Tag Archives: ВенкоФилипче

Филипче длабоко потресен: По истрагата ќе донесам одлука дали ќе дадам ОСТАВКА! (Видео)

Министерот за здравство Венко Филипче одржува прес конференција по страшната трагедија во модуларната болница во Тетово , каде животот го загубија 14 лица, а 12 се борат за живот. 

Во моментов трае истрагата , рече Филипче и замоли да се сочекаат официјалните наоди . Експерти од странство ќе помогнат во истрагата рече Филипче и додаде дека никој нема да ја избегне казната. Во моментот на пожарот имало 26 пациенти , од кои 12 биле евакуирани .

Филипче рече дека ја има целата документација за модуларната болница , која е изградена по стамндарди на Светска банка.

Министерството ќе соработува со истражните органи , зашто во наш интерес е да дознаеме што се случуи , рече Филипче.

То истакна дека ќе го почека завршувањето на истрагата за да донесе одлука дали ќе си поднесе оставка.

Филипче: Трета доза ќе биде потребна

Никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од заразување, туку дека штити од тешка форма на болеста и 20 пати го намалува ризикот од смртен исход од коронавирусот. Така е секаде во светот – Ова го одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарското прашање како излезе дека има смртни случаи и кај вакцинираните лица, и покрај уверувањето од здравствените власти дека вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт.

„Секаде во светот и во регионот болниците се полни со невакцинирани пациенти. Тие се околу 80 отсто од заболените. Не знаеме како ќе се движи пандемијата, само вакцинацијата е таа што ќе го врати животот во нормала. Во вакцините не треба да има сомнеж, сите вакцини се безбедни. Таа е единствениот процес кој ќе го спаси светот од оваа пандемија“, рече Филипче. 

Но, како што вели, во земјава се уште има невакцинирани граѓани.

Тој нагласи дека во земјава во моментов има 300 илјади вакцини, 110 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак. Објасни и дека секоја недела во земјава пристигнуваат од 30 до 40 илјади вакцини на Фајзер.

„Имавме состанок со нив, со претставници на таа компанија. Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме“, рече министерот за здравство.

Заради група антиваксери нема да дозволиме да страда целото општество

5 нови случаи на заразени со делта сојот, од кои 3 се во Тетово. Здравствените власти нема да дозволат цела држава да страда поради граѓани кои не сакаат да се вакцинираат. Рестрикции се можни но од есен доколку дојде нов бран од пандемијата.

Вакцинацијата не е задолжителна, но во исто време размислуваме да воведеме некакви ограничувања од септември или октомври доколку се соочиме со нов бран. Сепак, не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира. Ние не можеме да живееме затворени. Мора светот да функционира, да биде отворен, затоа е и всушност вакцината измислена, за да се врати животот во нормала, вели Филипче

Земјите околу нас процентуално не отскокнуваат многу во бројот на вакцинирани граѓани, па затоа министерот смета дека засега нема потреба од паричен стимул или делење ваучери. Филипче потенцира дека вакцините се достапни секому и овој период треба да се забрза процесот на имунизација.

Филипче рече дека тоа треба да биде прилично висок. Појасни дека со новите агресивни соеви на вирусот, како што е индискиот, кој брзо се шири, а во некои земји има резултати кои укажуваат дека висок процент од заразените се невакцинирани, но може да се заразат и вакцинирани, со тоа што ќе имаат полесна форма на болеста.-Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да биде вратен се со цел да имаме нормален живот, нагласи Филипче.

Околу 500 деца се вакцинирани со Фајзер од пријавени 1.800 на возраст од 12 до 18 години. Во меѓувреме се одвива и теренската вакцинација по руралните средини.

Филипче ГО УТНАЛ кодот за логирање на ТВИТЕР или лоша ПР комуникација со БЛОКИРАН акаунт?

Утрово „Твитеро“ на Венко Филипче бил ставен под рестрикција. Објаснување даде од Министерството за здравство.

„Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи профилот, се работи на надминување на проблемот.“,се вели во соопштението.

Филипче се појави на рекламен материјал од Погребален сервис (Видео)

Не знае човек веќе дали е смешно или тажно, но министерот за здравство Венко Филипче се појави на запалка која е рекламен материјал на Погребален сервис Вечен дом, на која на едната страна е рекламата за погребните услуги, а на другата страна пишува „Слушај го Венко“, погледнете видео: