Tag Archives: ВикторОрбан

Скандали во Брисел! – Зеленски дојде да се слика, Орбан не му аплаудираше

Вчера беше објавено видео од Брисел на кое се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се приближува до шефовите на земјите-членки на ЕУ.

Она што на сите им падна во очи е унгарскиот премиер, кој во тој момент не му аплаудираше на Зеленски и покрај тоа што речиси сите останати собрани тоа го направија пред заедничката фотосесија на лидерите на ЕУ во Брисел.

Таа сцена збуни многу корисници на социјалната мрежа, имајќи предвид дека сите освен Орбан му аплаудираа на Желебски, додека унгарскиот премиер одби да му даде поддршка во форма на аплауз, а се уште не се знае дали тоа е случајно или намерно.

Имено, веднаш откако ова видео почна да кружи низ мрежите, Виктор Орбан објави фотографија со Володимир Зеленски на која се гледа како унгарскиот премиер и украинскиот претседател се ракуваат.
Унгарскиот државен секретар за меѓународни комуникации Золтан Ковач најави дека Унгарија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна и финансиска помош за Украина.

Оваа изјава уследи по денешната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Брисел.

Имено, на својот Твитер профил, Ковач сподели фотографија на која Орбан и Зеленски се ракуваат на маргините на состанокот на Европскиот совет, која ја објави и Орбан на својот Инстаграм профил.


„Ние поддржуваме итен прекин на огнот со цел да се избегнат нови смртни случаи. Унгарија припаѓа на мировниот камп“, му рекол Орбан на украинскиот претседател, рече Ковач.

За време на говорот на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, Зеленски им се заблагодари на европските лидери за помошта што нему и на Украина ја пружија за време на руската инвазија на неговата земја, а во таа прилика исто така нагласи дека неговата земја е се поблиску до приклучување кон Европската Унијата.

Претходно беше најавено дека украинскиот претседател ќе учествува на самитот на ЕУ во Брисел, кој ќе се одржи од 9 до 10 февруари.

Курир.рс

Стоп за банкарската алчност: CE 3AМР3НУВAAТ КAМAТИТE НA KPEДИТИТE

Унгарија од јануари ќе ги замрзне каматните стапки на хипотекарните кредити за населението на шест месеци, најави денеска премиерот Виктор Орбан.

Тоа е најновата во низа мерки за заштита на домаќинствата од зголемените трошоци пред националните избори, кои најверојатно ќе се одржат во април следната година, пишува Ројтерс.

„Инфлацијата има влијание на многу области, на пример, на каматите на претходно земените заеми. Затоа мораме да изградиме нови линии на одбрана. Почнуваме да ги замрзнуваме каматните стапки на кредитите за домаќинствата“, рече Орбан во видео пораката на фејсбук.

Тој прецизираше дека каматните стапки на станбените хипотекарни кредити ќе се фиксираат на ниво од крајот на октомври, а намалувањето на стапката на отплата на кредитите граѓаните ќе го почувствуваат од февруари.

Унгарската централна банка, прва во Европската унија која почна да ги зголемува трошоците за задолжување откако изби пандемијата на коронавирус на почетокот на 2020 година, ја зголеми референтната каматна стапка за 180 базични поени од јуни, на највисоко ниво од мај 2014 година.

Инфлацијата во Унгарија во ноември се искачи на највисоко ниво во последните 14 години од 7,4 отсто, над сите очекувања, поттикната од повисоките цени на горивата, алкохолот и тутунот. Цените на услугите се зголемија за 4,6 отсто.

Централната банка соопшти дека ќе мора да продолжи со зголемувањето на клучните каматни стапки до следната година за да го спречи наглиот раст на цените и зголемените инфлациски очекувања.

Трговците со валути на берзата во Будимпешта велат дека објавата на Орбан ја притиснала форинтата да се тргува околу еден процент под историскиот минимум од 372 за евро, забележан во ноември.