Tag Archives: свет

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе нѐ нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Sky News.

Тој тврди дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен напад, додавајќи дека напредното руско хиперсонично оружје ќе обезбеди „насилен одговор“ доколку земјата биде нападната.

Путин ова го изјави на прес-конференција во Бишкек, Киргистан.

Тој рече и дека „нема потреба“ од втор бран на мобилизација за војната во Украина.

Путин наведува дека 150.000 неодамна мобилизирани резервисти се уште не се испратени на фронтот.

Медиумот потсетува дека Путин пред неколку месеци нареди мобилизација на 300.000 Руси за војната во Украина.

СВЕТОТ ВО ШОК – кралицата Елизабета втора не починала од природна старост туку од пеколна болест

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години.

Уверението за смртта на кралицата пред два месеци го објави Шкотскиот национален регистар. Елизабета Александра Мери Виндзор беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

Кралицата почина од старост, објави „BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.

Со објавувањето на биографска книга „Елизабет: интимен портрет“ на телевизискиот водителот Гилс Брандрет, светските медиуми пласираа „нови вистина“ за причината за смртта на кралицата.

Британската кралица во последните месеци од животот се борела со мултипен миелом, кој се карактеризира со оштетување на коскената срцевина, објави весникот „Independent“ повикувајќи се на новата книга на телевизискиот водителот Гилс Брандрет.

Гилс беше пријател на сопругот на покојната кралица Филип.

Според потврдата за смртта објавена од шкотскиот архив, причината за смртта на Елизабета Втора била староста.

„Слушнав дека кралицата има некаква форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор, губење на тежината и „проблеми со движењето“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од животот“, напиша Брандрет во нова неговата биографска книга „Елизабет: интимен портрет“.

Брандрет истакнал дека најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а постарите луѓе често страдаат од мултипен.

Кралицата Елизабета Втора , која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст. Нејзиниот најстар син принцот Чарлс стана крал, земајќи го името Чарлс III, а неговата сопруга Камила доби статус на сопруга на кралот.

Втори сме во свет, ама по МИЗЕРИЈА ! (Фото)

Македонија на врвот на Европа по мизерија. Според индексот на мизерија кој ја мери невработеноста и растот на инфлацијата помизерно отколку во Македонија се живее во Црна Гора и Турција. Индексот на мизерија во Македонија е 28.1 , подобри од нас во регионот се Албанија, Бугарија, Србија , Хрватска и Босна и Херцеговина.

Индекс на Мизерија

Турција 41.2
Црна Гора 36.2
Македонија 28.1
Албанија 23.8
Бугарија 16
Србија 18.4
Хрватска 18.3
БиХ 23.8

Во светски рамки земји со највисок индекс на мизерија се Венецуела, Зимбабве, Судан, Либија, Иран, Аргентина, Ангола. Висока инфлација има и во балтичките земји, но таму стапката на невработеност е помоала, што значи дека овие земји се помалку економско социјално ранливи во споредба со Македонија.

Податоците дека сме на врвот по мизерија не се изненадување со оглед на тоа дека имаме највисока стапка на инфлација во целиот регион. Според податоците од меѓународните финансиски институции во Србија стапката на инфлација е 14 отсто, во Косово 12,7 , Хрватска 12,8 , Босна и Херцеговина 17,3. Полоши од нас се Унгарија, Латвија и Естонија .

Официјална статистика измери дека стапката на инфлација во Македонија во октомври достигна речиси 20 проценти, што е најголем проценти од 1995 година, а трошоците на живот се највисоки во изминатите 10 години. Ако во 2012 просечната нето плата била 21.031 денари, инфлацијата била 5.3 отсто, за четиричлено семејство да го помине месецот биле потребни 31.989 денари, а по една деценија просечната плата е нешто над 31 илјада, а за задоволување на минималните потреби на едно четиричлено семејство потребни се над 51 илјада денари.

Живеачката дополнително ќе поскапи и по Нова Година, кога се очекува нов раст на цената на електричната енергија и парното. Регулаторот се уште калкулира за колку ќе поскапи струјата но извесно е дека поскапување ќе има, најмалку за 10 проценти со оглед на тоа дека се враќа ДДВ- то на струјата од 5 – 10 отсто . Ова дополнително ќе удри по џебот на граѓаните на веќе и онака тешките времиња и енормните поскапувања со кои се соочуваат . За една година само храната поскапе над 30 проценти.

Инаку Индексот на мизерија е воведен од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфлација.

ФОТО: Ова бебе е осум милијардитиот жител на Земјата

Денес, според проценките на ОН, СВЕТОТ доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Др. Меморијалната болница Хозе Фабела во Тондо на 15 ноември, таа беше избрана за осмо милијардити човек во светот.

https://twitter.com/nicowaje/status/1592231074943627265?s=20&t=EriZbheNd78Waw0BHRRCpQ

„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, нормално породување“, изјави д-р Ромео. Битуин, главниот лекар на болницата.

Првиот познат скок на населението се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 п.н.е.

Со земјоделството, се разви седентарен начин на живот и способност за складирање храна, што доведе до раст на природниот прираст.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот

„Мајките можеа да ги хранат своите доенчиња со каша, што го забрза процесот на одвикнување и го скрати времето помеѓу породувањата. Со други зборови, жените би можеле да имаат повеќе деца“, објасни Ле Брас.

Развојот на постојаните населби донесе и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги доведе луѓето во контакт со нови смртоносни болести.

Смртноста кај децата беше особено висока. Третина од нив починале пред својот прв роденден, а уште една третина пред својот осумнаесетти.

„Смртноста беше огромна, но во исто време бејби бумот беше континуиран“, вели Ерик Крубези, антрополог од Универзитетот во Тулуз.

Од шест милиони жители во тоа време, глобалното население порасна на 100 милиони околу 2000 година п.н.е., а потоа на 250 милиони во првиот век.

Црна смрт

Растот на населението наеднаш бил запрен од чумата во средниот век. Пандемијата која започна од Централна Азија, од областа на денешен Казахстан, пристигна во Европа во 1346 година со бродови што превезуваа стока од Црното Море.

Осум милијарди, клучен развој на вакцина

Експлозијата на населението започна во 19 век, најмногу поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството, што го зголеми глобалното снабдување со храна.

Од 1800 година, бројот на жители на Земјата пораснал осум пати, од една милијарда на осум милијарди.

Крубези смета дека клучот бил развојот на вакцините, особено против сипаници, кои го искорениле еден од најголемите убијци во светот.

1970-тите и 1980-тите донесоа уште една мала револуција во форма на третман на срцеви заболувања, што придонесе за намалување на смртноста на луѓето над 60-годишна возраст.

ОН соопштија дека додека на светската популација и биле потребни 12 години за да порасне од 7 на 8 милијарди, ќе бидат потребни до 2037 година, или 15 години, за да достигне 9 милијарди – „знак дека вкупната стапка на глобалниот раст на населението забавува“.

Видео: Скопје се најде меѓу топ петте најзагадени градови во светот

Енергетската криза го вклучи алармот. Иако домаќинставата и компаниите се загреваат со половичен капацитет, Скопје синоќа повторно се најде меѓу најзагадените градови во светот.

ФОТО: Најубавото девојче на светот порасна – сега има 20 години и е милионерка

Девојчето со впечатливите сини очи стана ѕвезда во модната индустрија, а денес Тилен Блондо има 20 години и работи како манекенка.

Глумицата и пејачка Тилен Блондо порасна пред очите на јавноста и нејзиното деби на јавната сцена беше исклучително контроверзно бидејќи како 10-годишно девојче се појави на страниците на Вог нашминкана и со штикли.

На шест години била прогласена за најубаво девојче на светот, а на 15 години го оствари своето актерско деби во “Belle & Sebastian: The Adventure Continues”.

Како таа изгледа сега:

Нејзиниото богатство се проценува на четири милиони долари, а моментално ужива на плажите на Мајами со своето момче Би Атал.

Кој народ е најинтелигентен, а кој најглупав на светот? Погледнете на кое место се најде Македонија

Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49.

На листата топ 10 држави во кои живее народ со највисок коефициент на интелигенција следат:

Тајван – 106,47

Сингапур – 105,89

Хонгконг – 105,37

Кина – 104,10

Јужна Кореја – 102, 35

Белорусија – 101,60

Финска – 101,20

Лихтенштајн – 101,07

Холандија и Германија – 100,74.

Просечното IQ според податоците на оваа студија е 98,16 што нас нè сместува во потпросечно паметни луѓе.

Maкедонија се најде на 108-то место со просечен коефициент на интелигенција 81,91.

Кога станува збор за земјите од регионот, редоследот е следен:

Хрватска – 95,75

Бугарија – 90,99

Србија – 89,6

Босна и Херцеговина – 88,54

Црна Гора – 85,78

Албанија – 81,75

Извор: Прес 24 мк

Ова се симптомите на новата МУТАЦИЈА, светот се затвора заради новиот сој

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи.

Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“.

Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилот за вкус или мирис.

„Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство.

Кога на 18 ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност од симптомите, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот.

Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани.

– Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката.

Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања.

„Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа.

Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг. Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири..

Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.

Поради омикрон многу земји од петокот воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.

Некои забележуваат дека и други варијанти, како бета, прво беа откриени во Јужна Африка, но со време ги замени делта. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.

Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – скоро 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон? Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, оти сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.

Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца. Но омикрон има над 30 мутации во делот на вирусот кој што го напаѓаат постоечките вакцини. Експерименталните антивирусни таблети, како паксловид на „Фајзер“ и молнупиравир на „Мерк“, ги напаѓаат деловите на вирусот кој не е сменет со омикрон, така што овие таблети може да станат уште поважни ако има закана за имунитетот стекнат од вакцините.

NOAA издaдe пpeдyпpeдyвaњe: Зeмjaтa вeчepвa ќe ja зaфaти гeoмaгнeтнa бypa

Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) денеска издаде предупредување за геомагнетна бура која се очекува да почне вечерва и во раните утрински часови.

Таа е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од 26 октомври годинава. Оттогаш, има серија на ерупции кои првично биле послаби. Кога ќе се забележи ерупција од некој од активните региони на Сонцето, во меѓупланетарниот простор се ослободува млаз од плазма, кој се испалува со брзина меѓу 600 и 900 километри во секунда. Вообичаено, потребни се околу два дена за овој поток да стигне до Земјата.

Како последица на магнетната бура се очекува да има прекини во навигацијата и комуникацијата на сателитите. Може да има и рендгенско зрачење (Х-зраци) на висина. Магнетната бура може да влијае на сигналите што се пренесуваат со висока фреквенција, вклучително и од сателитските навигациски мрежи (GPS).

Многу силна магнетна бура имаше и во овој период на октомври во 2003 година и траеше повеќе од две недели.

Според медицината, нарушувањата предизвикани од геомагнетните бури ги погодуваат луѓето кои имаат висок крвен притисок, како и оние со проблеми во кардиоваскуларниот систем, проблеми со спиењето и депресија.

Геомагнетните бури се големи и остри нарушувања на вредностите на магнетното поле на Земјата предизвикани од неговата интеракција со сончевиот ветер. Сопственото магнетно поле на Земјата, кое се создава во нејзиното јадро, создава еден вид штит на нашата планета, во чие отсуство сончевиот ветер би го однел целиот атмосферски слој на Земјата, како што се случило на Марс пред многу години.

Монахиња од Романија тврди – девет години има до крајот на светот❗

Монахиња од Романија, пред тамошните медиуми дала шокантна изјава, во која тврди дека крајот на светот ќе се случи за девет години.

За телевизијата ТелМ, монахињата рекла дека „Света Петка и дала обврска тоа да го соошти на луѓето. Од изјавата има и видео снимка, која може да ја погледнете подолу.

Таа има и објаснување за крајот на светот, кој го поврзува со тоа дела луѓето биле казнети со коронавирусот поради нивните лоши гревови.

-Во 2030 ќе дојде крајот на Светот и Страшниот суд. Светителката ми нареди, кај и да одам, да го објавувам доаѓањето на крајот на светот. За време на овие девет години на светот ќе му биде дадено време да го напушти своето беззаконие, да стане подобар, изјавила монахињата.

Текст на религија.мк