Tag Archives: тепање

Габриел Бајрам осуден на 3 месеци затвор за тепање келнер и фрлање шишиња

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, признал вина за насилството сторено во скопски ресторан, објави А1он.

Кривичниот суд му изрече три месеци затвор за фрлањето шишиња и чаши кон келнер. Осуден е и неговиот син, кој доби условна казна. Габриел Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.

Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот.

Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело.

Бајрам, кој веќе помина еден месец во притвор во затворот во Шутка, правосилноста на одлуката ќе ја чека во домашен притвор.

Во казната му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор. 

Живoтoт ни e aгoнијa, тaткo ми eм има kaнцep, ем е тeпaн, ем е тужeн

Актерот Стефан Петровски и сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, тврди дека целото негово семејство е под огромен психолошки стрес и доживува траума, затоа што неговиот татко, Бранислав Петровски откако беше претепан и му беше скршен черепот, сега добил и приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој на суд го признал тепањето. Згора на се, претепаниот човек, со години се бори со канцер и прима хемотерапија.

Кривичниот суд Скопје, врз основа на признание на вина, го осудил бизнименот три години условна казна, затоа што со умисла тешко телесно го повредил Бранислав Петровски додека тој со џогер го чистел плочникот пред својот бизнис. Тогаш бизнисменот ја зел в раце металната табла пред дуќанот и му ја фрлил до влезот. Потоа Бранислав Петровски му се обратил со зборовите „Ти не си тој што треба да ми каже дали треба да поставам реклама или не“. Потоа, според пресудата, бизнисменот почнал да го удира со тупаници по главата и лицето, по што Петровски се здобил со набијна повреда, скршеница на јаболчната коска, скршеница на синусот со крвен излив на него, крвен подлив под левото око и истекување на течност низ носот.

Во пресудата пишува дека бизнисменот се кае и дека му е жал што се вовлекол во таква состојба и изречена му е условна казна од три години. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, бизнисменот приватно кривично решил да го гони истепаниот Бранислав Петровски. Притоа, како што тврди синот на претепаниот скопјанец, Стефан Петровски, – бизнисменот бил и да извади лекарско уверение кое се однесува за истиот настан, и тоа го направил месеци откако настанот завршил.

Тој е разочаран од правдата во државата, и прашува како за ист настан може да има две пресуди, едната дека бизнисменот го тепал татко му, а втората да се води постапка дека сеслучило обратно.

Целиот видео разговор со актерот Стефан Петровски во кој тој ја раскажува семејната агонија, погледнете го во продолжение Слободен печат.

Наставник кој физички нападна ученик во основно училиште во Бутел ќе оди на дисциплинска комисија

Овој случај е пријавен во полицијата.

На видеото кое е објавено на социјалната мрежа „ТикТок“ се гледа како возрасен човек тепа дете во училница. Прво му удира две шлаканици по лицето, на двата образи, одеднаш, а потоа го зграпчува и го крева во воздух и го спушта на земја.

Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврди дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот повеќе години предавал во тоа училиште.

Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.

Пpeтепаните Срби со тешки повреди завршија во болницa, косовските сили демантиpaaт дека ги нaпaднале

Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички продолжуваат да протестираат на северот на Косово и Метохија, во близина на премините Јариње и Брњак, каде што се распоредени специјалните единици Росо.


Вечерва на Брњак е мирно, а претходно денеска имаше инцидент кога специјалните сили на РОСУ претепаа тројца Срби. Според очевидци, нападот врз Србите не бил испровоциран од ништо. Србите наскоро беа префрлени во КВЦ Косовска Митровица, а двајца од нив имаат сериозни повреди. Косовската полиција негираше дека користела сила.
Северниот дел на провинцијата с still уште може да се стигне само пеш.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека бил сведок на бруталната и застрашувачка употреба на сила од страна на припадниците на специјалните единици РОСУ, кои тепаа тројца српски млади момчиња во близина на административниот премин Брњак, и посочи дека Албин Курти беше директно одговорен за денешниот страшен инцидент …


„Зоран Томовиќ, Јован Таков и Драгиша Влашковиќ беа нападнати и тепани без причина, тие никогаш не провоцираа, туку станаа цел само затоа што се Срби“, истакна Петковиќ во изјавата.


Тој посочи дека од почетокот на кризата, Белград повика на воздржаност и мир, а Србите од северот на Косово и Метохија, кои само го бранат правото на слобода, никогаш не наведоа причина за таква употреба на сила, исто така бидејќи нема да се толерира физичко насилство, малтретирање и напад врз српскиот народ на Косово и Метохија и секој мора добро да го разбере тоа.

ТЕПАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Колешки се фатиле за коса 😦

На 20.09.2021 во 12:45 часот во СВР Скопје, М.Р.(35) од Скопје пријавила дека околу 11:40 часот во основно училиште на подрачје на Чаир, каде била вработена, по претходно недоразбирање била физички нападната од нејзина колешка С.В.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Детето едвај врисна и остана без здив, ги преврте очите и беше неподвижно: Инцидент на плажа во Охрид

Малолетно дете било претепано од возасен човек на плажа во Охрид.

По нападот, детето речиси се онесвестило, поради што морало да интервенира и брза помош.

Две деца почнаа да се расправаат во вода. Ги раздели една жена и на излегување по скали од мостот повисокото го стигна помалото со клоца. Една жена претпоставувам мајка на тоа што ја удри клоцата за да го укори синот му удри шамар и тоа падна. Во истиот момент братучед на помалото што ја доби клоцата додека беше паднато детево со патики и јак шут го издиша неколку пати. Страшно беше детето едвај два пати силно врисна и остана без здив, додека дојде брза помош два пати превртуваше очи и беше неподвижно. Со рака една вработена му го вадеше јазикот да не се удави. Се испотресовме сите. Цело време пред мене стои сликата на детенцето – потресено раскажува очевидец за „Охрид1“.

Инцидентот се најде и во билтенот на МВР

ЛОПОВ за кутија цигари, тепал вработен во трафика

Вчера во 20: 30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.С.(43) затоа што во 17: 20 часот во трафика на место викано „Берза“ во Кичево со остар предмет го повредил вработениот и одзел цигари.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Boзнемирувачко видeo: Пpeтепaa дете во автобус на ЈСП и се снимaa на Тик Ток

Профилот „Две ѕвезди“ на Твитер редовно споделува вознемирувачи видеа на социјалната мрежа поврзани со кривични дел снимени и објавени на Тик Ток.

Последното видео објавено од профилот покажува напад врз малолетник во автобус на ЈСП додека други снимаат, во истото видео има и дел посветен на полицаец кој среде работно време во униформа игра на апарати во казино.

Погледнете:

-Додека некој тепа деца во автобус на ЈСП(видео 1),други си играат на казино апарати со униформи(видео 2). Јасна слика за напредни стандарди.