Tag Archives: венчавка

Модната блогерка Александра Шијакоска се омажи за својата љубов: „Пред една година мислев нема да преживеам и да бидам невеста“

Модната блогерка и инфлуенсерка Александра Шијакоска и нејзиниот партнер Едмонд Весели го кажаа судбоносното „да“ и тоа на роденденот на Едмонд.

Парот кој е заедно 12 години ја прослави својата долгогодишна љубов со мала забава во куќата каде што живее, во Битола, на која присуствувале најблиските.

Александра заблеска во елегантна венчаница со голем бел цвет на десната страна, а Едмонд носел бело сако, маичка и панталони. Целата прослава била во знакот на белата боја, па така и останатите гости биле облечени во бели комбинации.

„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф. Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, напиша Шијакоска претходно на Инстаграм.

За потсетување, во февруари минатата година Александра објави емотивно видео во кое откри дека ѝ бил дијагностициран тумор на главата, поради кој мораше да се подложи на 4 операции.

Венчавка од соништата – Се омажи принцезата Иман од Јордан (Фотогалерија)

Принцезата Иман од Јордан (26) ,  ќерка на кралицата Ранија и јорданскиот крал Абдула Втори се омажи за 28-годишниот бизнисмен Џамел Александар Термиотис  во Аман, Јордан.

Невестата носеше неверојатна венчаница со долги ракави која имаше чипка на деколтето и крајот на ракавите. Нејзината коса беше во елегантна пунџа што ја покажа нејзината дијадема и долгиот превез.

Младоженецот изгледаше понежно во триделен костум, кој го комплетираше со црна вратоврска и сиво марамче кое одговараше на неговиот елек.

Принцезата Иман дипломирала на Факултетот за дизајн на Парсонс во Њујорк со диплома за бизнис администрација. Термиотис е роден во Каракас, Венецуела, во 1994 година и има грчко потекло, објави The National.

Принцезата Иман беше водена по патеката од нејзиниот брат престолонаследникот Хусеин (28).

„Иман, се молам ова следно поглавје од твојот живот да ти донесе исто толку радост, љубов и смеа колку што ни донесе со текот на годините. Честитки за невестата и младоженецот!“ напиша кралицата Ранија на Инстаграм.

Кралицата објави уште неколку фотографии од венчавката, вклучително и снимена семејна група. „Ден за разлика од сите други. Ви благодариме на сите што ја споделивте нашата радост“, стои во описот. Кралот носеше морнарско одело со виолетова вратоврска за специјалната пригода, додека кралицата Ранија изгледаше прекрасно во светло виолетова тоалета.

СЕ ОМАЖИ ЌЕРКАТА НА ДОНАЛД ТРАМП: Детали од ЛУКСУЗНАТА венчавка на Тифани и милијардерот (Фото и Видео)

Најмладата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, се омажи за египетско-американскиот претприемач Мајкл Булос на семејниот имот Мар-а-Лаго.

На свадбата на Тифани преовладуваа белата и сината боја, а поранешниот претседател дефинитивно не штедел на свадбата на својата ќерка, за која отворено призна дека не му е омилена, туку всушност, „најмалку омилена“.

Кума била полусестрата на невестата Иванка Трамп, миленичката на Доналд, која според многумина ја засенила самата Тифани, која блескала во луксузната венчаница со долги ракави како принцеза од Ели Сааб.

Марла Мејплс, мајката на Тифани се појави во фустан од лаванда на едно рамо од истиот дизајнер.

Трамп беше во смокинг, понекогаш расположен, понекогаш со мрачно лице.

Младенците се венчаа пред семејството и пријателите под олтар украсен со розови, сини и бели цветови.

Цветниот аранжман одговараше на светлосиниот фустан што го носеа деверушите на Тифани Трамп, меѓу кои беше и нејзината полусестра Иванка Трамп. Постарата ќерка на Доналд Трамп, која американскиот милијардер ја имаше со поранешната сопруга Ивана Трамп, блесна во луксузна тоалета, кој ја искомбинира со фантастични металик сандали.

Откако младенците кажаа „I do“, започна уживањето во коктели. А кога падна ноќта, дојде време за екстравагантна церемонија на Флорида. Тифани и Мајкл ангажирале бенд со најмалку 10 членови и танчери, пишува Page Six.

Гостите уживаа во забавата на маси покриени со бујни цветни аранжмани и високи кристални канделабри.

Свадбата беше како раскошна бајка, но среќниот крај не беше без предизвици.

Само неколку дена пред големиот настан, Тифани, наводно, била лута откако нејзината „вечера за добредојде“ била загрозена поради ураганот Никол.

„Тие го испратија персоналот дома. Тифани сè уште беше таму“, изјави инсајдер за Page Six во четвртокот, мислејќи на луксузната резиденција на Доналд во Палм Бич.

“Некои гости доаѓаа една недела и ги планираа сите овие работи. Тоа требаше да биде гала настан. Мораа да ги откажат денешните настани и излегувањето на голф за утре. Сите останаа внатре”, додал изворот.

Ураганот Никол удри во Флорида претходно оваа недела и го затвори меѓународниот аеродром во Палм Бич, влијаејќи на тоа кој би можел да лета на свадбата.

Изворот претходно изјави дека младенците очекуваат 500 гости. Тогаш не се знаеше колку од нив морале да го откажат доаѓањето или начинот на кој стигнале до свадбата поради невремето.

„Тифани планираше голема свадба, нејзиниот вереник е од многу богато семејство, а таа е од многу богато семејство и тие сакаат сите нивни пријатели од целиот свет да бидат на свадбата“, изјави извор пред гала настанот.

Сепак, парот успеа да добие дозвола за венчавка во вторникот – само неколку часа пред судот во округот Палм Бич да биде принуден да затвори цела недела.

И покрај лошото време, Тифани вчера успеа да ја прослави својата венчавка со семејството и најблиските пријатели.

Да потсетиме, Тифани и нејзиниот четири години помлад сопруг Мајкл се свршија во јануари оваа година во дворот на Белата куќа.

Вереничкиот прстен чинел 1,2 милиони долари.

„Беше чест да прославувам многу пресвртници, историски прилики и да создадам спомени со моето семејство во Белата куќа. Ништо поспецијално од мојот ангажман со мојот неверојатен свршеник Мајкл“, напиша тогаш Тифани, а тие исто така го посетија Белград пред неколку години.

Зетот на Трамп е наследник на нигерискиот конгломерат „Boulos Enterprises“, за кој се претпоставува дека вреди неколку милијарди долари.

Двојката се запознала четири години претходно додека тој студирал во Лондон, а таа била на европски одмор. Младиот бизнисмен пред да ја запознае четири години постарата сопруга, често менувал девојки и се забавувал, а слободното време го користел за крстарење по Медитеранот. Меѓутоа, кога ја запознал Тифани – сè се променило.

„Црната овца на семејството“, како што американските медиуми ја нарекуваат Тифани, е една од ретките членови на семејството Трамп против кои не се води кривична постапка.

Фактот дека пораснала само со нејзината мајка Марла Мејплс, која му била втора сопруга на Доналд, ја направи Тифани сосема поинаква од остатокот од семејството, а и денес не е некој што „притиска“ да биде во центарот на вниманието. Всушност, фактот што сите овие години важеше за аутсајдер ја спаси од „влечење низ калта“ низ која поминаа нејзините браќа и сестри, пренесува Story.hr.

Врската помеѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата втора сопруга, актерката и поранешна манекенка Марла Мејплс, своевремено зовре во сите медиуми. Причината е едноставна – во времето кога двајцата ја започнаа својата романса, тој сè уште беше во брак со покојната Ивана Трамп.

Проблемите во бракот со Ивана станаа познати во 1989 година, кога на одмор во ски-центарот во Аспен изби јавна расправија, а Ивана поднесе барање за развод откако дозна дека Трамп има љубовница Марла.

По неговиот развод, прељубничкиот пар се венчал, а биле во брак од 1993 до 1999 година.

Разводот бил неизбежен бидејќи, како што подоцна објаснила Марла, „тие не се согласувале во погледите на светот, а имале поинаква идеја за воспитување на својата ќерка“.

После тоа, Марла се преселила во Калифорнија каде сама ја одгледала Тифани.

Фото: Инстаграм ТифаниТрамп/ИванкаТрамп/профи/инстаграм HABIBSAIDI_

Мис вечавка: Се венчаа Мис Аргентина и Мис Порторико (ВИДЕО)

Мис Аргентина и Мис Порторико стапија в брак. Аргентината Маријана Варела ја откри веста на Инстаграм со низа фотографии, а нивната венчавка ја опиша како „посебен ден“, што се случил на 28 октомври. Истата објава ја сподели и Фабиола Валентин на својот Инстаграм-профил.

Девојките се запознале на меѓународниот избор за убавина „Мис гранд интернејшнал 2020“ (Miss Grand International 2020), но нивната врска ја чувале во тајност.

Инаку, Маријана ја претставуваше Аргентина на изборот за „Мис Универзум 2019 година“ и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот „Мис гранд интернејшнал 2020“. Како модел работела со бројни агенции и за различни кампањи. Фабиола беше „Мис Порторико“ за 2020 година.

Се омажи ќерката на Пол Вокер, до олтарот ја придружуваше Вин Дизел

На фотографиите се гледа како Медоу до олтарот ја води Вин Дизел, кој беше најдобар пријател на нејзиниот татко. На другите фотографии кои ги сподели со пријателите таа и нејзиниот сопруг позираат насмевнати додека гостите фрлаат рози.

„Конечно венчани“, напиша таа во описот.

Медоу за Вог изјавила дека поради коронавирусот била одложена организацијата на венчавката.

Манекенка се ОМАЖИ за САМА СЕБЕ, им порача на мажите – „Не ме интересирате“

Верувале или не, но најновиот тренд во светот е да се омажиш или да се ожениш за себе. Нема похармонична верзија на бракот, освен ако немате тенденција да се карате со себе или да се изневерувате.

Имено, сологамијата или бракот со себе е почеста појава отколку што мислиме, а луѓето ширум светот се колнат во себе на вечна љубов и ја велат познатата реченица „во добро и зло, додека см*тта не не раздели“.

Поради љубовта кон себе, и Крис Галера, модел и инфлуенсерка од Бразил, се одлучи за ваков тип на венчавка.

– Не се срамев, одлучно застанав пред црквата. Се нашминкав и си ја средив косата. Сите ме гледаа, бидејќи немав личност до мене со која ќе се венчам – изјави Крис за својата венчавка.

За оваа пригода, Галера носела прекрасен фустан со деколте, а бидермаерот одлучила да го фрли на случајни минувачи.

– На повеќето луѓе им се допадна и беше интересно да се види. Мислеа дека се шегувам, но навистина се омажив за себе. Ми беше интересно кога жените дофрлуваа да го направат истото – рече оваа жена и додаде дека илјадници мажи и се додворуваат секој ден на социјалните мрежи.

– Ви благодарам момци, но не ме интересирате – одговори таа на нивните понуди.

Крис призна дека ја донела оваа одлука поради неуспешни врски и измами од нејзините поранешни партнери.

– На сите мои партнери не им се веруваше и јас бев повредена неколку пати. Сакам да сум приоритет, а сега дефинитивно сум – рекла Галера.

Меѓутоа, како што вели, не ја исклучила целосно можноста еден ден да се смири со својата сродна душа.

– Ако се појави мажот на мојот живот, тоа не значи дека ќе се разведам самата од себе. Ќе го ставам мојот партнер на второ место, бидејќи првото е засекогаш резервирано за мене – заклучи таа.

Скопје 24 мк

Бетмен и Анастасија го одиграа свадбениот танц, Дениција ја дувна роденденската свеќичка

Македонската новинарка, поранешна уредничка на Телевизија Алфа, Анастасија Богдановска, го кажа судбоносното ДА. Таа и нејзиниот ибраник, Богдан Илиевски, еден од водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Анастасија и Бетмен Велит свадбената веселба ја направија една година по раѓањето на нивната ќерка Дениција. Дениција на прославата која се одржа во Охрид ја дувна и првата роденденска свеќичка.

На прославата присуствуваа неговите пријатели од „За заедничка Македонија“, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски.

ДРАМА: Бега од венчавка – младата трча колку што ја држи силата, младоженецот се обиде да ја спречи (ВИДЕО)

Сигурно сте слушнале дека невеста рекла „не“ на свадбата или дека побегнала од церемонијата, но ретко кој може да замисли дека тоа навистина се случува.

Најдовме видео на социјалната мрежа ТикТок, во кое невестата бега од венчавката, па влегува во автомобилот во кој ја чека возачот и бега, додека младоженецот трча по неа, но тој не успеа да ја стигне. Сè што успеа да стори е да го фрли чевелот кон автомобилот во кој таа побегна.

Ова видео е направено како смешна скица, а автор е девојче по име Нина Драма на ТикТок, а нејзиното вистинско име е Нина Мари Даниели.

@ninadrama

What would u do? 😳 POV in @brittneyraeallday page 👰🏻💔 #wedding #weddingdress #fail #valentinesday #ninadrama #funny

♬ original sound – Nina Marie Daniele