Tag Archives: убиство

Вчера убиени на лице место Јетон Кривањева и Енес Исени – убијците бегале со Ауди А6, а потоа го запалиле

Двојно убиство во синоќешниот вооружен напад во Старата скопска Чаршија, во кафе барот „Шиша бар“. Според информации на Телма двајцата убиени се Јетон Кривањева и Енес Исени кои им подлегнале на повредите на местото на нападот.

Телма дознава дека нападот го извршиле неколку вооружени лица неколку минути по 20 часот. Според се уште непотврдени информации за време на престрелката повредени се уште седум други лица, но овие информации се темелат врз база на сведоштва на очевидци.

Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година. Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Тогаш интервенција на полицаец во цивил кој во моментот седел на истата маса со нападнатите го спречил нападот. Пукал во напаѓачите во самоодбрана, при што во тој случај немаше сериозно повредени лица. Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. Тоа убиство не е расветлено.

За вчерашното убистводоцна синоќа полициски извори за Телма потврдија дека во Шутка пронајдено е возилото со кое убијците бегале.

Станува збор за автомобил Ауди А6 кој бил запален на улица Вашингтонска во Шутка.  Убијците по вакво “чистење” на доказите избегале ао друг автомобил. Од улицата каде е најден автомобилот за бегство, напаѓачите на Кривањева можеле да стигнат брзо до скопската обиколница или до Визбегово и патот кон Блаце односно се на половина час возење до Косово.

Од МВР засега не соопштуваат детали за потерата и за осомничените освен дека станува збор за повеќе лица кои пукале кон убиените.

Полициски извори за Телма пак тврдат дека напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени. Засега нема информации дали напаѓачите носеле и полициски симболи на облеката.

По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.

Во изгореното ауди се најдени остатоци од два мобилни телефони, тврдат за Телма полициски извори.

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи доцна синоќа извршија увид во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено, соопшти Јавното обвинителство… Од таму соопштија дека јавниот обвинител ги издал сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите… Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ пак нешто по 20 часот било донесено кај нив едно лице со две прострелни рани и откако му била укажана помош тоа е пуштено на домашно лекување…

(Видео) Двојно убиство во Скопје, запален и автомобил во Визбегово

Автомобил марка Ауди е запален во скопско Визгегово, се претпоставува дека автомобилот е искористен од страна на убијците во скопскиот “Шиша бар” во кој вечерва беа убиени две лица, а рането е едно лице.

Од МВР за Инфомакс потврдуваат дека:

На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Неофицијално, според нашите информации почина и третиот ранет во случајот со пукањето.

Екипа на судска медицина е на терен, нема увидна екипа на терен и се чека јавен обвинител, објаснува во живо уредникот на Инфомакс, Алекснадар Митовски.

Како што објасни тој, неофицијално ваквото пукање е поврзано и со вчерашните превирања во ДУИ каде Изет Меџити беше разрешен од функцијата во Чаир, а на негово место е назначен Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ЗАДАВЕН НАУЧНИКОТ КОЈ ЈА РАЗВИ ВАКЦИНАТА „СПУТНИК V“ (Фото)

Андреј Ботиков(47), еден од 18-те научници кои ја развивале вакцината Спутник V против коронавирусот во Националниот истражувачки центар Гамалеја, бил задавен во неговиот дом на улицата Рогова на 2 март. Руските власти го потврдија случајот и велат дека напаѓачот ја признал вината при сослушувањето откако бил приведен „во најкус можен рок“, пренесува Њузвик.

Обвинетиот за нападот е 29-годишен маж. Извештаите на Истражниот комитет на Русија(ИЦР) укажуваат дека се работи за погрешна провала. Напаѓачот избегал по настанот.

Научникот бил задавен со ремен.

Убиен светски шампион пред својата куќа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видади Марданов (32), е убиен во вторникот наутро пред својата куќа во Дербент, пишуваат руските медиуми.

Марданов бил и претседател на НФЦ ММА греплинг-лигата и бил застрелан околу три часот наутро кога бил повикан да го напушти својот дом. Потоа пукале во него и побегнале, велат извори од истрагата.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и на улица пронашла тело на маж, а набрзо ги идентификувале и напаѓачите, кои се обиделе да побегнат. Станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумуслим Мртазалијев (23).

Засега нема информации за мотивите за убиството на познатиот дагестански шампион.

Внуката на Корчагин: Дедо ми беше убиен два пати – еднаш од бугарските фашисти, еднаш од македонската власт (Видео)

Раде Јовчевски Корчагин е убиен два пати. Еднаш од фашистите Бугари, а денес за жал од македонските власти – вака ја започнува приказната внуката на Раде Јовчевски Корчагин – Калина. Со трепет во гласот, неможејќи да ги потисне спомените кои навираат, зборуваше за, никогаш доволно прежалениот, народен херој. Со неколку куршуми и извик „еве ти ја слободата“, ладнокрвно бил убиен од бугарските фашисти.

Калина во 2020 година во интервју за Алфа вели дека тој имал само 23 години кога го убиле, а неговото тело го оставиле да лежи безживотно со саати, недозволувајќи да се тргне, со цел да се заплаши што повеќе народ.

Погодена од македонските власти, кои периодов се обидуваат да ја избришат македонската историја, Јовчевска прашува какво е тоа пријателство помеѓу Бугарија и Македонија, кое се форсира, а се базира на убиства и предавства?

Поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, Корчагин два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство, и најмалку два пати мачен од бугарската полиција.

Mожам само да порачам да не се плука по гробовите на оние кои го дале својот живот за слободата на Македонија. Да се престане на се гази по достоинстото на нивните потомци – вели Калина Јовчевска.

Корчагин своевремено се борел против искривување и фалсификување на историјата и вистината за Илинденското Востание од тогашната фашистичка Бугарија. Сега, сме сведоци на повторно фалсификување на нашата историја, овој пат, од Европска Бугарија.

Мајка од САД си ги убила трите мали деца, па добива стотици писма со поддршка

Во друго писмо е опишана како „подготвена и мирна“, а во друго писмо, Кленси, медицинска сестра, била опишана од колешка како „љубезна, сочувствителна, трпелива, емпатична“ работничка и мајка која им била посветена на своите деца.

„Таа е прекрасно човечко суштество и ќе биде тешко да се слушне нешто освен позитивни работи за нашата прекрасна Линдзи“, напишала до судот Лаура Сандерс, медицинска сестра во Општата болница во Масачусетс, која седум години работела во ноќни смени заедно со Кленси.

Сандерс е меѓу десетиците луѓе кои напишале, потпишале или испратиле писма или е-пошта за поддршка на Кленси, која е обвинета дека користела лента за вежбање за да ги задави нејзините три деца: Кора (5), Досон (3) и 8-месечното бебе Калан, според судските документи.

Кора и Досон биле прогласени за мртви истиот ден, а Калан починал следниот ден.

Речиси 100 мајки потпишале писмо од 6 февруари испратени до судијата во кое изразувале поддршка и сочувство за Кленси (32), која се обидела да се самоубие скокајќи од прозорец на вториот кат во нејзиниот дом истиот ден кога биле пронајдени телата на нејзините деца.

„Таа претрпела сериозни повреди на ‘рбетот поради кои останала парализирана, изјави нејзиниот бранител Кевин Редингтон, кој пред судот тврдел дека Кленси се борела со ментално здравје и ѝ биле препишани голем број лекови, кои ја претвориле во зомби.

Некои од мајките кои ги потпишале писмата ја познаваат лично Кленси, додека други ја познаваат само од извештаите во медиумите.

„Никој не разбира низ што поминала Линдзи подобро од мајка која имала тежок постпородилен период и која исто така имала проблеми со менталното здравје по породувањето. Многумина од нас почувствуваа очај, мислевме дека не можеме да продолжиме. Многу сме тажни дека не можевме да ѝ помогнеме, но знаеме дека нејзиното семејство правеше сè што може за да ѝ ја даде потребната помош“, се вели во писмото.

Она што се случило е поразително за целото семејство Кленси, додаваат мајките.

“Линдзи ќе мора да живее со последиците од нејзината постпородилна депресија, а тоа е реченица која не би ја посакале на ниту една ужалена мајка. Никој од нас не може да замисли што чувствува, ниту сакаме. Како мајки, знаеме дека Линдзи била во нездрава состојба.” додаваат мајките во писмата.

Кленси била поддржана и од неколку нејзини колеги.

Кампањата GoFundMe за помош на нејзиниот сопруг, Патрик Кленси, собрале повеќе од 1 милион долари. Парите се наменети за болнички сметки, погребни трошоци и правна помош.

Кон крајот на минатиот месец, Патрик Кленси апелирал до луѓето да ѝ простат на неговата сопруга.

Линдзи Кленси треба да се појави на ново сослушување на 2 мај.

Ужасни детали за монструмот – За долг од 10.000 евра роднината го убил цело семејство

Горан Џониќ од Моравац се товари со обвинението на Вишото јавно обвинителство во Ниш за убиство на неговиот братучед Горан (57), неговата сопруга Гордана (56) и неговата ќерка Лидија (26) од Алексинац од личен интерес.  Ги убил со намера да прибави пари за да врати долг од 10.000 евра што го позајмил за да купи и реновира куќа за еден од неговите синови.

Според обвинението до кое имал увид „Блиц“, тој се товари дека детално го испланирал делото кое го извршил во атар на с. Моравац кај Алексинац, во разумна состојба, знаејќи дека Ѓокиќ има менувачница и верувајќи дека дел од парите што ги користи за менувачница ги носи со себе или ги чува во своето патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“.

Затоа ги следел неговите движења и кога видел дека Ѓокиќ со сопругата и ќерката дошол кај мајка му со споменатиот автомобил и знаејќи дека ќе се вратат во станот во Алексинац каде што живееле, истата вечер одлучил, според обвинението, да ги спречи на враќање, а потоа да им ги одземе животите и да им ги одземе парите.

Според обвинението, тој со таа намера околу полноќ отишол на делот од коловозот од железничкиот премин до раскрсницата каде улицата се вкрстува со автопат бр. 217 Алексинац – с.Тешица, а кога го видел Ѓокиќ и поради семејни врски и однос на доверба, го запрел автомобилот, а пријавениот влегол во автомобилот, седнал на задното седиште зад возачот и извадил пиштол што неовластено ги стекнал, држел и носел.

Веднаш го вперил оружјето во правец кон него и го навел Ѓокиќ да вози од автопатот Алексинац – Тешица до земјениот пат до основното училиште во Моравац, кој води до реката Јужна Морава.

Како што е наведено во обвинението, тој ги убил сите три жртви пукајќи од тоа оружје, прво во возилото со еден истрел кон Горан Ѓокиќ, а потоа надвор од возилото со по два истрела на неговата сопруга Гордана и ќерката Лидија, кои починале на лице место од нивните повреди.

Горан го застрелал со еден куршум во глава, а Гордан и Лидија во градите и главата.

-Потоа им полил гориво на телата до јамата во рамките на платото, ги запалил и ги турнал во јамата, а потоа со возило марка „пасат“ се упатил кон село Тешица и ја преминал Јужна Морава кон место викано Владине Баре, каде од возилото пронашол и одзел странски пари во вкупен износ од 160 американски долари во апоени по еден долар, 1.380.000,00 динари во разни апоени, 27.130 евра во разни апоени, 3.940 швајцарски франци во разни апоени и 1.690 американски долари во разни апоени, па го запалиле возилото, се вели во обвинението.

Познат идентитетот на стружанецот кој со пушка усмрти 7 кучиња, бил повикан во полиција

На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга,  извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.

-Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стружанец СО ПУШКА УБИЛ десетици КУЧИЊА – Бунт на социјалните мрежи

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што не може да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, велат од Анима Мунди.

– И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство, се вели во објавата на Анима Мунди.

Граѓаните веќе се побунија на социјалните мрежи. Едни велат ги изедоа кучиња, другите се остро против ваквиот начин на справување со кучињата.

Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже, поради тоа го тепавме – сведочи началникот на бугарската обласна полиција

Сведоштвото на началникот на Бугарската обласна полиција во Скопје, Љубомир Јорданов, вака го опишува мачењето на Страшо.

“Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже. Поради тоа го тепавме. Го тепавме јас, Тенјо Рајков, Илија Николов, Андон Донев, Тодор Маринов … Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело, кој каде можеше, удирајќи го со клоци по грбот и стомакот, а два-трипати сме му ги ставале нозете во вода и потоа продолжувавме со тепањето. Два дена беше непрекинато тепан. Во мноrу тешка состојба беше вратен во ќелијата. Другиот ден попладне го испратив Тодор Маринов да го повика на сослушување. Тие се вратија и рекоа дека Пинџур умрел во ќелијата. Штом го рекоа тоа, отидов во ќелијата да го видам. Го најдов како лежи во пена што му избиваше од устата”
НЕ за БУГАРИТЕ во Уставот!!!

Крвопис

Страшо Пинџур македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу). Како напреден студент, активно се вклучува во друштовото на напредните македонски студенти „Вардар“, а станува и член на Акциониот студентски одбор. Во текот на 1938 г. се обидува да се префрли во Шпанија и да се бори заедно со Интернационалните бригади. Тој доаѓа до Прага, но не успева да фати врска и да се враќа во Белград, поради неговата активност бил привиден во полицијата во мај 1938 и спроведен во Истражниот затвор во Ада Циганлија. На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.