Tag Archives: Твитер

Твитерџика вели дека Зеленски купил вила од американските пари – вредна 5,5 милиони евра!? (Фото)

Твитерџика која има 273.000 следбеници објави дека украинскиот претседател „се офајдил“ од пшомошта која ја добива Украина..

„САД штотуку објавија уште еден пакет помош од 1,3 милијарди долари за Украина. За потсетување…еве слика од домот на Зеленски. Леле“, напиша на својот профил Лиз Черчил, за која многумина сметаат дека шири теории на заговор.

Од средата попладне, сликата што таа ја сподели доби повеќе од 1,5 милиони прегледи, 11.000 лајкови, но и критики. Луѓето побрзаа да искоментираат дека сликата е преземена од француска веб-страница за недвижнини за имот што се продава за 5,5 милиони долари.

Се работи за веб-страницата, „Green Acres“, каде имотот е опишан како вила во стилот на Бел Епок (Убавата епоха) со површина од 850 квадратни метри. Вилата се наоѓа на неколку минути од малата држава Монако, со цена од 4,9 милиони евра. Монако е популарно место за имање викендичка кај француската елита, особено кај оние кои не сакаат да плаќаат данок во Франција, објави порталот Њузвик кој се обиде да ја оцени веродостојноста на оваа шпекулација.

Цукерберг спрема силен удар за Маск – Утре започнува нова социјална мрежа слична на Твитер

Марк Цукерберг, шеф на Мета, компанијата која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, во четвртокот објави дека лансира нова апликација слична на Твитер.

Апликацијата наречена Threads ќе биде достапна за купување преку Ep Store и ќе биде поврзана со Instagram.

На скриншот од насловната страница на апликацијата, можете да видите дека е слична на Twitter.

Мета ја опишува новата мрежа како апликација за текст во разговор.

Ова може да се толкува како ново ниво на ривалство меѓу двајцата најголеми технолошки милијардери Марк Цукерберг и Илон Маск, сопственикот на Твитер.

Минатиот месец тие се договорија да направат физичка пресметка, но не е јасно колку се сериозни во врска со судирот. 

„Фала небо, тие се толку разумни“, одговори Маск на веста за лансирањето на новата социјална мрежа од ривалската компанија.

Во меѓувреме, Твитер соопшти дека ќе наплатува надомест за користење на неговата популарна корисничка контролна табла, Twitdeck.

Тоа е последниот потег на Маск да се обиде да ги натера корисниците на Твитер да се претплатат за да ја користат социјалната мрежа Twitter Blue.

Минатиот викенд го ограничи бројот на твитови што корисниците можеа да ги видат. 

Изгледа дека апликацијата Meta Trades ќе биде бесплатна услуга и нема да има ограничување за тоа колку објави може да види корисникот.

„Treads е место каде што заедниците се здружуваат за да разговараат за сè, од темите што ви се важни денес до она што ќе биде тренд утре“, според Ep Store.

Сликата од екранот на апликацијата изгледа речиси идентично со Twitter.

Како апликација Мета, Treds ќе пренесува податоци на телефоните на корисниците, вклучувајќи локација, купување и историја на прелистување.

Во последниве години се појавија неколку апликации кои многу личат на Твитер – како што се Trut (Вистина), од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Mastodon.

Сопствениците на друга слична апликација, Bluskaj (Blue Sky), тврдат дека имале рекордна посета за време на викендот кога Маск ја ограничил употребата на Twitter.

Сепак, Threads може да биде најголемата закана за Твитер досега.

Марк Цукерберг има историја на позајмување идеи од други компании – и тоа успешно го прави.

Meta Reels е очигледна копија на TikTok, додека Stories изгледаат слично на Snapchat.

Тредс ќе биде дел од платформата Инстаграм, па ќе биде поврзан со стотици милиони сметки.

Не започнува од нула, како што мораа да направат другите ривали.

Иако Маск беше пофален во некои кругови за неговата посветеност на слободата на говорот, некои корисници веќе ја напуштија мрежата.

Цукерберг се надева дека ќе може да ги придобие разочараните корисници на Твитер и да им понуди алтернатива.

НЕ ДОАЃАЈТЕ ВО ОХРИД, УЖАСНО МЕСТО Е ! – Новинарка на БиБиСи „не исплука“ :)(Видео)

Сузана Кијанпур на Твитер мрежата објави кратко видео од охридското езеро и напиша дека е ужасно место во Македонија.

„Дефинитивно не доаѓајте на Охридското езеро, апсолутно е ужасно место во Македонија. Многу скапо, лошо време и многу гужва“ – пишува новинарката.

Сузан секако дека е саркастична 🙂 инаку видеото е убаво!

,,Го стави својот живот на тацна за слобода. Гинеше за сите нас и нашата иднина – ДО СМРТ СО ЗОРАН ЗАЕВ!“

До смрт со Зоран Заев, најавува член на СДСМ кој на Tвитер објави дека ќе го следи екс лидерот на партијата додека дише.

Активистот на СДСМ Воислав Попоски вели дека никогаш нема да го заборави тоа што Заев го правел за Македонија која не ја нарекува северна а предходно водеше жестоки дебати со тие кои не го правеа тоа.

,,Го стави својот живот на тацна за слобода. Ја направи Македонија од заробена држава во демократска земја. Гинеше за сите нас и нашата иднина. Тоа никогаш нема да го заборавам.
ДО СМРТ СО ЗОРАН ЗАЕВ ”, вели Попоски.

https://twitter.com/poposki_voislav/status/1651492691027410945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1651492691027410945%7Ctwgr%5E6902c9c802221b2ce85d58f05763df7f69ecd6cc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fdo-smrt-so-zoran-zaev-chlen-na-sdsm-kje-go-sledi-eks-liderot-dodeka-dishe%2F

Што бе тоне бродов па облековте елеци за спасување?

„Што бе тоне бродов па облековте елеци за спасување?“, „Не знаат да пливаат, а ги очекува потоп на следните избори, па мораа вака да облечат елеци за спасување“, се дел од твитовите со кои твитерџиите фаќаат сеир на новата партиска кампања на членовите на СДСМ облечени во црвени елеци.

„Нема ЛЕБ во оваа држава“!

Пекарите ја остварија својата закана. Денеска утрово на рафтовите има само од старите залихи на леб, и тоа од специјалните видови.

Како што е познато, Владата на вчерашната седница одлучи да не попушти под заканите на пекарите и ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.

Според пресметките на Владата, дел од поскапувањата се неоправдани, а како аргумент плус го наведоа и тоа што ист леб се продава по драстично различни цени низ земјава – од 28 до над 45 денари. Освен замрзнувањето на цената на лебот, Владата ја укина и субвенционираната струја за прехранбената индустрија.

Вработените во некои од скопските продавници велат дека утрово биле известени од фурните кои редовно им носат леб, дека нема да има достава ниту денес, ниту утре, а во петок евентуално ќе има специјални видови на леб.

Дел од маркетите велат дека пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.

На твитер се појавија и бројни реакции.

Илон Маск си го постави КУЧЕТО ЗА ДИРЕКТОР НА ТВИТЕР

Милијардерот Илон Маск си го постави кучето Флоки за директор на „Твитер“. Рече дека е многу пдобар од претходниот Параг Агравал. Флоки е куче од расата Шиба Ину, а Маск објави фотографии од него во канцеларијата. Кучето носеше маица со натпис извршен директор.

„Новиот извршен директор на „Твитер“ е неверојатен. Одличен е со бројки“, рече Маск.

За потсетување, Маск во октомври го отпушти Агравал заедно со тројца други во тогашното раководство.

ЕУ се закани дека ЌЕ ГО БЛОКИРА ТВИТЕР ВО ЕВРОПА

Тиери Бретон, европскиот комесар за внатрешен пазар, предупредил дека Твитер може да биде забранет во ЕУ доколку не работи во согласност со нејзините закони, пишува Фајненшл тајмс.

Бретон на својот профил на Твитер напиша дека платформата ќе мора „значително да ја зајакне умереноста на содржината и да се справи со дезинформациите“ за да се усогласи со Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA), кој треба да стапи на сила во 2024 година.

Гореспоменатиот закон бара „умерување на содржината“ од главните платформи за социјално вмрежување, за да можат брзо да го цензурираат „говорот на омраза“ или која било информација што Брисел ја смета за лажна.

ЕУ веќе се повика на овие овластувања кога ги забрани RT и неколку други руски медиуми, а повеќето американски платформи се придржуваат до оваа одлука.

Народот гласаше – Маск го врати Трамп на Твитер

Eлон Маск, новиот шеф на Твитер, објави дека ќе го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранет од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

„Народот го кажа својот збор. Трамп ќе биде вратен“,

напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите следачи, кои со големо мнозинство гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер.

ПАРТАЛИ на Твитер за случувањата – Град Скопје во епизодата „Микрофонот е ваш“

Град Скопје во епизодата „Микрофонот е ваш“ – Твитерџиите за драмата во Советот на Град Скопје.