Tag Archives: тепање

Дилерско-криминална пресметка? – На Пендиков му ја скршија вилицата, а пред еден месец бил ФАТЕН СО КОКАИН

Синоќешното претепување на охриѓанецот Христијан Пендиков во кафеана во градот, во кое тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата, наликува на дилерско-криминална пресметка, и покрај тврдењата на бугарските власти дека Пендиков бил претепан затоа што е секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“, пишува „СДК.мк“.

Повредениот Пендиков, според билтенот на охридската полиција, бил приведен на 17 декември минатиот месец во близина на селото Лескоец, кога добил и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. Од полицијата велат дека тогаш на Х.П. (22) од Охрид при преглед му бил пронајден кокаин.

Според СДК, и тепачите кои синоќа му ја скршиле вилицата на Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, и тоа во повеќе наврати.

Бугарското МНР најави протестна нота поради инвидентот со Пендиков, тврдејќи дека тој бил нападнат поради тоа што е секретар на бугарскиот клуб. Повредениот попладнево со авион на бугарската влада е пренесен во Бугарија на лекување. Тројцата напаѓачи се уапсени.

Според очевидци во охридската кафеана, синоќа околу 22.30 часот прво избувнала расправија меѓу тројцата напаѓачи и Пендиков, кој веќе бил во локалот кога дошле тие. Веднаш штом влегле во локалот, Х.П. почнал да ги пцуе и навредува, по што тие го извадиле надвор и во свој стил, познат и на полицијата, и на охриѓани, го натепале и му ја скршиле вилицата, велат очевидците, додавајќи дека не бил кажан ниту збор за политика, Македонија, Бугарија, а немало ни говор на омраза на овие теми.

Претепаниот секретар на бугарскиот клуб од Охрид е пренесен на лекување во Софија со АВИОН !

Христијан Пендиков – претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, е пренесен во Бугарија со владиниот авион „Фалкон“, јавуваат бугарските медиуми. Двајца лекари и една медицинска сестра од Воената медицинска академија во Бугарија го придружувале повредениот. Неговата состојба според тамошните медиуми е сериозна и му претстои операција.

Медиумите известуваат дека нападот врз 21-годишниот Христијан Пендиков синоќа го извршиле три лица.

Според европратеникот Андреј Ковачев, тој бил претепан и нападнат затоа што е Бугарин. МНР и претседателот Румен Радев го осудија чинот на насилство и потсетија дека наведените амбиции на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија се во спротивност со реалноста, стои во написите.

„Властите во Македонија треба да преземат многу решителни мерки за да се надмине оваа атмосфера на омраза, дискриминација и закани кон секој кој отворено го декларира својот бугарски идентитет и своето бугарско потекло“, рече Ковачев.

„Претседателот Румен Радев уште еднаш ќе го предочи на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа, прашањето за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија“, е наведено во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Тројца охриѓани го претепале секретарот на бугарскиот клуб ,,Цар Борис Трети”

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

Ковачев потсети дека пред само неколку дена во медиумите на РСМ беа дистрибуирани фотографии од оние кои учествуваа во прославата на Мара Бунева со повик „да им се згорчи животот“.

„Османи ми рече дека сите тројца напаѓачи се идентификувани. Тие не можат да останат неказнети. Предметните млади ги учеле на училиште дека Бугарите се фашистички окупатори и асимилатори. Дознав дека едно од момчињата е спортист кој освоил некоја титула. Знаеме и кои се тие формации – противници на клубот“, резимира Ковачев, додавајќи дека синоќа тој се обидел да разговара со истепаното момче, но не успеал, бидејќи жртвата е скршена вилицата.

Случајот со нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид го потврди и македонското МВР, од каде излегоа со соопштение за настанот:

 Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.

Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ВЕЛЕШАНКА си ја натепала СВЕКРВАТА, па СИНОТ, па СОПРУГОТ и на крај и ПОЛИЦАЕЦОТ

Вистинска семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена во сопствениот дом нападнала тројца од семејството, а при интервенција и еден полицаец. СВР Велес со детали за настанот.

„На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници, информираат од СВР Велес за Прес24.

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека  ќе следи соодветна пријава.

(Видео) Салиу: Миле не го покажа пе*исот само на една новинарска екипа, туку на сите институции кои му дадоа државјанство

Ете, Миле не го покажа пенисот само на една новинарска екипа, туку на сите инстуции кои му дадоа државјанство на руски олигарх за месец дена додека стари жени од по 60,70 години не можат да добијат државјанство затоа што се ‘’опасност за државата‚‚.

Миле не го удри само мојот колега снимател, туку удри врз целата новинарска фела која со месеци ги чека промените во Кривичниот законик со кои нападот врз новинарска екипа би се сметал како напад врз службено лице.

Македонија е класичен пример на нефункционална државата.

(фејсбук статус на Фуркан Салиу)

Хорор во училиште во Врање – Ученици биле тепани, врзувани и ги терале да шетаат голи низ училница

Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“.

Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување.

Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат голи низ училницата и сето тоа го снимиле со своите мобилни телефони.

Според сознанијата на порталот, случајот кај надлежните органи бил пријавен во вторник на 10-ти ноември, а за се е известен и Центарот за социјална работа.

Случајот се случил во училницата, кога најпрвин малолетниот ученик удрил малолетник и го принудил да удри со главата во училишната клупа, додека на друг ученик му стегнал јаже околу вратот, додека друг возрасен ученик го удрил во пределот на главата.

ВЕЌЕ НЕ ИМ Е СМЕШНО: Црно им се пишува на медицинските сестри кои ја малтретираа бабичката во старечкиот дом

Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.

Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.

Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.

Според снимката која вчера беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како медицинската сестра Пелај ја удира со шлаканици и клоци постарата жена додека другите две медицински сестри се смееја и го снимаа целиот настан.

Медицинската сестра-монструм која на својот Фејсбук профил му се извини на семејството на старицата за својата одвратна постапка, истото го стори и нејзиниот татко кој побара од правосудните институции „да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои ѝ се товарат“.

„Здраво, јас се викам Аурона Пелај, полицијата ми дозволи да го напишам ова писмо и јавно да се извинам за тој одвратен гест што го направив вчера. Сите прават грешки. Официјално му се извинувам на семејството и на сите Албанци“, објавила на својот Фејсбук профил медицинската сестра која безмилосно ја тепаше старицата сместена во дом за стари лица во Пеќ.

Уапсена и трета медицинска сестра по тепањето на жената во домот!

Трета медицинска сестра е уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа е малтретирана старица во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, Косово, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ, пренесува „Репортери“.

– Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјавил Гаши за новинарите.

Портпаролот на полицијата во Пеќ нагласи дека случајот е веќе префрлен во секторот за тешки кривични дела.

По објавувањето на видеото, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител на Основното обвинителство во Пеќ ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против лицата инволвирани во делото.

Вознемирувачко видео! Медицински сестри тепаат бабичка, се смеат додека плаче и ја снимаат во дом за стари лица во Пеќ

Портпаролот на полицијата на Пеќ Фадиљ Гаши ја потврди веродостојноста на видеоснимката која деновиве се шири по интернет. На снимката медицинска сестра ѝ влепува шлаканици на штитеничка на домот за стари лица, а други сестри се смеат и снимаат додека кутрата жена плаче.

Кога ќе се обиде да се одбрани, сестрата ја удира со колено по стомак.

Гаши информира дека медицинските сестри се приведени, а обвинителството во Пеќ веќе подготви обвинение за кривично дело „напад“ и „помагање во извршување на кривичното дело напад“.

Видеото е многу вознемирувачко!!!:

https://fb.watch/gyE4cz6U_U/

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Зоран заради тебе е во затвор! КРВНИЧКО тепање дете

Снимката од малтретирање девојченце, која кружи на социјалните мрежи, ја вознемири цела Србија! На грозоморното видео може да се види како жена брутално тепа беспомошно девојче на возраст од околу една и пол година. И додека со едната рака го држи девојченцето за рачињата, со другата безмилосно го удира.

-Нашиот Зоран е во затвор заради тебе. Тоа ти е за Зоран, вика жената додека го тепа детето.

На крајот грубо го фрла на под. На видеото се гледа уште едно дете кое цело време плаче.

– Се уште не сум готова. Цел ден ќе те тепам, вика жената додека девојчето се бори за здив.

Местото и времето на снимањето засега не се познати.

Видеото е вознемирувачко и можете да го погледнете ОВДЕ.