војуваше за царот Константин и го виде крстот што му се јави на царот. Откако ислужи во војска цели шеесет години, за време на царувањето на Константиновите синови се повлече од воената служба и се насели во Антиохија, којашто му беше роден град. Овде животот го минуваше богоугодно, во пост, молитва и добри дела. Во времето на Јулијан Отстапник двајца скарани луѓе на улица го зедоа него за судија. Тој му пресуди правда на правиот, заради што кривиот се налути, отиде кај царот и го обвини Евсигниј како христијанин. Царот го повика на суд, но тој го изобличи царот за страшното отстапништво од верата и го укори со светлиот пример на великиот Константин. Огорчен, Јулијан нареди и му ја отсекоа главата. Свети Евсигниј пострада и се пресели во Небесното Царство во длабока старост, во 362 година.

Светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски

Родум римјанин. Фавијан најпрво беше селски свештеник, а потоа, кога при изборот на папа врз него слезе бел гулаб, беше избран тој. Беше кроток и незлоблив. Со голема усрдност ги собираше телата на Светите маченици, чесно ги погребуваше и на нивните гробови подигаше храмови. Подигаше и молитвеници и параклиси по пештерите во коишто се криеја мачениците за време на гонењата. Го крсти царот Филип и неговиот син принцот Филип и со помош на крстениот сенатор Понтиј разурна многу идоли и идолски храмови. Но кога се зацари суровиот Декиј, настана страшно гонење на христијаните, во коешто пострада и Свети Фавиј, обезглавен со меч во 250 година. Свети Фавиј востанови мирото да се осветува на Велики Четврток.

Светиот маченик Понтиј

Сенатор, син на сенаторот Марко и неговата жена Јулија. Јулија беше бездетна и зачна дури после дваесет и две години брачен живот, кога го роди Понтиј. Крстен од папата Понтијан заедно со својот другар Валериј (писателот на неговото житие), тој успеа да го приведе во верата својот татко Марко и царот Филип со синот и мнозина други угледни римјани. Како сенатор многу ја штитеше и ја помагаше Црквата и му беше голем пријател на папата Фавиј. Кога настана Декиевото гонење, Понтиј побегна од Рим и се сокри под Алпските Планини. Но во времето на Валеријан и Галиен беше фатен и подложен на страшни маки, при што се пројавија многубројни Божји чуда и мнозина се обратија кон Христа. Овде се најдоа и голем број Чивути што му викаа на судијата: „Убиј го, убиј го тој маѓепсник!“ На тоа Свети Понтиј ги воздигна рацете кон небото и рече: „Ти, благодарам, Боже мој, што и Чивутите викаат против мене како и некогаш нивните татковци против Христа: распни го, распни!“ Го убија со меч во 257 година и го погребаа до неговиот пријател Валериј.

Света Нона

Мајката на Св. Григориј Богослов. Како христијанка имаше силна и чудотворна молитва. Така со својата молитва кон Бога таа го обрати својот маж од незнабожечката глупост во христијанската вера. Нејзиниот маж Григориј подоцна беше епископ во градот Назијанз. Света Нона своевремено со молитва го спаси и нејзиниот син Св. Григориј Богослов од бура. Се престави мирно како ѓакониса во 374 година.

Дамјан на кој МОН одби да му даде наградата стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот

Штипјанецот Дамјан Давков на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, освои сребрен медал и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот.

Оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

-По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Инаку, младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.

КУД „Илинден“- Битола учествуваа во НАЈДОЛГОТО ОРО на светот (Фото)

Членови на културно уметничкото друштво „Илинден“-Битола деновиве учествуваа на светска Фолклоријадата во Русија и заиграа во најдолгото оро на светот.

На фолклоријадата има 2.700 учесници од 37 држави во светот, а репрезент на македонскиот фолклор се КУД „Илинден“-Битола.

-Најголемото оро на светот сруши два гинисови рекорди, еден според бројот на застапените националности и втор според бројот на држави учеснички, информираа од КУД „Илинден“-Битола.

Младите фолклористи од Битола настапија во официјалната програма на главната фестивалска сцена, а учествуваат и во придружните програми на светската Фолклоријада која завршува на 11 јули во Русија.

Членката на НАТО – Македонија една од најнебезбедните земји во светот !

Само девет земји од глобалната листа за безбедност се полоши од нас. Побезбедни од последната горда членка на НАТО се дури 124 земји. Со други зборови Македонија е рангирана на 125-тото место на општата  листа на безбедност во која се оценувани 134 земји.

Ова се наведува во најновиот извештај на „Global Finance“ во кој се мерат најбезбедните земји.

Побезбедни од Македонија се Либан, Венецуела, Пакистан, Бангладеш, Гвинеа Бисау, Бурунди и Брегот на Слоновата коска.

Најбезбедни земји во светот се Исланд, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Путин потпиша заkoн ПРОТИВ ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша законот против фалсификување на историјата.

Законот, меѓу другото, го криминализира изедначувањето на советските и нацистичките акти за време на Втората светска војна, пренесува Хина.

Историчарите го критикуваат законот, сметајќи дека тој може да се толкува премногу широко.

Некои исто така го критикуваа Кремљ затоа што сака да обезбеди „монопол врз вистината” и се потпираат на строгото законодавство за забрана на одредени историски ставови.

Путин, сепак, го оправдува законот со борба против фалсификување историски факти.

Во 2019 година, рускиот претседател жестоко ја критикуваше резолуцијата на Европскиот парламент, која исто така го обвини Советскиот сојуз за избувнувањето на Втората светска војна

Видео: Се урна станбена зграда во Мајами, во тек е голема спасувачка операција

Повеќе од 80 пожарникарски и спасувачки тимови се ангажирани во акцијата за спасување откако делумно се урна 12-спратна зграда во Мајами, објавија американските медиуми.

Една жена загинала, а најмалку осум лица се повредени. Се стравува дека има жртви под урнатините. Во зградата имало над 100 станови.

Засега не е познато зошто 12-катната зграда во Сурфајд делумно се урна во текот на ноќта.

Скопје на листата од НАЈСКАПИ градови за ЖИВОТ во светот !

Скопје на 192. место во светот на листата на „Мерсер“ според трошоците за живот
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови.

Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих.

Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, при што е користен го Њујорк како компаративна основа.

Што се однесува до најевтините градови, на „дното“ на листата на „Мерсер“ се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).

Ќе има кpв и Европа никогаш нема да биде иста како порано: Наследничката на Баба Ванѓа со кaтacтрофални прeдупрeдувања за годините што следат

Кети Иванова, која по смртта на баба Ванѓа била прогласена за нејзина наследничка, е позната и по многу визии што се остварија.
Кети уште во 1993. година тврдела дека „Босна ќе биде поделена на два дела и дека ситуацијата во Хрватска ќе се влоши после тоа“. И така беше.
Европа во превирања
Самата Европа ќе има проблеми што нема да може да ги реши самостојно. Тероризмот или некоја болест ќе полета толку многу што нема да биде безбедно да се патува насекаде.
Во Европа ќе дојде до војна, но само кога некои групи во неа ќе ја започнат. Пред тоа ќе има мирна окупација на скоро сите европски земји. Луѓето од исток ќе доаѓаат кон европските градови. Најлошо ќе биде во Париз и Берлин. Тогаш новодојдените, кога ќе ги има милиони, ќе се кренат во бунт. Ќе има крв и Европа никогаш нема да биде иста како порано.
Турците ќе се обидат да ја нападнат Виена со помош на нивните сојузници, но ќе претрпат пораз. Тие нема да обрнат внимание на предупредувањата на меѓународната заедница, бидејќи некогаш успеале насилно да ја наметнат својата моќ (Кипар). Делови од Грција, а особено Бугарија, ќе бидат загрозени. Продорот на Турција во Европа ќе го запре мудар политичар кој ќе го слушаат сите страни.

Во низата катаклизми што ќе ја снајдат Европа, Венеција ќе потоне!
Ќе има многу природни катастрофи, три пати повеќе земјотреси од порано, дури и авиони ќе се срушат почесто отколку сега. Тоа е само дел од она што следува …

Добро за Балканот
Проширувањето на исламот е очигледно низ целиот свет. Западот не сторил ништо за да се заштити, па затоа ќе плати висока цена. Корумпираните компании и нивните сопственици ќе ги предадат интересите на нивните земји.

Пред почетокот на новиот век, Кина ќе стане голема светска сила од која сите ќе се плашат.
Тој страв ќе биде неоправдан затоа што Кина ќе се грижи за своите работи и нема да води освојувачки војни. Азискиот тигар нема да „проголта“ други, туку ќе развие моќна технолошка база, ќе собере голем капитал и ќе започне да се развива. Тоа ќе биде добро и за Балканот.
Светот треба да биде загрижен за војната што се подготвува. Водачите се познати и на Обединетите нации. Војната ќе опфати еден дел од Европа, но не и Балканот, Азија и Јужна Америка.
Германија своите светли моменти ќе ги проживее до 2005 година. После тоа, ќе и тргне наопаку, а потоа војната ќе и тропне на вратата. Нема да биде повторно поделена, но ќе ја загуби војната…