Tag Archives: ВенкоФилипче

Димитров: Филипче дрско лаже

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на Алсат-М одговори на обвинувањето на министерот за здравство Филипче кој тврди дека потписникот на Преспанскиот договор не само што немал контра ставови на антиковид мерките туку дека воопшто не доаѓал во телото каде се разговарало за темата.

,,Така дрско да се лаже. Не може да се прави политика со една лага наспроти друга лага. Филипче дрско лаже. Нека ги проверат стенограмите од 97 седница на влада од август”, вели Димитров кој вели дека молчел додека бил во владата затоа што требало да се решаваат работите одвнатре.

Димитров вели дека владата се мачела со него и сакал да ги наметне своите ставови во владата.

Тој тврди дека и додека бил во владата не молчел иако досега нема случај во кој тој јавно ја критикувал власта пред да не добие место во новата влада на Ковачевски.

ЛИДЕ не се ОТКАЖУВА од ВЕНКО: Џингл бел, џингл бел, ти си како костен врел, снег нема да топиш, за руска моркови ќе дробиш…

Весели ноти во овој црн ковид период што го врви и Македонија внесува Лиде Лиде, која македонската јавност ја запозна по позитивните коментари на објавите на министерот за здравство во оставка, Венко Филипче.

Лидија Гиновска е девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот, позната за јавноста како Лиде на Венко сега на својот ЈуТјуб – канал објави нова песна.

Филипче се откажа од функциите во партијата и државата, ама Лиде не се откажува од Венко.

„Џингл бел, џингл бел, ти си како костен врел, снег нема да го стопиш, за руска моркови само ќе дробиш. Грашок на планина не се јаде, тебе ќе ти бидам ако треба и Жаде…“

Видеото со празничната песничка на Лиде Лиде може да го погледнете ТУКА.

https://youtu.be/M-0cz2n7Q7Q

Горд сум што во мојот мандат платите на лекарите беа зголемени речиси двојно

Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам средба. Ќе му оставам аманет да биде одговорен и транспарентен, пред сè, кон новинарите, рече министерот во заминување, Венко Филипче.

Тој рече дека е горд што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно.

– Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Сметам дека добро се справуваме со пандемијата. Состојбата е мирна. Нема да правиме дополнотелни рестрикции, изјави Филипче.

Како што рече тој, најмногу жали што не успеал да го изгради Клиничкиот центар.

Вакцина или негативен ПЦР тест ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО администрација

Најмалку со една доза вакцина ќе треба да бидат вакцинирани вработените во јавниот сектор за да може да одат на работа, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Утринава тој ги соопшти новите мерки кои до Владата ќе ги предложи Комисијата за заразни заболувања.

– Комисијата и предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена, порача Филипче.

Како што кажа Филипче од мерките се изземени случаите на ретки имунолошки состојби.

-Тоа се ретки имунолошки состојби за што ние ќе излеземе со соодветна листа на болести, рече Филипче.

Друга мерка која е предложена е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството.

-Дополнително на приватните работодавачи ќе им се препорача да побараат од нивните вработени да се вакцинирани за да одат на работа. Мерките ќе почнат да важат десет дена по одржување на владината седница, на која ќе бидат прифатени мерките, потенцира Филипче.

За контрола на оваа мерка министерот предлага да се назначи одговорно лице, кое ќе ги проверува документите при влез на работното место.

Филипче најави нова мерка: Влез само со ДВЕ ДОЗИ на вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче, во изјава за медиумите, денеска информираше дека во болниците има доволно слободни кревети за хоспитализација на заразени од корона вирус.

 -Во некои градови се намалува бројот на пациенти. Во однос на новодијагностицираните во изминатите денови се бележи едно плато, односно ист бројот на новозаразени. Тешко е да се каже дали ова ќе продолжи. Се прави детална анализа во Институтот за јавно здравје која ќе биде индикатор за нови дополнителни мерки, рече Филипче.

Министерот го најави и потенцијалното дополнение на мерката „една доза вакцина“ за влез во молови, ресторани…

-Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, рече Филипче потенцирајќи дека тоа би било во месец октомври, согласно анализата на која се работи и која ќе покаже каква е состојбата со заразени по региони, возраст, пол, опфат на вакцинација итн.

Богоевски: Венко покажа одговорност, која ужасно недостасува во политиката

Поранешниот пратеник Павле Богоевски, кој се повлече своевремено од функцијата пратеник заради скандалот со аудио снимката поврзана со договарање за набавка на психотропни супстанции, вчера вечер во врска со понудената оставка на Венко Филипче истакна:

Сите си ја сакаат функцијата, но малкумина ја почитуваат доволно за да отстапат кога тоа го бара интегритетот на истата.

Венко денес покажа одговорност, која често и кај многумина во македонската политика ужасно недостасува.

На хејтерите, ќе им кажам само дека политичка одговорност и вина се две сосема различни работи. Ама не очекувам дека ќе сфатат – никогаш го немаат почуствувано ниту едното, ниту другото. Браво, другар!! – напиша Богоевски.

Дали оставката на Венко е ДОВОЛНА ❓

Бура на реакции следеа три дена по трагичниот настан во Тетово, но вистинското прашање се поставува: Дали оваа оставка на Венко Филипче е доволна за да ја „покрие“ трагедијата?

Имено Филипче на вчерашната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека не бега од одговорност, но ќе почека да заврши истрагата, па по тоа ќе донел одлука за тоа дали ќе даде оставка од функцијата.

За 24 часа Венко Филипче, со стилот на премиерот Зоран Заев, „рекол-порекол“, се предомисли и на денешното обраќање објави дека поднел пишана оставка до премиерот.

Логично тука се поставува прашањето – Зошто Филипче се предомисли, дали поради притисокот од страна на јавноста или пак интерен договор за обид за прикривање на целосно настанатата ситуација со трагедијата?

Самата оставка можеше да биде неотповиклива, но Филипче како да му го даде целиот свој „интегритет“ на Зоран Заев кој сега е на потег да одлучи дали Венко треба да си замине од функцијата министер.

Граѓаните треба сами да проценат дали оставката на Венко е доволна или пак треба и оставка од првиот човек на Владата. Но јасно е дека одговорност мора да има, а надлежните институции да сработат професионално, без притисоци и прикривања затоа што ова е една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија, а семејствата на починатите најмалку што заслужуваат е да да ја најдат правдата, а виновниците да одговараат.

Најтешко и е на Лиде Лиде на Венко 💔

Сеуште нема реакција од страна на верната обожавателка на министерот за здравство Венко Филипче, Лиде Лиде, по одржаната прес конференција каде што тој поднесе оставка.

Имено, Лиде Лиде од самиот почеток на министерувањето на Филипче се чинеше дека му е најголемиот поддржувач, објавувајќи статуси каде што му изразува и љубов, дури љубовта ја искажа преку песна во една прилика.

Очекуваме да видиме дали до крајот на денот ќе ја оправда оваа одлука на Филипче да си замине од функцијата, или најверојатно ќе го чека епилогот од страна на премиерот Зоран Заев.

Очекуваме министерот сега да има време за кафе со неговата верна подржувачка.

Филипче: Многу жалам за загинатите, понудив пишана ОСТАВКА до премиерот!

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната вонредна прес конференција си поднесе оставка поради морална одговорност за пожарот во Тетово.

– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите. Сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани како лекар и министер имам интегритет затоа денес од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, изјави Филипче.

Инаку, пред оставката на Филипче, попладнево оставки од функцијата поднесоа и заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани, директорот на болницата во Тетово д-р Флорин Бесими, како и економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми. Сите како причина за поднесување оставка наведуваат морална одговорност за пожарот во тетовската модуларна ковид болница каде загинаа 14 лица.

(ВО ЖИВО) Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче по завчерашната трагедија во Тетово во модуларната болница каде во пожарот загинаа 14 лица.

Прес конференцијата може да ја проследите на следниов линк: