Tag Archives: убиство

УБИСТВО И САМОУБИСТВО во Демир Капија

МВР потврди дека утрово се пронајдени две тела во нивните станови во зграда во Демир Капија, каде претходно беше објавено дека се извршени убиство и самоубиство.

„Денеска (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“ соопшти МВР.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност. 

Хорор во Нови Сад: Момче ја застрела девојката па се самоуби

Девојка која била застрелана од своето момче во Нови Сад им подлегна на повредите, објавија српските медиуми.

Момчето пукало во партнерката, а потоа се застрелало себеси во главата, по што за кусо време починало.

Според првичните информации, убиецот, носејќи пиштол, влетал во солариум во градот каде што била девојката и веднаш ја застрелал. Таа починала на самото место.

Српските медиуми јавуваат дека дека напаѓачот е продавач на оружје во продавница лоцирана недалеку од солариумот. Инаку, тој бил ловец и легално го поседувал оружјето.

Ова се ЖРТВИТЕ од масакрот кај Младеновац: МОНСТРУМОТ ГИ ИЗРЕШЕТАЛ зашто го „ОМАЛОВАЖУВАЛЕ“

Масовниот убиец Урош Блажиќ е уапсен откако во селата Орашје и Дубона кај Младеновац уби осум, а рани 13 лица. Монструозниот напаѓач пукал од автоматска пушка и пиштол. Во Дубона тој ги убил полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П., како и нивниот другар Д.Т. (25)

Полицаецот М.П. и неговата сестра К.П. загинале на лице место во крвавиот пир што се случилачера во селата Дубона и Мало Орашје. Ги убил Урош Блажиќ (21) кој пукал во нив со автоматска пушка. Тие се убиени во школски двор, а оние кои биле со нив се повредени.

Крвавиот пир Урош го почнал околу 21:40, а причината, како што изјави претседателот Вучиќ во денешното вонредно обраќање до јавноста, за она што го сторил било, како што им кажал на полицајците, тоа што го омаловажувале.

Меѓу загинатите и повредените се и Д.Т., И.И., В.К., Н.В е девојката на која поради тежината на повредите и е ампутирана едната рака.

Да потсетиме, Урош Блажиќ доцна синоќа уби 8 и рани 14 лица. Уапсен беше утрово. Овој масакр се случува само еден ден по оној во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград кога 13-годишен ученич уби 9 лица, а 7 рани.

Уште еден страшен масакр во Србија: 21 годишник уби 8 лица, рани 13, а 7 се во критична состојба

Урош Б. (21) синоќа во селата кај Младеновац, направил масакар, во кој уби 8 лица,  ранил 13, од кои 7 се во критична состојба.

Пукаше на три локации – во село Дубона, Мало Орашје и Шепшин и сееше смрт со автоматско оружје, убивајќи невини луѓе. По укажаната лекарска помош, ранетите кои се донесени на Итната помош се во стабилна состојба.

Осомничениот има криминално и прекршочно досие за прекршување на Законот за оружје и муниција. Меѓу 8-те загинати има и млад полицаец кој тогаш не бил на должност и неговата сестра. Застрелал и невини деца.

Утрото по невидениот масакр, кој уследи два дена по трагедијата во белградското основно училиште, потерата се уште трае, а на терен се масовни полициски сили – во потрагата по терористот учествуваат повеќе од 600 припадници на МУП, а операцијата Вител се уште е на сила.

07.35 – Пребарана е викендица на терорист кај блокираните села, каде е пронајдено поголемо количество оружје.

07:34 – Во три села околу Младеновац дојде до смена на полициските сили така што потрагата на терен ја презедоа свежи припадници кои продолжија да го стеснуваат кругот околу масовниот убиец – терорист.

07:30 – Министерот Гашиќ го напушти местото на престрелката каде цела ноќ ја помина со припадници на МУП.

07.00 часот – Дел од полициските сили ги пребарува и претресува сите викендички, напуштени куќи, чешли и околни чистини, а поставена е и блокада која не дозволува секој автомобил да го напушти просторот. Во потрагата се вклучени дронови и термални камери.

Другиот дел од полициските сили обезбедуваат три околни села – Дубона, Мало Орашје и Шепшин, бидејќи мештаните се вознемирени и во страв. Според неофицијални информации, обрачот околу масовниот убиец се стега.

06.51 – Вклучување од Итна помош. Синоќа во 23 часот и 10 минути на итната помош им било пријавено од МУП дека имало масовно пукање во село Дубона. Белградската Итна помош испратила 5 амбулантни возила во домот, но колегите од Младеновац и Смедерево веднаш реагирале бидејќи немало време да се чека ниту секунда, поради сериозноста на повредите и почнале да ги транспортираат и носат повредените во белградските болници – Ургенти. и КБЦ Мишовиќ.

Да потсетиме, тој е осомничен за најмалку 8 убиства и 13 повреди, а во неговиот напад загинаа млад полицаец (20) и неговата сестра.

Според неофицијални информации на лице место, Урош Б.(21) наводно отишол во куќата по расправија во училишниот двор во Младеновац, каде што земал автоматска пушка и тргнал во страшна лудост. Околу 23 часот уби неколку лица во Младеновац, Дубона и Мали Орашје.Припадници на српското МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У.Б.(21).

Потресни слики: Одбојкарот Кобиљски го залепи некрологот за убиената ќерка на вратата од училиштето

Белграѓани продолжуваат да палат свеќи за жртвите од вчерашниот масакр, а во црквата Свети Сава почна молитвата за загинатите во страотното злосторство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Една од жртвите е ќерката на познатиот српски одбојкарски тренер Драган Кобиљски. Тој во училиштето дојде со сопругата. Кобиљски го залепи некрологот на вратата од училиштето и без збор продолжи со сопругата која цело време го држеше за рака.

Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград.

Трагедијата во училиштето во Белград се случи вчераоколу 8 часот и 40 минути кога 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во седмо одделение, уби осум ученици и чувар, а рани шест ученици и наставничката по историја.

Веднаш бил уапсен, а потоа беше приведен и татко му. Убиецот го зел пиштолот од сефот на неговиот татко. Покрај пиштолот, Кецмановиќ на училиште донел и четири молотови коктели. На местото на злосторството, полициски службеници пронашле 57 чаури, шест куршуми и четири рамки.

Животот на две деца се уште е во опасност.

Не е системот крив, криви се родителите: Карлеуша се огласи по страшниот масакр во Белград

Јелена Карлеуша го коментираше настанот кој се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кој тринаесетгодишно момче пукало во своите соученици и наставници и убило 9 луѓе, 8 негови соученици и еден чувар. Две деца и една наставничка се повредени.

Карлеуша рече дека не е проблем во системот, туку родителите кои го испуштиле детето од раце.

„Ужасната трагедија и злосторот кој го стори едно 13 годишно дете, натера многу да бараат вина за состојбата во кое како општество се наоѓаме. Криви се сега сите, од институции, држава, самото школо, до влијанието на западот, медиумите. Но, никој не дојде до сржта на проблемот. А проблемот сме ние самите. За нашите деца сме исклучиво и само виновни ние, родителите. Родителите кои го испуштија детето и не го учат на виситнските вредности. Кога родителот нема контрола и авторитет, кога нема време за детето, тогаш децата учат од улицата и социјалните мрежи, Тик ток, ликовите од реалните шоуа кои стануваат ѕвезди, криминалците“, рече Карлеуша.

„Детето се учи да има емпатија, да има милост, да сака, да дели со друарите, да прави разлика меѓу доброто и злото. Децата се учат како папгали, го присвојуваат и повторуваат она што им се повторува како мантра. Кога тоа ќе изостане во самото срце на семејството, а тоа е нивната куќа, сè се руши како кула од карти. Добро воспитано дете може да слуша и гледа насилство, но ќе го осуди и ќе се побуни и нема да го присвои. За жал гледаме како малолетници на социјалните мрежи слават убиство, наставници и убивање на врсници. Не е системот виновен, виновни се родителите. Државата не го воспитува детето, го воспитуваат родителите. Родители, дали знаете што детето ви пишува по социјалните мрежи? Проверете и запрашајте се. Дете не се носи на стрелање и лов, детето се учи дека убивањето на нешто живо е страшно и лошо. Децата не се учат дека жените се проститутки, а криминалците, фаци, децата се учат да ги почитуваат постарите и да го осудат сето она што е нечовечно и противзаконско. Ако кажете дека тоа го виделе од нивното опкружување, прашајте се зошто вашето влијание е помало и дали воопшто го имате. Не е општеството тоа кое потфрлило, потфрлиле родителите“, рече Карлеуша.

Коста објавил страшна фотографија пред масакрот, ама никој не посветил внимание на тоа!

Малолетниот Коста К.(14) кој денеска уби десет лица во училиште во Белград, на социјалните мрежи објави грозоморна фотографија пред страшниот масакр во ОУ „Владислав Рибникар“.
Се сликаше со филтри кои му го претворија лицето во страшило со пречкртани очи и сошиена уста. Со оваа фотографија Коста К. испрати страшна порака, но тогаш никој немаше поим што прави тој.

Коста е син на познат радиолог, а како што дознава Информер и неговата мајка е докторка. Бил бесен бидејќи добил одделение за историја, па решил да ги убие своите соученици. Кога упаднал во училиштето, прво пукал во училишниот чувар, а потоа влетал во училницата каде убил осум соученици.

Кога се слушнало пукотницата, учениците панично почнале да бегаат од училиштето. Многу брзо бил уапсен Коста К. Тој не дал отпор при апсењето. Полицијата му наредила да го остави оружјето, да ги стави рацете зад грб и да легне на подот, што тој го направил без прашање. Тој беше изнесен од училиште со лисици и јакна на главата.

Извор: Информер

Ќерка на познат српски спортист загина во масакрот во Белград

Ќерка на познат српски одбојкар е меѓу жртвите во Белград.

Момче денеска во училиште уби девет лица, од кои осум деца, додека шест деца и еден наставник се наоѓаат на лекување во болница. 

Меѓу загинатите е и ќерката на познатиот српски одбојкар, Драган Кобиљски. Станува збор за одбојкар кој како играч со успех настапуваше за Партизан, како тренер ги водеше Црвена Звезда и Раднички Крагујевац, додека моментно работи како тренер во Романија, но семејството му живее во Белград.

Во истото училиште при нападот се наоѓала и ќерката на кошаркарот Душко Савановиќ, но тој во изјава за српските медиуми потврди дека таа е неповредена во страшниот настан.

Први слики од апсењето на таткото на малолетникот убиец – со маска и капа изваден од зградата во која живее

Таткото на Коста Кецмановиќ (13), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет лица, меѓу кои наставник и обезбедувач, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Тој бил изнесен од станот во придружба на полицијата. Има црна капа на главата и хируршка маска на лицето.

– Двата пиштоли, оној во ранецот и оној со кој е извршено ова кривично дело, биле во легална сопственост на таткото на момчето. Тврди дека биле заклучени во сеф, под шифра, има неколку оружја, од 2016 и 2017 година, но очигледно детето имало шифра за тие пиштоли

Како што може да се види на фотографиите, полицијата од зградата ги изнесува компјутерите на момчето.

Во престрелката загинаа седум девојчиња, едно момче и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова.

Костиќ: Србија не е далеку од нас, ова треба да е аларм и за нас!

Професорката по етика Драгана Костиќ со став кој бргу се прошири на социјалните мрежи, а се однесува на денешниот инцидент во основното училиште во главниот град на соседна Србија.

Предупредува дека ова треба да е аларм и за нашето општество.

Седмооделенец, го променил училиштето оваа година, повлечен, тивок велат и депресивен, син на лекар, каква иронија еден лекар кој треба да спасува животи создал убиец, убиец на само 12 години кој само до сега одземал 8 животи.

Кога го уапсиле застанал смирено и рекол, убив зошто сум психопата.

Имено, влегол во училиштето пукајки во чуварот, па во часот по историја пукал во наставничката и во неговите соученици.

Ова е најголемата трагедија и крвопроливање во поновата историја за Србија како држава.

Србија не е далеку од нас. И ова треба да е аларм и за нас!

Системот и таму и тука е апсолутно ист.

Каде грешиме?

Во децата се вложува, во иднината се вложува!

Лоша медиумска содржина, слаба контрола од родителите кои уморни се борат на неколку работи за егзистенција, па најлесниот начин е дајте им телефоните.

Лоши просветари и педагози вработени партиски без квалитет, исфрустрирани од слабите плати, кои не работат за да вложат во децата.

Насекаде дозволено пропагирање на насилност, во игрите кои ги играат, во содржината на социјалните мрежи и телевизии.

Авторитет, пример како треба, децата немаат!

Социјални служби, психолози и психијатри никој не ја работи својата работа како што треба!

Со врски примаат болни и опасни деца во училиште, непрегледани често со скриени шифри.

И вака можам да бројам до задутре каде е грешката.

Системот, сите згрешивме, и создадовме еден трул систем.

Последиците сега се страшни а кој знае што не очекува. А нема поголема казна од живеењето во страв и неизвесност.

: