Tag Archives: трошоци

„Функционерите си го гледаат само НИВНИОТ ИНТЕРЕС, затоа си ги зголемија САМО НИВНИТЕ ПЛАТИ!“

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка. 

И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78 проценти месечно, велат од ССМ.

Минималните трошоци во февруари 50.909 ДЕНАРИ, ПЛАТИТЕ СТОООО!

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци.

За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Македонскиот народ живее во сиромаштија. Огромен број на семејства не можат да си дозволат да ги покријат ниту основните трошоци!

(Видео) Граѓаните бараат ДА СЕ УКИНАТ ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците: Ако можеме ние со 10.000 да живееме, можат и тие со 100.000!

За 11 месеци 73 пратеници земале 360.000 евра, односно околу 21.960.000 (дваесет и еден милион деветстотини и шеесет илјади) денари. Пратениците се од сите политички партии, освен од Левица, чии пратеници не пријавиле патни трошоци.

Сумата е астрономска, особено ако се земе предвид дека Собранието во 2022 година работело само 88 денови, а одржале точно 50 седници, како што покажуваат собраниските извештаи за минатата година.

Пратеничката група на СДСМ “лапнала” 133.000 евра, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ 132.000 евра, останатата сума ја делат останатите пратенички групи, пред се албанските политички партии.

Групите се едно, а поединците од групите сосема друго. Пратеници земале патни трошоци како секој ден да ја обиколуваат Македонија.

Екипата на Инфомакс направила анкета на која граѓаните се јасно против патните трошоци, проследете ја:

ЦЕЛ ТЕКСТ ТУКА

Пратеник ги правда патните трошоци… Немаме службени возила, сами менуваме гуми, сами ги регистрираме возилата…

Во оваа владина реконструкција се влегува со единствена цел, да се заштити позицијата на власта. За жал имаме една криминална влада која се занимава само со распродавање, без разлика дали се тоа национални интереси или криминални тендери. Гледаме како неизбран премиер предлага реконструкција на влада. Практично хаосот од извршната власт се пренесува во Собрание, ова во интервју за „Макфакс“ го истакнува Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува Лефков.

„Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков.

Се живее ли еден месец со 500 евра?

Потрошувачката кошница продолжува да расте. Во септември е зголемена за 50 денари во споредба со август, а од почетокот на годината за 743 денари, пресмета Синдикатот. За да ги задоволи основните месечни потреби на едно 4 члено семејство потребни му се 34.393 денари. Половина од парите се само за храна и пијалоци, остатокот за домување. За здравје граѓаните издвојуваат најмалку – 740 денари месечно. Платите се ниски и не го следат растот на цените на производите, ниту пак порастот на просечната плата, велат од Синдикатот. За да можат да преживеат домаќинствата каде е вработен само еден член и зема минимална плата, од 15.200 денари, од ССМ бараат измени во законот, каде минималецот ќе го следи порастот на просекот.

– Не може минималната плата да се пресметува еднаш годишно, само во март, а просечните плати бележат пораст секој месец. Бараме да може минималната плата да се усогласува со порастот на просечната плата, како и да го следи растот на трошоците за живот, кои од месец на месец се се повисоки. За да може едно 4 члено семејство да преживее, а зема минимална плата, барем таа да изнесува 60% од просечната, изјави Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Според последните податоци на статистиката, просечната плата во јули изнесува 28.540 денари. Ова значи дека во семејствата каде има еден вработен, им недостасуваат 5.853 денари. На оние пак, кои земаат минимална плата и имаат еден вработен, месечно им недостасуваат нешто над 19.000 денари. Како се зголемуваат трошоците, така расте и задолжувањето. Вкупно граѓаните на банките им должат нешто над 3 милијарди и 200 илјади евра или теоретски секој жител е задолжен по 1.600 евра.

Прилог на Сител тв

Четиричлено семејство во август потрошило повеќе за 214 денари, со ученик во семејството плус 8.000 денари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.

Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци – 14.633 денари, а за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни биле 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

– Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 проценти и тоа кај зеленчукот 15,8 проценти, сирењето и урдата 1,1 проценти, месото 0,9 проценти, лебот и житата 0,7 проценти и млекото исто така за 0,6 проценти итн. Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8.000,00 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште, велат од ССМ.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

– Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница. Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните, предупредуваат од ССМ.