Tag Archives: СветиНаумОхридски

Денеска го празнуваме Преподобен Наум Охридски Чудотворец – Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли.

Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро.

Додека свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните.

Околу свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик.

Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар)

Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули,  а датумот никогаш не се менува.

Празнувањето започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквите и манастирите кои го носат името на светецот “Св. Наум“ да се помолат и запалат свеќа за здравје. Во дворот на црквата стојат со свеќи или некои чекаа да се качат внатре каде има и верници кои се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болни за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.

Имено Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

За животот и дејноста на Св. Наум се знае дека заедно со Св. Климент Охридски се едни од петмината ученици на словенските просветители Св. Кирил и Методиј кои учествувале во Моравската мисија во Рим во 9 век. По смртта на Методиј преку Бугарија дошол во Македонија и брегот на Охридското Езеро го изградил манастирот кој го носи неговото име.

Но, споменот на Св. Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а било во врска со светителот ( лекување болни, скротување на зверови, изградба на манастирот, негова заштита).

Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото за лекување на лица од страна на светителот и подарување на имот на манастирот, за подарување н камбани и и други дарови на манастирот од оние на кои им помогнал.

Кога починал свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај.

Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.

Ликот на Свети Наум се појавил на икона од 18 век на југот во Унгарија – го насликале Македовласите во унгарското царство (Фото)

Марта Наѓ, византолог и професорка на универзитетот „Дебрецин“

Професорката Марта Наѓ зборува по повод шестиот меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“, поддржан од Вишеградскиот фонд, кој се одржа неодамна кај нас. Тоа што посебно импресионира во работата на Наѓ, византолог и професорка на универзитетот „Дебрецин“ во Унгарија, е нејзината мисија. Преку нејзините истражувања на историските артефакти, таа им помага на етничките малцинства во Унгарија да си го зачуваат идентитетот. Забележлив е и нејзиниот придонес за македонскиот народ преку научноистражувачката работа посветена на Св. Наум и неговиот култ во Унгарија, кој е прв и единствен труд од ваков вид во светот.

Како се случи да почнете да истражувате за Свети Наум?
– Се сретнав со ликот на Св. Наум пред повеќе од 25 години, кога правев истражувања во Српската православна црква, лоцирана на југот на Унгарија во Ходмезовашархели. Светецот од Охрид се појави на голема хагиографска икона од крајот на 18 век. Насликан е во полна големина, а во заднината се настани од неговиот живот, лекувања, чуда што ги направил. Сликарот на иконата бил од Москополе (денес Воскопој, Албанија), бил член на тајфа што сликала икони и фрески во Унгарското Царство. Се вљубив во таа икона на Св. Наум. Од тоа време ги собирав неговите цртежи и го студирав неговиот живот. Во 2012 издадов книга со наслов „Култот на Св. Наум од Охрид во Унгарија, како манифестација на сочувувањето на етнички идентитет“. Претходно приредив изложба со сто предмети посветени на 1.100-годишнината од упокојувањето на Св. Наум: икони, резби, текстил, релјефи, емајли. Во септември лани приредив уште една изложба со наслов „Св. Наум од Охрид во унгарската современа уметност“.

Кои се најстарите портрети на Св. Наум и каде може да се најдат во Унгарија?
– Во средновековието култот на Св. Наум процветал во неговиот манастир и околу него. Во 18 век, тој култ бил пренесен во Унгарското Кралство од Ароманите, или како што се нарекувале во унгарските архиви, „Македовласи“. Тоа е етничка група што потекнува од домородните народи на Балканот, Тракијците и Илирите, од една страна, и римските освојувачи од друга. Македовласите донеле со себе во Унгарското Царство икони што го претставувале Св. Наум како најпознат светец во нивната татковина. Сликари, најчесто од македовлашко потекло, биле назначени да го насликаат светецот од Охрид. Тоа бил зографот Митрофан, автор на големата хагиографска икона. На една од граничните сцени од таа икона се јавува Св. Наум како монах заедно со Св. Антониј. Таа икона била насликана во раниот 18 век за црквата „Ракеве“. Тоа е најстарата икона што го претставува охридскиот светец во Унгарија. Во текот на целиот 18 век и на почетокот на 19 век, се правеле икони, фрески, резби и цртежи со неговата претстава.

Како култот на Св. Наум придонесува за зачувувањето на етничкиот идентитет на Македонците во Унгарија?
– Православните емигранти сместени во Унгарското Царство во текот на вековите се асимилирале во мнозинското општество. Денес во Унгарија живеат Срби, Романци, Грци, Бугари и унгарски православни луѓе како православни етнички малцинства. Во скорешната територија во Унгарија тие имаат 63 цркви и 11 капели што функционираат. Како дел од литургијата во Кондакот и Тропарот посветени на Св. Наум, православните верници го чествуваат во неговиот летен ден. Можеме да кажеме дека култот на Св. Наум во денешна Унгарија придонесува за зачувувањето на православната вера воопшто.

Од кои делови и кога Македонците имигрирале во Унгарија?
– Македовласите дошле во Унгарското Кралство главно во текот на 18 век откако нивниот најважен град Москополе бил разурнат од османлиските сили во 1788 г. Доаѓале и по воден пат, по Дунав, и по копно. Во Трансилванија се појавиле два века порано, во 16 век, формирале колонии во градови на раскрсници, централни на транзитни линии, како Токај, Мишколц, Ѓонѓос, Кешкемет Ујвидек (денес Нови Сад). Нивната миграција била од толку голем опсег што градскиот совет на Дебрецин ја изразил следнава поплака во еден од своите предлози: „Во рамките на краток период, ќе мора да се бара Унгарија во рамките на Унгарија, и нашата слатка татковина ќе воздивнува чудејќи се како се претворила од Унгарија во Македонија“.

Кои се најважни иконографски претстави во историјата?
– Во делата, Св. Наум бил насликан и во источен (икони, фрески) и во западен (резба, слики во масло) католички стил. Вкупно 42 претстави му биле посветени на светецот од Охрид. Во 1726, Власите од Мишколц воспоставиле капела во чест на Св. Наум и може да се претпостави дека Македовласите што живееле во Ѓонѓос исто си ја посветиле црквата на Св. Наум. Најголем број од претставите за Св. Наум се зачувани во овие цркви. Но и други православни цркви зачувале негови претстави, како Ходмезоваршахели и Пешта. Денес најголем број од иконите на Св. Наум се изложени во православните музеи во Сентандреј, Кечкемет, Мишколц. Фрески што го претставуваат Св. Наум може да се видат во црквите во Ракева и во Шекесфехервар. Две резби од 1743 г. од Христофор Жефар(ович), нашироко познат мајстор од периодот и регионот, се многу над делата од периодот и се полни со содржина и со висок квалитет. На нив може да се види и македонскиот пејзаж, градот Москополе, езерото во Охрид, манастирот основан од Св. Наум и населбите (Пештани, Заум, Подградец) што го опкружуваат манастирот. Резбарот ги засилува врските на Македовласите кон нивната не сакајќи заборавена татковина и помага во зачувувањето на нивниот етнички и религиозен интегритет. Резбите на Жефар одиграле особено значајна улога во култот на Св. Наум. Пред да се појават тие, култот на Наум бил ограничен на околината на охридскиот манастир. Резбите на Жефар ја кренале таа традиција многу над локален култ.

Дали култот на овој светец се негува во други земји со доминантна католичка и други религии?
– Јас работам во универзитетот „Дебрецин“ во Унгарија. Според тоа што јас го знам, Унгарија е единствената западнокатоличка земја во која се негува култот на Св. Наум.

Дали Св. Климент и Св. Наум биле родени браќа, има ли нови податоци по ова прашање?
– Св. Наум бил еден од седмочислениците, како ученик и сопатник на словенските апостоли, Кирил и Методиј. Учениците ги придружувале своите господари на нивната мисија во Моравија, Рим, Панонија. Но откако стигнале на дворот на бугарскиот цар, изворите не кажуваат ништо за нивната поврзаност. Може да биле многу блиски пријатели. Климент служел на погребната церемонија посветена на Св. Наум во манастирот во Охрид во 910 г.

Има ли луѓе во Унгарија што го носат името Наум, се слави ли неговиот ден во вашата традиција?
– Православните етнички групи во Унгарија го слават во нивните литургиски практики, исто како што правеле и во 18 и раниот 19 век. Досега не сум сретнала православен верник во мојата земја што го носи името Наум. Благодарение на мојата книга, култот во Унгарија е оживеан. Уметниците сликаат икони, прават релјефи и емајли посветени на светецот од Охрид. Пред неколку години, исто така, беше оформен хор „Св. Наум“ во црквата во Мишколц.

Зорица Соломан Костовска, основачка на фестивалот „Богородичен покров“ – текст од весникот НоваМакедонија.

Верувања за Свети Наум Охридски, за моќта да лекува и за време на животот и по смртта

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни.

Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец. Од неговите творби, за кои се претпоставува дека се повеќе, откриено е химнографското дело „Канон за аспотолот Андреј“, а се знае за уште други два канона напишани од него: „Канон на Архангел Михаил“, и „Канон за пренесување на моштите на Јован Златоуст“.

Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Климента. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на брат во духовна смисла – собрат, но повеќемина се убедени дека Климент и Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.


Иако податоци за чудотворната моќ на светителот среќаваме и во житијата за него, што без сомнение биле извор и на народните умотворби, сепак, култот на св. Наум најповеќе е одразен во преданијата раскажувани на овој простор од најстари времиња, значи, уште од времето кога светителот бил жив. Сепак, тие се бележени од средината на деветнаесеттиот век па сè до денес. Најрано ги среќаваме во зборниците на браќата Миладиновци, и Кузман Шапкарев, а подоцна и кај други собирачи на македонски народни умотворби, патеписци, или едноставно кај луѓе што престојувале или пишувале за Охрид и Охридско и посебно за манастирот кој со својата местоположба и со култот на светителот го привлекувал вниманието.

Марко Цепенков, во своите записи за еснафските празници направил и список на празниците што ги служеле разните еснафи во Прилеп. Притоа вели дека чоаџо-абаџискиот еснаф го празнувал 20 јуни, Свети Наум Охридски. Тој и на друго место истакнува дека „Чоаџискиот еснаф го служеше св. Наум од Охрид…“ Во старо време, еден месец пред празникот Свети Наум, праќале од манастирот Свети Наум риби летници подарок на чоаџискиот еснаф и на секој мајстор му се подарувале по една како за покана, за да отидат на поклонение на манастирот. Бидејќи во тоа време еснафот бил во расцвет, на поклонение оделе фамилијарно мајсторите со калфите. Ако пак се случело да не одат, му испраќале парична помош на манастирот. „Јас само 2-3 години го достигнав тоа и после лека-полека паричната помош се прекина, пак и манастирот престана да праќа риби подарок за нашиот еснаф.“

Цепенков, уште во поглавјето за светците, истакнувајќи ги нивните функции вели: „Светците се наредиле на служба: и покрај другите свети Наума го споменува заедно со свети Андонија и свети Спиродона. Свети Наум, свети Андонија и свети Спиродон ‒ да лекуат улаите“.Значи во народното верување овие тројца светители се лекари што лекуваат душевни болести. Инаку, познато е дека меѓу христијанските светители има поголем број лекари, свети врачи, бесребреници (што значи лекувале бесплатно, коишто, лекувале со силата Божја. Такви се светите врачи Кузман и Дамјан, свети Пантелејмон, лекувал и свети Трифун и др. Не случајно со некои од овие свети врачи свети Наум е насликан на фреска во црквата „Света Софија“ во Охрид.
Како што споменавме според Цепенков, односно според народното паметење, свети Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската пословица „Кој за ум, која за Свети Наум“, или пословицата запишана во Прилеп: „Ја ум, ја на сфети Наум“.Лекувањето душевно болни од страна на свети Наум е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име. Вакви сцени се гледаат и на фреските од црквата во неговиот манастир, а на оваа тема се пее и во една популарна охридска песна.

Ќе те носит, Русе, сети Ноум
Таму Џоџе, Русе, ќе те венчат
и на гробот, Русе, ќе ми легнит,
белки умот, Русе, ќе му дојдит…

Во споменот на народот св. Наум останал како чудотворец. И во „Пастирската посланица на охридскиот патријарх г.г. Јоасаф за префрлувањето на празникот на свети Наум од 23 декември на 20 јуни (с.с.)“ се истакнува: „во светите прочуениот и во чудата безмерниот, божествениот и свет отец Наум“. На друго место во истата Посланица се вели: „Затоа секој, што поседува срдечна и добронамерна побожност кон светителот нека дојде на изворите на чудесата на светиот гроб, каде што лежат светите мошти, во неговиот свет храм, на источникот што блика исцелувања ‒ да прими благодет и светост на телото и душата, зашто чудата и благодетите на светиот и богоносен отец наш Наум ‒ чудотворец, толку се многубројни та ги надминуваат и множеството ѕвезди…“ И во „Охридскиот митрополитски кодекс“ во делот „Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“ се споменуваат „свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на неговиот чудотворен гроб“.

Познато е дека на гробот на свети Наум доаѓале и луѓе од други вери, особено муслиманите од Македонија и Албанија. И во писмото што попот Сотир од Љубаништа го носел во областите Подунавје и Романија каде што собирал помош за манастирот се вели: „Притоа знајте господо дека овој свет и на народот корисен манастир, спрема кој Вие го негувате Вашето почитување и верност, па дури и самите неверници достојно го почитуваат и сакаат, како што на сите Ви е познато, уверени во благонаклоноста на оваа надеж…“ Кога се вели неверници се мисли на припаднците на други вери, пред сè, на муслиманите.

Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите Бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат „Сари Салтик баба“ што преведено од турски значело жолтобрадиот татко. Според едно предание, еднаш кога дошле на гробот на свети Наум, неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Кога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.
Интересен бил и начинот на кој се молеле Бекташите (муслиманска секта). Тие кога ќе дојделе во манастирот чевлите ги оставале пред манастирската капија и до црквата се доближувале со метании. На враќање излегувале наназад секогаш свртени со лицето кон црквата и пак со метании.

Во Летописот на манастирот Свети Наум се вели дека водата од изворот „Свети Атанасија“, служела за лекување на болни. „Со миење на водата од овој извор се лекувале луѓето што страдале од очни болести. Летописецот забележува дека многумина нашле спас од овој извор“. За исцелителните својства на манастирот, секако, придонесле и повеќето извори со свети води околу манастирот, што, исто така, се под влијание на светителот. Покрај споменатиот извор „Свети Атанасиј“ такви се уште и изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на Света Петка, итн.

Изворите на Свети Наум

Во книгата за впечатоци посетителите во своите записи уште истакнуваат дека доаѓаат за здравје на поединецот или на целата фамилија, дека за здравје носат поклон (јагне и сл.), дека доаѓаат по јавување на светецот во сон, дека на гробот слушнале „некакво чукање“ итн. итн.

Во житијата, Службата како и во Молитва кон св. Наум се среќаваат податоци за чудата на св. Наум коишто се среќаваат и во народните преданија. На пр., во Првото словенско житие, коешто според некои показатели е пишувано од лице што лично го познавало светителот, зашто на едно место вели „оти јас знам дека повеќе од ова сториле отците и сториле многу чуда, но ова е сè што ни раскажале, а другото го сокрија од своја скромност“. Значи, нивни современик зборува за чуда случени уште додека светителите биле живи. Оттука можеме да заклучиме дека уште живи тие се прославиле со мног чуда. И во Второто словенско житие се споменува овој аспект од животот на светителот. „Бог, пак, го прослави него со големи чуда, и секакви болести и рани исцелува и бесови изгонува“.Во „Молитвата кон свети Наум Охридски исцелител на болни“ молејќи се за здравје на болниот верниците му ја напомнуваат на светителот неговата Божја дарба да лекува болни: „Сега уште ти се молиме и за слугата божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев, или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради грев го снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителе, пред престолот на Господа Кој Те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели“. И во Службата за св. Наум се нагласуваат исцелувањата од моштите на светителот: „Купот на твоите мошти, прочуен Науме, извира исцеленија“, се вели на едно место, а на друго: „Му пееме на Бога, што ни даде лечилиште на душите и на телата, Наума последниот дар од Бога Седржител“.

Но споменот на свети Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а што било во некаква врска со светителот. Собирачите и истражувачите на народните преданија и легенди за св. Наум овие народни умотворби ги групираат во неколку поглавја според нивната содржина (лекување болни, скротување ѕверови, изградба на манастирот, негова заштита итн.) иако тоа е тешко прецизно да се направи поради тоа што во некои преданија се преплетуваат по повеќе мотиви.

Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото, за лекувањето на лица од страна на светителот и подарување имот на манастирот, за подарување на камбани и други дарови на манастирот, итн. Се раскажува за изборот на местото за изградба на манастирот: „Кога починал свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: ʼОна е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогашʼ. Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“, заклучува народниот раскажувач.
Меѓу преданијата и легендите се раскажува и за канењата за панаѓурот, за лебот што се давал пред манастирската порта, а што бил и гаранција за патниците да не бидат ограбувани од разбојниците, за тоа дека св. Наум ги благословил плуговите од Трпејца, воловите од Тушемишта, се раскажува за Охридското Езеро, за лековитиот извор, зошто во Љубаништа не паѓа град, за почитувањето на манастирот од Бекташите, од Еѓупците, за лекување на болни од страна на св. Наум и тоа од најразлични болести, (неми, слепи, луѓе што не можат да одат, душевно болни, итн.). Среќаваме и преданија со верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши, или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе зашто тогаш бил близу и дошол, а ако бил подалеку можело да се случи манастирот да биде претворен во џамија или да бил одземен од страна на бегот.

Се раскажува и за повеќе диви животни што откако направиле штета светецот ги донесол на манастирскиот имот да ја одработуваат штетата. Мечката што го изела волот самата се прегнала да ора додека не се исплати изедениот вол. Кон преданието „Св. Наум и мечката“ Кузман Шапкарев додал: „Слични приказнички и преданија за св. Наумовите чудеса изобилуваат во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението без разлика на вера и народност кои ги манифестира кон св. Наума“. Во некои преданија се работи за волк што ора на местото на волот, а во едно предание волкот што ги изел кучињата самиот дошол да го чува манастирот. А кога манастирските момци го отепале, игуменот ги прекорил зашто тој бил доведен од светецот „за да биде жив сведок за силата на свети Наум“. За преданието за свети Наумовата мечка, но и за интернационалната димензија на мотивот споредбена студија објави словенечки фолклорист Милко Матичетов. Итн.

Во овие народни умотворби се раскажува и за оживување на дете што е во безсознание, за спасен човек во авионска несреќа, за излекување на повреден Германец, за добивање рожба по десет, дванаесет или тринаесет години и по молитви пред светителот, за казнувањето на арамиите што убиле припитомена срна, за казнувањето на крадците, на тие што се мајтапеле со св. Наума, на тие што сечеле во вакафски имот, на тие што сакале нешто да земат од манастирот (бакарно табаче, манастирски маски, манастирска мачка, иконче, прибор за јадење, шише ракија, сребрена виљушка, две гуски, патка, итн.).
Значи, култот кон свети Наум, раширен не само околу манастирот, туку и на многу поширок простор, резултирал со бројни народни преданија и легенди. Тие се создавале во текот на вековите и сè уште се создаваат што од една страна зборува за сè уште живиот култ на светителот, а од друга страна за сè уште живата фолклорна традиција во Македонија.

Тропар

Свети Наум Охридски

Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави не од искушенија.

Св. Наум и мечката

Едно време кога орачите од св. Наумовијот манастир си орале на нивјето, им дошла една мечкаʼ та им изела еден од орачќите волоʼи. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можело веќе да се орат.
Орачот со трчање дошол вʼ манастирот и му казал Егуменотому, оту мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол: „Сега немам, рекол орачот, со шчо да доорам нивата.“ – „Ходи си ти на нива, му рекол Егуменот; тамо ќе си го најдиш волот на плугот, фпрегнат во јаремот.“
Орачот си оʼшол на нива, кога шчо да видит? ‒ Чудо големо ‒ мечката шчо го изела волот, фпрегната била на плугот во јаремот, заедно со друѓијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, фпрегната во јаремот.
И до ден денеска тоʼа чудо стојт написано на иконата св. Наумова и на камењата на стʼрните од мостот Дримски, близу до манастирот.

(Вакви прикаски и преданија за св. Наумовите чудеса изобилува во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението, без разлика на вера и народност, кои тоа ги манифестира кон св. Наума.)
Кузман Шапкарев

Манастирот Свети Наум

Овој манастир е подигнат од св. Наум Охридски чудотворец и го носи неговото име. Попознат е како манастир „Свети Наум Охридски“ иако црквата е посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Во житието на св. Наум се вели дека црквата била подигната на јужниот брег на Охридското Езеро и дека била посветена на светите архангели Михаил и Гаврил. Манастирот повеќепати страдал од пожари и уривање, по што пак бил обновуван. Едно време бил важен просветен центар. Во него во почетокот на 19 век се школувал и Димитрија Миладинов.

Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Подготви Марко Китевски за МИА

Чудотворен молитвеник и духовник, мудар учител – Преподобен НАУМ ОХРИДСКИ Чудотворец

 Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост.

Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро.

Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните.

Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник.

Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Правеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од психички заболувања. Се упокои во првата половина на 10 век.

11 века опстојува манастирот Св. Наум Охридски на Охридското Езеро

Веќе 11 векови на брегот на прекрасното Охридско Езеро, на 29 км од градот Охрид, на една карпа над сините езерски води се издигнува манастирот Свети Наум. Првобитно бил изграден од словенскиот просветител Свети Наум Охридски во 900 година. Манастирската црква им била посветена на светите архангели Михајло и Гаврил. Свети Наум Охридски умрел на 5 јануари 910 година (шест години пред Св. Климет Охридски кој умрел на 9 август 916 година) и бил погребан во Наумовата црква.

Манастирот Свети Наум бил изграден во периодот кога со доаѓањето на словенските просветители Сети Климент и Свети Наум, ученици на Светите Кирил и Методиј, овој крај станал центар на Словенската писменост, духовност и култура, во крајот на 9 и почетокот на 10 век. Со доаѓањето на Свети Климент (во 886 година) и на Свети Наум (во 900 година) во охридскиот крај, овде започнува големата епоха на словенската преродба и создавање на ново културно жариште, почнува златниот век на словенската писменост и култура. На тој начин во подоцнежните децении, овој словенски центар на почвата на средновековна Македонија ќе има мошне големо влијание врз писменоста и духовноста на словенските народи, влијание кое се ширело се до Киевска Русија и Владивосток и подрачјето на Пацифик на источна Азија.

Бројни преданија укажуваат врз фактот дека најголемиот соработник на Свети Климент, Свети Наум се занимавал со благотворна работа, со лекување. За ова наоѓаме потврди низ пушуваниот збор и сликарските дела – на иконите и фреските – посветени на дејноста на Свети Наум Охридски и неговите чуда, кои во народната традиција и денес се мошне популарни и се прераскажуваат.

Проф. Димче Коцо  откривајки ја првобитната Наумова црква, скоро една деценија по епохалното археолошко откритие на Климентовиот манастир во Плаошник во стариот дел на Охрид, реши една нова епохална загатка. Загатка која со децении беше присутна во проучувањата на ова македонски светилиште во текот на 19 и 20 век кај видни балкански и европски научници. Дотогаш проучувањата на Наумовиот манастир се вршеа врз основа сиромашни пишувани извори.

Во науката се познати две словенски житија посветени на Свети Наум. Научните истражувања на проф. Димче Коцо, на Наумовата црква, кои ги започнал во август 1955 година, а продолжија во наредните години, покажаа дека сегашната црква лежи врз темели на една постара црква. Остатоци пак на првобитната црква, по археолошките ископувања и извршената конзервација, повторно беа затрупани. Врз нив е направен нов под, на кој основата на првобитната црква е означен со црн и со бел мермер. Така денес на посетителите на Наумовиот манастир им се пружа прилика да добијат поодредена претстава за првобитниот изглед на Наумовата црква.

За остатоците на Наумовата црква се постави и прашањето за улогата на Климентовата црква Свети Пантелејмон во Охрид во овој најран период на македонската средновековна архитектура. Проф. Димче Коцо соопштувајки ги резултатите од своите проучувања, заклучува дека Климентовата црква Свети Пантелејмон во стариот (ритчест) дел на Охрид послужила како образец за градењето на Наумовата црква, а и за други (триконхосни цркви градени во основата во облик на детелина) во Македонија од овој период, а и во наредниот период. Заклучокот е дека Наумовата црква посветена на Светите архангели Михајло и Гаврил и Климентовата црква Свети Пантелејмон во Охрид биле првите словенски споменици на црковната архитектура за кои се знае во охридскиот крај.

Археолошките ископувања што започнаа во 1955 година, а продолжија подоцна, помогнаа да се расветли и загатката на 

Наумовиот манастир. Првобитната црква во турскиот период била урната. Ископувањато овозможија да се дознаат и редица интересни податоци за доградувањата на црквата во текот на подоцнежните векови. Утвредено е дека промените биле такви, така што наполно бил изменат првобитниот изглед на Наумовата црква.

За повеќе векови на минатот постоеја и постојат празнини за историјатот на манастирот и манастирската црква Свети Наум. Оваа празнина воедно се однесува и на урбанистичкиот изглед на манастирскиот комплекс со сите придружни објекти. Најголем број податоци за манастирот Свети Наум има за 19 век. Имено, сознанијата на истражувачите на манастирот Свети Наум се збогатија во осумдесеттите години на 20 век. Тогаш во научната јавност беше презентиран летописот за манастирот Свети Наум, кој во 1972 година од охридскиот свештеник Фоти Масин го откупи Историскиот архив на Охрид. Желбата на свештеникот Масин била овој ракопис додека е жив да не се публикува.

Летописот е пушуван во втората половина на 19 век од роднините на семејството Масинови од тогашниот секретар и учител во манастирот, Наум Димитрија Петру. Овој документ претставува мошне значаен извор за историјата на манастирот. Петру на должност секретар на манастирот Свети Наум бил поставен во 1855 година. Тој наедно бил учител во манастирот и свештеник и се грижел за економската состојба на манастирот. Значи, станува збор за автор на летопис од кого од прва рака изворно се дознава за многу случувања поврзани за манастирот Свети Наум. Во тој контекст од посебно значење е студијата на д-р Наум Целакоски за летописот на манастирот Свети Наум, прв пат објавена во Зборникот „Наум Охридски“.

Гробната капела на Свети Наум Охридски содржи три големи циклуси на фрескосликарството кои се завршени во 1800 година. 

Во првата зона се наоѓа и композицијата „Успение на Св. Наум Охридски“, кој инаку му припаѓа на циклусот на Наумовите чуда прикажани во втората, средната зона на капелата. Претставите на илустрираниот живот и на чудата на Свети Наум се обликувани според сваќањето на охридската средина во 18 век. Меѓу композициите што го сочинуваат циклусот на животот и чудата на Свети Наум во гробната капела во најновите истажувања најголемо внимание привлекува композицијата „Успение на Свети Наум Охридски“. Опелото на Светителот се извршува пред насликаната архитектура на манастирскиот комплекс. Самата структура пак на композицијата е мошне блиска на прикажувањето на „Успението на Богородица“. Починатиот Свети Наум е положен на одар, а опелото го извршуваат словенските учители Методиј и Кирил, Климент и Горазд, кои се распоредени околу одарот. Меѓу насликаните фигури над одарот се појавува уште една фигура на млад ѓакон, без брада и мустаќи, а со кадилница на десната рака. Тој инаку не е насликан во претставата на „Седумчислениците“ во припратата на Наумовата црква. Како што доаѓа до заклучок д-р Цветан Грозданов, автор на капиталното дело монографијата за манастирот Свети Наум, намената е на идните генерации проучувачи и љубители на македонското средновековно сликарство, зографот Трпо во сцената на „Успението на Св. Наум“, вклучил и лик на уште еден ученик на Светите Кирил и Методиј, поточно ликот на Лаврентиј, кого охридскиот архиепископ Теохилакт го споменува во опширното житие на Св. Климент Охридски.

Во втората зона на Наумовата гробна капела се развива циклусот на животот и чудата на Св. Наум Охридски, кој веќе со споменатата композиција на „Успение на Св. Наум Охридски“содржи вкупно десет сцени и претставува циклус со најголем број на теми илустрирани во ѕидното сликарство во Македонија посветени на Свети Наум. Почнувајки од северната страна споменатите сцени една по друга се насликани по следниот ред: “Впрегнување на мечката во јаремот“, „Вкочанување на монахот што се обидел да го открадне телото на Свети Наум од неговиот гроб“, „Лекување на нернво заболени“, „Крадецот на коњот кој зората ја затекнува пред вратите на манастирската црква“, „Царот Михаил го осудува Свети Наум,“ „Свети Наум го водат во затвор“, „Крштевање на ќерката на царот“, „Казанот остава впечаток во каменот“ и „Свети Наум ги прогонува Богомилите“.

Пет сцени од циклусот на животот на Свети Наум – “Впрегнување на мечката во јаремот“,„Вкочанување на монахот“,„Лекување на нервно заболени“,„Крадецот на коњот“ и „Ведрото остава впечаток во каменот“  и може да се каже дека се насликани според верувањата за чудата на Свети Наум што настанале и се пренесувале од генерација на генерација во кругот на манастирот и во соседните села и населби. Преданијата за Свети Наум имаат долга традиција кај населението околу манастирот и пошироко. Во нив Свети Наум повеќе е познат како чудотворец. Тој прави разни чуда: впрегнува мечка во јарем, наместо волот, кој пред тоа мечката го изела, лекува разни рани и болести, ги казнува крадците…

Секако најпопуларно е преданието за кротење на мечката од страна на Свети Наум, кое кај месното население се разкажува во повеќе варијанти. Наумовото чудо со мечката е прикажано на икони, фрески, а и во рељефи. Но, и она што паѓа во очи е фактот дека ликовните решенија не се поклопуваат, односно не се идентични со познатите варијанти на преданието за мечката и волот. Имено, на фреските во манастирот Свети Наум ова чудо ликовно е обликувано како вол и мечка впрегнати влечат мала кола, со две тркала, какви што и денес се сретнуваат на падините кон Охридското и кон Преспанското Езеро, на планината Галичица

Колкаво значење му се придавало на Наумовите чуда со мечката може да се потврди со изложениот музејски експонат во еден од конаците на манастирот на Свети Наум, каде се чувала пополната кожа на големата мечка. Повеќе преданија на Свети Наум се поврзани со неговата моќ за лекување на рани и разни болести. Особена способност, според народното предание, Свети наум имал при лекување на парализираните делови на човечките тела и тоа: делови кои се сушеле, кои биле немоќни или безживотни. Посебно место меѓу Наумовите чуда, во народната традиција, зазема неговата моќ за лекување на душевно заболените лица.

Игуманот Гаврило, далечната 1662 година, во манастирскиот комплекс на Свети Наум, изградил болница за лекување на душевно заболените лица. Оваа болница се наоѓала до гробната капела на Свети Наум. Се верувало, а и денес се верува дека лековита моќ имал не само Свети Наум, туку по неговата смрт и неговиот гроб во манастирската црква.

Во Турскиот период, во текот на голема селидба на Балканските православни народи (Македонците, Србите и другите) во Унгарија, во Сетандреа и во другите крајбрежни населби на реката Дунав, биле пренесувани сеќавањата за чудотворната моќ на Свети Наум Охридски и Свети Климент Охридски и биле пренесувани и обичајите од родните краишта на Балканот. На прашање “Која Слава славите?“, денес од православните жители во Унгарија може да се добије и одговор: “Го славиме Свети Наум“, или: “Го славиме Свети Климент“.Авторот е новинар на “Нова Македонија” во пензија

Марко го преплива Охридското езеро👏👏👏

ГОЛЕМИОТ ХЕРОЈ – МАРКО ПЕЈЧИНОВСКИ 👏👏👏👏

Златното момче денеска го преплива Охридското езеро во чест на Свети Наум Охридски, чиј празник се прославува на денешниот ден.

За Марко македонската јавност дозна пред три години, кога на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата) успеа да го преплива Охридското езеро.

Тој е вистински поим за ИЗДРЖЛИВОСТ, ПОСВЕТЕНОСТ и ЉУБОВ ❤️

Bo чecт на Св. Нayм, малиот Марко плива од Охрид до прекрасниот манастир (Видео

домаЖивот

Bo чecт на Св. Нayм, малиот Марко плива од Охрид до прекрасниот манастир (Видео)

од страна на markukule– 03.07.2021    

Малиот Марко Пејчиновски од Охрид, кој пред 3 години на само 12-годишна возраст направи огромен подвиг, препливувајќи го Охридското Езеро, денеска одново плива од градот до манастирот Св. Наум.

И покрај инфapктот на кocка во долните екcтpeмитети, Марко тогаш успеа да го оствари својот сон, а денеска во чест на Св. Наум Охридски Чудотворец, Марко плива од градското пристаниште до прекрасниот манастир.

„Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, стои во објавата.

https://fb.watch/6w7fjBIRaH/

https://fb.watch/6w7h0RpwSf/

Моќта и 7-те чуда на Свети Наум Охридски, денеска е голем празник

За чудата кои се случувале во манстирот Свети Наум Охридски Чудотворец постојат многу сведоштва.

Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец:

-Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша:

Каде сум ?

Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа:

– Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата.
Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома.
По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога!

Светителот не дозволува да го украдат

Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал.

Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот.

Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.

Обителта на свети Наум и кога страда никогаш не оскудува

Огромен број луѓе ја посетуваат обителта на свети Наум. Во турско време манастирот уште служел и за одмориште и преноќиште на сите патници од Македонија и од Албанија за Македонија. Но и покрај сето тоа манастирот никогаш не оскудувал. Имало случаи, манастирот да дојде во крајна беда, но тогаш је изненадно пристигала и чудотворната помош на светителот.
Така една година удрила болест на овците, па пцовисале многу овци и сите овни. Се загрижил игуманот, каде да најде овни за преостанатите овци. И баш кога бил во најголема грижа, дошол човек од село Лесковец кај Преспа и донел четири овна на дар на манастирот. Кога ги предал овните на игуманот му раскажал, што го натерало на такво дело. Му се јавил свети Наум на сон и му рекол: не е право ти да имаш толку овци, а јас да немам. Твоето е само твое, а моето е и народно. Донеси неколку овни во мојот манастир. Кога човекот се разбудил од сонот, сторил онака како му рекол светителот.

Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:

Прво чудо

Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.

Второ чудо

Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.

Фото
Трето чудо

Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.

Четврто чудо

Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.

Петто чудо

Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.

Шесто чудо

Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.

Седмо чудо

Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото.

Инаку Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.

Тој беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.

Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.

Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, а култот за него започнал да се шири во Македонија, во јужнословенските средина, како и во Бугариjа, Албанија и Грција.

Свети Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе, особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки се зборува дека направил многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како онаа на која е претставен како ја впрегнал мечката да го влече плугот наместо волот што го изела. Импресионираат и другите сцени од животот и чудата на Свети Наум Охридски кои се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис : “Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телото на Свети Наум од неговиот гроб” “Лекување на нервно заболени” “Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква” и “Ведрото остава вдлабнатина во каменот”.

Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата мака. И денес тука секојдневно доаѓаат намерници, не само од христијанската вера, да остават дар, курбан и да се поклонат на гробот на големиот светец кој се смета дека има чудотворна моќ. Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни необични случки што ги доживуваат во Свети Наум. Една таква необична појава со својот мобилен телефон забележала туристка од Србија. На фотографијата се забележува силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува

Во црквата се наоѓа и гробот на св. Наум Охридски и многу луѓе од разни вери и националности го посетуваат и бараат исцеление. Околу манастирот има повеќе свети води, Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.