Tag Archives: Турција

Кученце е спасено од урнатините во Турција (Фото)

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.

Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините. Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.

Детенце од Сирија го воодушеви светот – По 30 часа извлечено од урнатините (Видео)

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во Турција и Сирија бидејќи бројот на загинати од разорните земјотреси надминува фрапантна бројка од 16.000 луѓе.

Многу потресни видеа кружат на социјалните мрежи, но една насмевка го воодушеви целиот свет.

Момче од Сирија, кое помина 30 часа под урнатините, ја воодушеви планетата со својата насмевка откако спасувачите го извлекоа.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи спасувачките напори на мултинационалните спасувачки тимови се забрзуваат во услови на ледени и бурни временски услови.

Во Сирија, каде здравствениот систем и инфраструктурата беа уништени за време на 12 години војна, вестите за бројот на жртвите доаѓаат побавно.

Спасувачите кои го спасија момчето плачеа и се радуваа бакнувајќи го 🙁

55 часа по земјотресот спасено е уште едно бебе (Видео)

Во Турција од урнатините е спасено уште едно бебе. Бебето било 55 часа под урнатините.

Спасувачите викаа „Господ е голем“ и почнаа да го бакнуваат бебето.

Видео:

Белгиски овчар и лабрадор им помагаат на нашите војници од АРМ во спасувањето во Турција (Фото)

Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Турција, во  текот на денешниот ден ги почна активностите за преребарување и извлекување на жртвите, соопштија од Армијата.

„Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили  и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во урнатините.

Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Турција.

Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки животи, каде секој момент е драгоцен, даваат и  службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди“, се вели во соопштението од Армијата.

Повеќе од два шлепера донации собрани на пунктот на плоштад – Набрзо ќе се испратат за Турција

Вечерва или најдоцна утре треба да тргне првиот дел од хуманитарната помош за Турција што граѓаните и фирмите ја донирале пунктот, кој група волонтери го поставија на плоштадот Македонија. Досега се собрани повеќе од два шлепери донации. Мнозинството од волонтерите, кои ја организираа помошта, се млади луѓе од Турција кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или немаат никаква вест за нив по катастрофалниот земјотрес.

Ова го правиме сосема доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Турција со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Турција. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови и во текот на денот се очекува да се соберат уште толку донации. Очекуваме вечерва или најдоцна до утре да тргне првиот дел на помош, вели во изјава за МИА, Биљал Џандемир, еден од волонтерите.

Граѓаните донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и у други потребни работи за луѓето погодени од земјотресот, додека донации во пари не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

Од тие што работат како волонтери, 95 проценти се студенти од Турција кои студираат тука, но има волонтери Македонци, Албанци, Босанци. Голем број од студентите што ни помагаат изгубиле семејства, роднини во земјотресот или не можат да добијат никаква вест околу нив. Тие се обидуваат со сите нивни можности да помогнат – истакна Џандемир.

Покрај овој пункт, низ Скопје се отворени и неколку други на повече локации како што се Старата чаршија, Гази Баба, Рамстор и на други места.

Бифе Тафталиџе со „ХУМАНО КАФЕ“ – Доаѓаш, нарачуваш кафе, праќаш СМС на 143-400 и КАФЕТО Е ПЛАТЕНО !

Бифе Тафталиџе со хумана акција за бесплатно кафе ако дојдете и донирате за помош за Турција и Сирија на достапниот телефонски број.

Алал да вие!

Фрапантен е бројот на загинати – Повеќе од 9.600 починати луѓе во Турција и Сирија

Бројот на жртви продолжува да расте по разорниот земјотрес што предизвика големи разурнувања во Турција и Сирија. Спасувачите работат дваесет и четири – седум за да ги ослободат луѓето затрупани под урнатините.

Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

Спасувачите буквално со голи раце се обидуваат да продрат под урнатините за да ги спасат луѓето.

Но, во трагедиите се случуваат и чуда па така и новороденото бебе под урнатините кое беше спасено од страна на екипите, дсава надеж дека животот продолжува.

Но, и премногу мајки се во жалост од нивните прерано загинати дечиња, светот буквално чувствува со тагата на Турција, а помошта е добредојдена од секаде.

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГИ СКРШИ СРЦАТА: Татко ја држи за рака својата мртва ќерка закопана во урнатините

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

Покрај последователните потреси, спасувачите имаат голема борба и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.

Една од најтрогателните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.

ИМАШЕ МОЌ НА 130 АТОМСКИ БОМБИ: Научник објави морничав звук од разорниот земјотрес

Турција официјално побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од земјотресот, од кои најсилниот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што се случи во понеделникот во 2:17 часот по средноевропско време. Покрај уште еден земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во понеделникот во југоисточна Турција се регистрирани дури 185 последователни потреси. Неколку земјотреси беа забележани во вторникот рано наутро. Најсилниот, со јачина од 5,5 степени е забележан во 4 часот и 13 минути.

Хамдула Ливаоглу, научник од Универзитетот во Коџаели, го објави застрашувачкиот звук произведен од разорниот земјотрес што ја погоди Турција во понеделникот рано наутро.

Видео:

7,7 büyüklüğündeki depremin sesi#Kahramanmaraş Pazarcık’ta meydana gelen 7,7 büyüklüğünde depremin sesi ortaya çıktı #deprem https://t.co/EwTv4SIyZD pic.twitter.com/uuyivEBmZh

— Habertürk (@Haberturk) February 6, 2023

– Човечкото уво не може да слушне фреквенции помали од 20 Hz. Фреквенциите на сигналот за земјотрес се исто така типично помали од 20 Hz. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот на земање примероци и сеизмограмот се компресира. Така, фреквентната содржина е подигната до праговите што може да ги слушне човечкото уво – објасни Ливаоглу за Хабертурк.

Професорот Овгун Ахмет Ерџан, познат турски геофизичар, објави дека првиот земјотрес што ја погоди Турција имал моќност од 130 атомски бомби.

Малата Зехра е ХЕРОЈ: По неколку часа под урнатините излезе ЖИВА (ВИДЕО)

Малата Зехра е херој на денот во трагичниот ден во Турција. Таа неколку часа поминати под урнатините излезе жива со помош на спасувачките екипи. Ова е снимено во провинцијата Кахраманмараш која е најпогодена од силниот земјотрес во Турција.

Турција прогласи 12 дневна жалост поради големата катастрофа, која ја погоди и Сирија. Во двете држави жртвите и повредените се бројат во илјадници, а нивната бројка за жал расте од час во час.