Tag Archives: училиште

Секој понеделник наставата во училиштата во Аеродром ќе започнува со интонирање на државната химна (ВИДЕО)

Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

-Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст.

Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција – напиша Муцунски.

https://fb.watch/ntsp_oAnRE/?mibextid=Nif5oz

Школо во Tурција ќе носи име на Mакедонија

Средношколците од турскиот град Малатја кој пред половина година беше погоден од разорен земјотрес, новата учебна година од 15ти септември ќе ја дочекаат во ново училиште, што ќе го носи името „Северна Македонија“.

Училниците ќе бидат именувани по македонските градови како Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Куманово.

Изградбата на училиштето го реализира Македонско-Турската стопанска комора, со поддршка на Министерството за образование и Црвениот Крст на Македонија, Сојузот на турски невладини организации во земјава и Здружението ЕСНАФ.

Донацијата тежи еден милион евра и со овие средства во тек е изградбата на училиште на површина од скоро 9 илјади метри квадрати, со 24 училници.

Протоколот за донацијата денеска беше потпишан од страна на председателот на МАТТО и министрите за образование и за труд и социјална политика на Република Туркије.

Името на училиштето „Северна Македонија“ нема да може да се менува сé додека постои училишната зграда. 

(Видео) Потресно сведоштво на мајка: Деца вршеле сексуално насилство врз соученичка ПРВООДДЕЛЕНКА, насилно ја допирале – Никој не реагирал!

Мајка на првоодделенка во едно скопско училиште пред камерата на „Слободен печат“ низ солзи тврди дека нејзината ќерка на училиште доживува сексуален булинг од пет момчиња-соученици, кои насилно ја допирале по гениталиите, а претходно во изолиран случај ја влечеле за облеката, од што девојчето имало црвени траги околу вратот, кои подоцна помодреле.

Мајката тврди дека на училиште кај нејзината ќерка владее постојано премолчување, минимизирање и туркање под тепих на проблемите со секаков вид на насилство, а основната пречка е во тоа што кога ќе се пријави никој не презема ништо. Таквата ситуација прави мајката да се чувствува револтирано, неразбрано од училиштето, но и да ја шокира инертноста и незаинтересираноста да се постапи итно за ваква сензитивна материја.

Откако мајката го пријавила случајот во училиштето, наставничките се потпишале на изјава дека такво нешто не постои, односно дека насилство во училиштето немало.

Единствената причина поради која „Слободен печат“ не го објавува идентитетот на мајката и името на училиштето, е тоа што на таков начин поблиску ќе биде идентификувана жртвата, која е малолетна и на таков начин би се создала опасност двојно да биде виктимизирана.

Родителката е шокирана што од училишната управа уште не свикале ни вонредна родителска средба за овој скандалозен настан, во екот на декларативните заложби за спречување на насилството во училиштата.

Иако најтранспарентно го пријавила случајот, разговарала со сите во училиштето во крикот за помош и едукација на соучениците кои ја изложуваат првоодделенката на булинг, наишла на ѕид и туркање на предметот под тепих.

Декаденцијата во педагошките вредности и неефикасноста на стручниот кадар во ова училиште, кулминирале, кога една од наставничките во комуникација со друга родителка и кажала дека „и нивните девојчиња не се цвеќе за мирисање“, дека се „понапредни и провоцираат“ со својот изглед. Станува збор за девојчиња на возраст од шест години.

Никола Којо до родителите на децата од „Рибникар“: Ве молам не ги праќајте вашите деца на училиште

Групата родители на ученици од ОУ „Владислав Рибникар“ ја поддржа иницијативата за прекин на наставата во постојната училишна зграда и завршување на учебната година на 3 мај, кога во ова училиште се случи масовно пукање во кое десет деца и едно училиште чуварот е убиен. Во оваа прилика се огласи и познатиот српски актер, Никола Којо кој ги замоли родителите да не ги праќаат децата на училиште.

„Понизно ги молам родителите на децата од `Рибникар` да не ги праќаат децата на училиште“, започна Којо.

Тој посочува дека ќе се собираат пари за училиштето, ќе се гради ново, но дека „на тие мали глави не смее да им се врати сликата“.

Којо апелира до родителите да им дадат шанса на своите деца да оздрават, да пораснат и да закрепнат, како и немо да тагуваат за убиените пријатели, другари, чувари и самите себе, „поради судбината што им пресудила да се најдат таму“.

„Само далеку од тоа проклето место ќе станат здрави луѓе, кои некако ќе се справат со таа трагедија. Училиштето ќе заврши, верувајте ми. Не дозволувајте неразмислените луѓе да ве претворат во Спартанци! Нежните, емотивни, емпатични луѓе ќе го спасат ова болно општество и оваа незрела цивилизација. А тоа се твоите деца. Насила созреа и порасна. За жал… ве молам“, им порача Којо на родителите чии деца одат во ова училиште.

По 12 дена борба за живот, почина девојчето кое беше рането во училиштето во Белград

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и чувар, пренесуваат српските медиуми.

Девојчето починало во болница, а имала тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на повреденото девојче.

Како да се вратиме на училиште кога половина од одделението ни е мртво!

Момчето кое изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, веќе шест дена е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, додека неговите другари од училиште се обидуваат да пронајдат сила да се вратат во училишните клупи и повторно да ја проживеат траумата предизвикана од неговиот помрачен ум.

Момчињата од неговото одделение кои беа сведоци на пукањето во кое Коста одзеде осум животи на нивни врсници за српски Курир изјавија дека во никој случај не се подготвени да се вратат во истата просторија, истиот ходник, истата зграда…

– Ни рекоа дека треба да се вратиме во среда и се да биде како што беше. Не знам како ќе успееме, колку повеќе минува времето толку е полошо бидејќи сфаќаме што се случи со сите наши пријатели. За некои не ни знаеме дали ќе останат живи, дали ќе играат фудбал со нас, дали ќе можат да седат, изјави за Курир едно од момчињата што се најде на списокот на смртта што го направи неговиот соученик.

Друго момче вели дека иако знае дека мора, не знае ни во кое одделение треба да се врати.

– Каде да се вратиме? Половина од нашето одделение го нема затоа што ги убил или повредил, а половина родители сакаат да ги испишат од училиштето. Дали треба да бидеме петмина во училницата? Кога се вратив на училиште таа вечер да запалам свеќа за моите другари и чичко Драган, и кога ги видов скалите на училиштето ми се слоши, сега не знам што ќе се случи кога повторно ќе одиме и ќе видиме дека никој од нив нема – вели ова момче.

Според него, девојчињата од неговиот клас биле скршени бидејќи сите биле нераздвојни и се однесувале како едно.

-Нормално сите заедно се дружевме бидејќи имавме некои заеднички интереси, но тие како девојчиња нон стоп беа сите заедно. Никогаш не биле разделени, а сега десет од нив ги нема, една е во тешка состојба, а има уште во болница. Ние некако во моментот се разбегавме, но тие беа убиени – вели момчето и додава:

– Други двајца скокнаа низ прозор, јас низ врата, па во еден локал овде, сите се снаоѓаа како можеа, но тие мислеа дека можат да го спречат и тој ги убил!

Осомниченото момче уби осуммина свои пријатели и обезбедувачот Драган В.(51), а тешко рани уште шест негови врсници и професор по историја Т.С.(54).

Фото: курир.рс

Ќерка на познат српски спортист загина во масакрот во Белград

Ќерка на познат српски одбојкар е меѓу жртвите во Белград.

Момче денеска во училиште уби девет лица, од кои осум деца, додека шест деца и еден наставник се наоѓаат на лекување во болница. 

Меѓу загинатите е и ќерката на познатиот српски одбојкар, Драган Кобиљски. Станува збор за одбојкар кој како играч со успех настапуваше за Партизан, како тренер ги водеше Црвена Звезда и Раднички Крагујевац, додека моментно работи како тренер во Романија, но семејството му живее во Белград.

Во истото училиште при нападот се наоѓала и ќерката на кошаркарот Душко Савановиќ, но тој во изјава за српските медиуми потврди дека таа е неповредена во страшниот настан.

Никогаш не било на лекар, ни на училиште: судбината на девојчето од Србија, кое таткото го држел со години заробено

Осумгодишното девојче, кое било држено заклучено во стан во населбата Мириево на Ѕвездара од страна на својот татко Урош Пашајлиќ, се претпоставува дека не одело ниту во градинка ниту во основно училиште, а требало да биде веќе во второ одделение.

Грозоморниот случај на малтретирање и запоставување дете бил откриен кога И. Л., белграѓанка, пријавила во полициската станица дека нејзиниот сопруг Пашајлиќ брутално ја тепал, а нејзиното дете долго време го чувал како роб.

Имено, според сознанијата на српскиот портал „Курир“, тој во друг стан во Борча ја држел заробена својата партнерка (46), која го пријавила за насилство врз неа и со тоа го спасила несреќното девојче од практично сигурна смрт.


Исто така, шокантен е податокот дека се претпоставува оти детето не одело ниту на редовни систематски прегледи, а не било ни вакцинирано. Се поставува прашањето кој ја сноси вината за ова, а очигледно потфрлил целиот систем, со оглед на тоа што девојчето, чија судбина ги потресе Србија и регионот, практично беше невидливо и оставено на милост и немилост на проблематичниот татко, пишува „Курир“.


Детето наводно со години не излегувало од станот, туку речиси цело време било во кадата во бањата. Кога во петокот ја пронашле две полицајки, кои упаднале во станот, таа била во исклучително лоша здравствена состојба.


Девојчето (8) сега е на Универзитетската детска клиника во Тиршова, каде што е примена на рехидратација и повторно хранење.
По раѓањето на детето, од родилиштето ги алармирале службите дека се сомневаат оти родителите не се способни да го згрижат детето бидејќи биле наркомани, а девојчето потоа било сместено во установа за социјална помош по што Центарот за социјална работа поведе постапка за одземање на родителското право на двајцата родители.
Во 2018 година судот донел одлука детето да остане со таткото. Тогаш при мониторингот немало индиции што би упатувале на занемарување и загрозување на здравјето и животот на детето од страна на таткото сè до 2020 година кога во одделението Звездар од полицијата биле известени дека имаат сознанија оти може да се слушне детски плач во станот. Таткото, постапувајќи по полицискиот извештај, малку подоцна одговорил на барањето за разговор со работници од социјалните служби , кои оцениле дека детето нема знаци на запуштеност.


Од таму додаваат дека Центарот немал сознанија оти детето не оди на училиште посочувајќи дека органот за старателство нема обврска да следи дали децата се вакцинирани ниту, пак, дали почнале основно училиште.


„Курир“ разговараше со соседите од Мириево, кои им кажале дека во последните три години најмалку трипати повикале полиција поради детскиот плач што ќе го слушнале од станот на Урош Пашајлиќ.


Велат дека полицијата доаѓала, ќе тропнела на вратата, а кога никој не отворал, си заминувале велејќи дека немаат налог насилно да влезат во станот.
Урош Пашајлиќ (38) вчера беше уапсен по четиридневна потрага поради сомнение дека со години ја држел заробена својата осумгодишна ќерка во стан во Мириево.

Ученици во Србија ќе задушеле наставничка: И предизвикале напад на астма

Во основно училиште во Бољевци кај Сурчин во Србија, поведена е дисциплинска постапка против ученици од седмо одделение, бидејќи кон крајот на минатата недела и се заканувале по животот на наставничка од тоа школо. Наставничката Борка Милошевиќ рече дека не знае што е мотивот за таквото однесување на учениците и кажа што и е најтешко.

Минатиот четврток наставничката по руски јазик Борка Милошевиќ доживеала непријатност, јавува РТС.

Знаејќи дека е во лоша здравствена состојба, дека меѓу другото е астматична, двајца ученици ја испрскале целата училница и нејзиното биро со спрејови и дезодоранси, поради што, како што пишуваат српските медиуми таа добила тежок напад. Интервенирала и Брза помош – за среќа, навреме. Наставничката се вратила на работа.

Наставничката Борка Милошевиќ за РТС изјави дека сега е добро и дека ја користи пумпата за астма почесто од порано. Рекла дека и било тешко и дека не може да дојде до воздух.

„Учениците и колегите велат дека дури и ја сменив бојата. Тоа беше силен напад, во еден момент сакав да се откажам, да не се борам за воздух бидејќи бев уморна. Беше неописливо, никогаш не сум имал таков напад, десет години сум астматичар“, изјави Милошевиќ.

„Родителите на момчето што го донесе тој парфем на училиште ми донесоа пумпа затоа што заборавив дека ја имам мојата во џеб и ја користев пет пати, додека не дојде брзата помош, ме ставија на кислород и ми дадоа лекови, а потоа бев многу подобро“, изјави Милошевиќ.

Милошевиќ вели дека никогаш претходно немала проблеми со тие ученици, ниту го знае мотивот.

Момчето кое го донело парфемот се пофалило со него, а друг ученик кој учествувал во инцидентот рекол дека ќе го испрска низ училницата за да види дали наставничката Борка ќе се задуши.

Вработени во училиште омаловажувале девојче затоа што носи шамија

Граѓанското движење „Аваја“ вчера информира за случај во кој наставничка од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани омаловажувала ромско девојче кое носело шамија во училиштето и за време на наставата. Од таму велат дека психологот и педагогот од истото училиште упатиле закани дека нема да ѝ биде дозволено на девојчето да посетува настава.

„Аваја“ најостро го осудува настанот и најавува дека ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави случајот до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

-Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција, велат од Движењето.

Вчера во училиштето бил заменик-министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи, кои разговарале со директорот на училиштето и донеле заклучок дека ученичката може да ја носи шамијата за време на наставата.

-Родителите кажаa дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани!Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи! Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата! Никој не може да биде над законот! Правда и достоинство за сите, објави Нухиу.