Tag Archives: ТВ

Почина ТВ водителот кој ја имаше најтешката задача да соопшти дека: „Умре другарот Тито“ (ВИДЕО)

На 79 годишна возраст почина Мирослав Лилиќ, кој имаше 43-годишна телевизиска кариера.

Остана забележан по тоа тоа што нему му припадна должноста да ја прочита веста за смртта на Јосип Броз Тито.

Во 15 часот и 5 минути на 4 мај 1980 година во загрепското студио тој соопшти:

„Умре другарот Тито“.

Иако што отсекогаш се опишувал себеси како тремнаџија, и тогаш бил многу нервозен, толку многу што облекол погрешна облека – јакна од еден колега, вратоврска од друга.

„Во 17 часот почнав да се облекувам, во 19 часот требаше да има вести…“ велел Лилиќ за настанот од пред 43 години…

ОБЈАВЕНА ГОСПОЖАТА КОЈА ИЗБРКА ДЕТЕ СО ДИЈАБЕТ и родителите од јавен простор, за да наместела за роденден (Фото)

Додека се зборуваше на телевизија за сериозна тема, за проблем со кој се соочуваат децата болни од дијабетес, на јавен простор, избркани пред камери родителите, детето и новинарската екипа. Причината мајката го спремала летниковецот за роденден.

Социјалните мрежи вријат од коментари, откако екипата на Алфа ТВ снимала прилог за проблемите со кои се соочуваат децата болни од шеќер во Македонија.

– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?, праша новинарката.-Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината, одговори мајката.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир, кажа новинарката.

–Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се, возврати мајката.

– Нека му е среќен роденденот на синот, а ние ќе снимаме на друго место, заврши новинарката.

Со расплакано дете, од летниковецот под сенка, телевизиската екипа и родителите заедно со малата Бисера, се преместиле на друго место на пеколните темепратури.

Имено на социјалните мрежи сеуште реакции за стореното, се објавуваат фотографии од госпожата од летниковецот:

На следниов ЛИНК може да видите за кого се работи.

И на каналот на Телеграм.

https://t.me/bulevar_mk/101

СПОРЕД ЗАКОН ДРСКАТА ГОСПОЃА МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДО 3 ГОДИНИ ЗАТВОРСКА КАЗНА

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сме вознемирени и крајно разочарани од случувањата при снимање на прилог на Алфа кога граѓани се дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил.

Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот. Дополнително, попречувањето е направено во процес на снимање на тема за подигање на свеста за многу горливо и сензитивно прашање за граѓаните и општеството, како што беше темата во прилогот, што дава нехумана тежина на чинот кој е за секоја осуда.

„Дрскоста и елементарното отсуство на емпатија кон колегите и кон гостите во прилогот на Анастасија Богдановска – Илиевска од страна на „славениците“, кои и да се, не смее да остане незабележано, па и несанкционирано особено што станува збор за јавен простор кој никако не може да биде даден во владеење, па нека е и времено, на група граѓани“, се вели во соопштението од синдикатот.

ССНМ ја осудува постапката на граѓани кон нашите колегите затоа што освен попречувањето во работата, колку и да не е опасно во овој случај, станува збор за загрозување на безбедноста на новинарите и медиумските работници.

„Само да потсетиме и да предупредиме, попречувањето на новинарите во вршење на нивната работа е казниво според член 139 од Кривичниот закон, кој таквото дело го препознава како попречување на службено лице во вршење на неговата работа за што е предвидена казна од шест месеци до три години. Воедно ги охрабруваме нашите колеги да пријавуваат до надлежните вакви и слични инциденти, бидејќи колку и да изгледа безопасно, толку може да охрабри други уште поагресивно да се однесуваат кон новинарите и медиумските работници додека се тие на извршување работни задачи“, порачуваат од ССНМ.

Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?

Владиката Петар ќе отвора телевизија, откако добил дозвола за тоа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нова телевизија на релгионално нив во Скопје, објави Фактор.мк

Барањето за дозвола го поднела компанијата „Преобразба“, а нејзин основач, сопственик и управител е Петар Каревски.

Фактор пишува дека дозволата издадена од АВМУ е за телевизија со општ формат, како што се претежно сите телевизии во Македонија. Треба да се емитува преку кабелските оператори на регионално ниво во Скопје кое ги опфаќа и и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Скопскиот регион е најголем и економски најјак.

Но, за старт на телевизијата е потребно правното лице, односно фирмата на Владиката да ги исполни условите, кои бараат прилично голема инвестиција.

Владиката Петар изминатиов период во јавноста го обвинуваше Бигорскиот манастир дека му се мешале во ингеренциите во епархијата, па оттука лоѓично е прашањето зошто изборот за работа на телевиизјата е Скопје, а не Битолскиот регион, каде тој е владика.

Со оглед на тоа дека станува збор за општо формат на програма, тоа подразбира и информативна програма, што може да биде прилично дискутабилно со оглед на улогата во општеството што ја има сопственикот на телевизијата.

Хит видеа – Колку е ова слатко БРАВО !

На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.

За време на новинарските прашања Џамбаски телевизија Алфа ја нарече про-српска телевизија, а потоа новинарот го запраша:

„Господине Џамбаски која е вашата тежина кога вие како партија и како човек не можете да влезете во парламент во Бугарија, а не па повеќе?“

Кога фаца како Џамбаски ти го руга медиумот кај што работиш, значи медиумот е на правиот пат – напиша Матеја Петровски.

Видео:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1399449644193864&id=1624993808&mibextid=Nif5oz

Вчера вечер тој објави уште еден видео и напиша – Колку е слатко ова БРАВО.

Видео:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0qzd5TjUbedzy5CvwsyPgp4gSK4ZX6Ut2mb7Q4E1c8zMsTJ4XKStcBVVmieaScucFl&id=1624993808&mibextid=Nif5oz

И Балканот и Полска ДА СЕ ВО ЕДЕН РУСКИ ДОМ, не само Украина, бараа на руска телевизија (ВИДЕО)

На Руската државна телевизија се разговараше за планираната стратегија на Русија за следната деценија. Нивните експерти, покрај тоа што изјавија дека украинскиот јазик не постои, предвидуваа дека Русија ќе ги здружи соседните земји во „еден голем руски дом“, со можно проширување на Балканот и Полска.

„Сега, од една страна, многумина имаат причина да очајуваат, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда западњаци. Во текот на целата оваа година, Западот не можеше да ја победи Русија. Просечниот Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, јавниот превоз работи. Нашата економија се реконструира“, изјави филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.

„Украинскиот јазик не постои“

„Всушност, станува збор за победа на Русија. Нема изолација за нас, особено сега кога ни се приклучи Кина. Ни се приклучија и Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во овој масовен специјална операција“, рече тој и додаде:

„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Нема украински јазик. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Непријателот е пред Москва. За 10, 15 или за 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.

„Ќе ги обединиме сите оние народи кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски, кои мирно ќе бараат право на Балканот, Полска и така натаму“, рече рускиот филолог.

„Има 80 милиони Германци, вклучувајќи Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.

„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме оделото старо 20 или 30 години, истрошеното одело на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нови општествени и политички структури“, заклучи тој.

Нашата убава Македонка ги маѓепса Турците: Атрактивната водителка на „Бекстејџ“ доби улога во турската серија „Балканска приказна“ (видео)

„Балканскa приказна“ е насловот на турската серија што започна да се снима летово во Скопје, а снимените епизоди веќе се прикажуваат на турската државна телевизија ТРТ1.

Покрај турските актери во една од епизодите ќе се појави и нашата мисица и до неодамна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, атрактивната Анѓела Јакимовска. Нашата убавица ќе ја има улогата на Кадин.

Шефо кој е еден од водечките ликови во серијата се труди преку песна да ја освои Кадин, па дури снима и видео спот.

ЗАГРИЖУВАЧКО ВИДЕО: Експлозија на нуклеарна бомба порака до противниците!?

NTV, која е во сопственост на руската гасна компанија „Гаспром“, објави застрашувачка репортажа за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од „печурки“ кои се креваат по падот на нуклеарната бомба.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, додека пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување, пренесува Вечерњи лист.

Се наоѓаме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот – коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

НЕМА ВЕЌЕ РУСКИ ТЕЛЕВИЗИСКИ КАНАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА – еве ја последната одлука!

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Северна Македонија.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Џамбазов и Бејби заедно се враќаат на телевизија како водители 👏

Весна Петрушевска и Игор Џамбазов се враќаат во улога на водители, овој пат заедно, во нова емисија – еколошкото шоу Агенда 21, во продукција на КМК. Емисијата ветува добра забава, факти и повик за акција за ублажување на климатските промени, глобалното затоплување и деструктивноста кон природата од страна на човекот.

Сигурна сум дека шоуто Агенда 21 ќе го задржи вниманието на гледачите, преку важни теми за животната средина. Интересен е фактот што направивме емисија која е налик на таканаречена “домашна седенка“ со поширокиот круг на семејството во која дискутираме, едуцираме, дебатираме и се забавуваме. Во светот но и дома сме сведоци на пожари, поплави и изумирање на безброј животински диви видови, така што во никој случај не треба да ги игнорираме овие предупредувања кои ги имаме, за да не биде предоцна за целото општество, вели Весна Петрушевска.

Агенда 21 ќе ги едуцира гледачите за моменталната состојба со животната средина во земјава, што всушност сите заедно можеме да направиме за да се грижиме за природата, бидејќи климатските промени се реалност и за тоа треба да се преземат сериозни чекори, како индивидуално така и од страна на институциите и компаниите.

Крајно време беше некој да се позанимава на оваа тема. Мојата убава татковина, извор на бесконечно прекрасни пејсажи доживеав младите да ја викаат Македонија-депонија што ми покажа дека нешто навистина сме згрешиле во нашето битисување, изјави Џамбазов.

ТВ проектот го подготвувавме две години и бевме свесни за тежината кој ja носи. Откако започнавме да снимаме во градовите и селата, воочивме дека грижата за животната средина ни е на ниско ниво. Навистина е загрижувачки да гледате депонии големи колку цели села, а истите тие се “комшии“ на нашите урбани и рурални општини. За жал сето тоа ние како граѓани го “консумираме“преку воздухот и почвата. Треба да преземеме акција уште денеска. Од 20-ти ноември секоја сабота во 20 часот следете не на телевизија Телма, потенцираше Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

Во Агенда 21 освен познатите актери кои се и водители Петрушевска и Џамбазов, ги придружуваат нивни млади актери – колеги како Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова, со кои е вистински предизвик да дебатираат и разменат мислења.

Vistina.mk