Tag Archives: Владика

Владиката Петар ги прогласи новинарите за фанаридиоти, а Партениј го нарече теле

Скандалозно, на моменти конфузно и неповрзано, но генрално полно со деструктивност и антихристијански, звучеше вчера Владиката Петар во обраќањето по интронизацијата на Јован за нов Митрополит на МПЦ-ОА на Крушево и Демир Хисар.

Владиката Петар, кој генерално е познат по своите навредливи проповеди, обликувани со доза на лажен патриотизам, го искористи чинот на интронизација повторно да го нападне валидиката Партениј и новинарите.

Обвинувајќи го за „гуру духовништво“, Владиката Петар го спореди отец Партениј со Теле на кои му се поклонувале верниците, индиректно навредувајќи илјадници верници во Македонија.

Новинарите пак кои ги следат состојбите во МПЦ-ОА и критички ја опсервираат работата на Црквата, Владиката Петар ги нарече „Фанаридиоти“ кои ја резнебитувале Црквата, додека тој и некои други владици ја чувале.

Стилот и реториката на Петар не е за изненадување и ниту е прв пат да ги навредува новинарите и владиката Партениј, ниту пак е последен пат на литургии да го воспева својот лажен патриотизам во кој тој живее.

Она што сериозно загрижува е конфузноста во говорот и неможноста владиката сам да ја прати својата мисла, па на моменти реди зборови кои не формираат логични реченици. Триумф на ваквиот конфузен говор е дека ќе ги обединел Москва и Фанар.

Ако владиката Петар не е незнајниот семоќен пророк на 21 век, тогаш Синодот на МПЦ-ОА има сериозен предизвик во одлуката за иднината на Преспанско-пелагониската епархија. Владиката Петар е во години, и ниту е страшно, ниту е срамно да замине в пензија, достојно како и што управуваше со епархијата 42 години.

Извор: религија.мк

https://youtu.be/NxPchRfvoaU?feature=shared

Владиката Петар: Мене не не интересира вас кој ве финансира, нека не ве интересира кој ја финансира мојата телевизија

„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира кој вас ве финансира“, одговори вечерва владиката Петар во гостување на Телма на прашањето кој ќе ја финансира телевизијата основана од неговата фирма.

Името на Телевизијата, формирана од фирмата „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1-ви мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

Според владиката, оваа телевизија нема да биде свештеничка телевизија и ќе има 50% забавен карактер, а 30% ќе има образовен и документарен карактер.

Владиката Петар отвора телевизија во Скопје?

Владиката Петар ќе отвора телевизија, откако добил дозвола за тоа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нова телевизија на релгионално нив во Скопје, објави Фактор.мк

Барањето за дозвола го поднела компанијата „Преобразба“, а нејзин основач, сопственик и управител е Петар Каревски.

Фактор пишува дека дозволата издадена од АВМУ е за телевизија со општ формат, како што се претежно сите телевизии во Македонија. Треба да се емитува преку кабелските оператори на регионално ниво во Скопје кое ги опфаќа и и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Скопскиот регион е најголем и економски најјак.

Но, за старт на телевизијата е потребно правното лице, односно фирмата на Владиката да ги исполни условите, кои бараат прилично голема инвестиција.

Владиката Петар изминатиов период во јавноста го обвинуваше Бигорскиот манастир дека му се мешале во ингеренциите во епархијата, па оттука лоѓично е прашањето зошто изборот за работа на телевиизјата е Скопје, а не Битолскиот регион, каде тој е владика.

Со оглед на тоа дека станува збор за општо формат на програма, тоа подразбира и информативна програма, што може да биде прилично дискутабилно со оглед на улогата во општеството што ја има сопственикот на телевизијата.

Владиката Тимотеј за пописот: “Мижи асан да ти баам, не’ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дaли се православни”

Мижи Асан да ти баам. Со цел памет нѐ убедуваат дека 240.000 луѓе не знаеле дали се православни, римокатолици или протестанти, па затоа биле внесени во општата графа „христијани“ на пописот. А јас тврдам дека од тие 240.000 попишани, дури 238.000 се православни, ама некому така му одговарало.

Ова во разговор за Плусинфо го тврди митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј, откако во резултатите од Пописот 2021 година, освен графите „православни“, „католици“, „адвентисти“, „протестанти“, вметната е и графата „христијани“ која брои над 240.000 луѓе.

-Кога мене ме попишуваа, никој не ме праша дали сум православен. Јас морав да инсистирам да ме попишат како православен. Ако не инсистирав, ќе ме внесеа во графата „христијани“, па сега ќе излезеше дека и јас не си ја знам верата, вели Владика Тимотеј.

– Сакате да кажете дека 240.000 луѓе не знаеле од која вера се, небаре биле пијани? Може да не знаеле двајца, тројца, петмина или десетмина, ама смешно е да се каже дека 240.000 луѓе не знаеле на која вера припаѓаат. Ние не можеме да тврдиме дека сите тие луѓе се православни, но дека најголемиот дел од нив се православни, тоа е апсолутно така. Ние многу добро знаеме колку има католици и колку има протестанти во Македонија, не е тоа тајна. Ако 240.000 луѓе се попишани како христијани, тоа значи дека најмалку 238.000 од нив се православни. Вчера ја прочитав изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека не биле виновни попишувачите, туку дека луѓето не ја потенцирале точно својата вера. Таквата изјава е потценувачка и срамотна – изјави владиката Тимотеј.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Сакаат да не поделат – Владиката Петар открива: MПЦ е под голем ПРИТИСОК од БУГАРСКИТЕ власти

Ова за Пресинг ТВ го изјави митрополитот Преспанско-пелагониски, владиката Петар, во чија епархија и надлежност припаѓа и црквата „Св.Архангел Михаил“ во селото клепач, по денешната негова средба со архиерејскиот намесник и парохискиот свештеник. Владиката Петар уште вели дека од медиумите слушнал дека во дворот на црквата имало некаков проблем.

Црквата „Св.Архангерл Михаил“ деновиве се најде во цетарот на вниманието поради последната протестна нота, што бугарското МНР ја испрати до нашето, а повод за тоа беше новопоставениот споменик посветен на војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета, кои загинале во борба со османлиски аскер. И за таа борба постојат два термина. Едниот, дека се случила во 1904, а според другиот во 1906 година.

Владиката Петар потенцира дека според Уставот, Црквата е одвоена од државата и државата, односно политиката нема право да се меша во црковните работи, исто како што Црквата нема право да се меша во државните.

-Ние сме веќе подолго време изложени на провокации и притисоци од страна на бугарски политичари, особено конзулите. Двајца од нив, се додека не им реков дека веќе не сакам да ми доаѓаат, ниту да им одам за да се видиме, си земаа слобода да не напаѓаат, на пример, околу промената на иконата „Св.Троица“, што се наоѓа во црквата „Св.Богородица“ во Битола, веденаш до Митрополијата. Таа беше неканонски поставена и одлучивме да ставиме нова икона, а тие со ујдурми, демек, е како сега икона ќе менувате, сакаа да не спречат во тоа, вели Владиката Петар.

Владиците Агатангел и Петар

Според него, целта на бугарските политичари е да ја прикажат црквата како своја и да кажат дека тоа население е бугарско, што нема врска со реалноста.

-ЕДНОСТАВНО, САКААТ ДА НЕ ПОДЕЛАТ. ПА ТАМАН РАБОТА АКО ЦРКВИТЕ СЕ ОДРЕДУВААТ СПОРЕД НЕКОГАШНАТА ЈУРИСДИКЦИЈА. ЈУРИСДИКЦИЈА НА ОВИЕ ПРОСТОРИ ИМАЛА И СРПСКАТА, И ЦАРИГАРДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА, И БУГАРСКАТА, ПА И АЛБАНСКАТА ЦРКВА. И ТУКА ИМА ЗАДНИ НАМЕРИ. ЦЕЛТА НА ВАКВИТЕ ПРОВОКАЦИИ И ПРИТИСОЦИ Е ДА СЕ ПРИКАЖЕ ДЕКА НЕ СМЕ ИМАЛЕ ЦРКВА ДО 1958 ГОДИНА, ОД КОГА ДАТИРА САМОСТОЈНОСТА НА МПЦ, А СО ТОА И ДЕКА НЕ ПОСТОЕЛА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА, НАГЛАСУВА ВЛАДИКАТА ПЕТАР.

Притоа владиката Петар нагласува дека последниве дваесетина години со Бугарската православна црква немаат никакви спорови или недоразбирања.

Последната протестна нота од официјална Софија претставува нов притисок врз Македонија, но и потврда дека сме на удар на бугарските служби. Зашто, ако се прочита првичниот текст со кој беше обелоденет целиот настан, може да се види дека за смената на плочата се знае цела година наназад.

Оттука, се поставуваат неколку прашања. Прво, зошто на реакција се чекало цела година, второ, зошто авторот на текстот не проверил дали споменикот има статус на заштитено културно наследство, четврто, зошто авторот не прави дистинкција меѓу државата Македонија и МПЦ, петто, зошто не кажува точно кога, од кого и чија била соджината на текстот на споменикот, шесто зошто бугарското МНР се меша во црковни работи, а не реагира БПЦ, и седмо, дали македонското МНР или Владата ќе почнат да се мешаат во внатрешните работи на МПЦ-ОА? -koментира „Пресинг ТВ“

Индикативно е што и во овој случај се јавува Фондацијата Македонија и нејзиниот прв човек Виктор Стојанов, кој како разузнавачки питбул на претседателот Румен Радев станува главна перјаница во креирањето на македонско-бугарските односи и наместо да ги смирува, само уште повеќе ги разгорува страстите.

Старата плоча не е скршена, туку е ставена нова и зад тоа стојат сите селани на селото Клепач. Тие сакале да испратат порака дека не се сложуваат со фалсификувањето на историјата од страна на Бугарија. Да, војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета загинале во борба со турски аскер во 1904 година, но тие не се бореле за обединување на Македонија со Бугарија, како што пишувало на споменикот, туку за самостојна Македонија. Споменикот бил поставен во периодот меѓу 1914-1918 година, за време на Првата светска војна, кога Бугарите го напишале тоа за „присоединување на Македонија кон Бугарија“. Но, сите селани на Клепач едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.

Ова за Пресинг ТВ го изјави митрополитот Преспанско-пелагониски, владиката Петар, во чија епархија и надлежност припаѓа и црквата „Св.Архангел Михаил“ во селото клепач, по денешната негова средба со архиерејскиот намесник и парохискиот свештеник. Владиката Петар уште вели дека од медиумите слушнал дека во дворот на црквата имало некаков проблем.

Црквата „Св.Архангерл Михаил“ деновиве се најде во цетарот на вниманието поради последната протестна нота, што бугарското МНР ја испрати до нашето, а повод за тоа беше новопоставениот споменик посветен на војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета, кои загинале во борба со османлиски аскер. И за таа борба постојат два термина. Едниот, дека се случила во 1904, а според другиот во 1906 година.

Владиката Петар потенцира дека според Уставот, Црквата е одвоена од државата и државата, односно политиката нема право да се меша во црковните работи, исто како што Црквата нема право да се меша во државните.

-Ние сме веќе подолго време изложени на провокации и притисоци од страна на бугарски политичари, особено конзулите. Двајца од нив, се додека не им реков дека веќе не сакам да ми доаѓаат, ниту да им одам за да се видиме, си земаа слобода да не напаѓаат, на пример, околу промената на иконата „Св.Троица“, што се наоѓа во црквата „Св.Богородица“ во Битола, веденаш до Митрополијата. Таа беше неканонски поставена и одлучивме да ставиме нова икона, а тие со ујдурми, демек, е како сега икона ќе менувате, сакаа да не спречат во тоа, вели Владиката Петар.

Владиците Агатангел и Петар

Според него, целта на бугарските политичари е да ја прикажат црквата како своја и да кажат дека тоа население е бугарско, што нема врска со реалноста.

-Едноставно, сакаат да не поделат. Па таман работа ако црквите се одредуваат според некогашната јурисдикција. Јурисдикција на овие простори имала и српската, и Царигардската патријаршија, и бугарската, па и албанската црква. И тука има задни намери. Целта на ваквите провокации и притисоци е да се прикаже дека не сме имале црква до 1958 година, од кога датира самостојноста на МПЦ, а со тоа и дека не постоела македонска нација, нагласува владиката Петар.

Притоа владиката Петар нагласува дека последниве дваесетина години со Бугарската православна црква немаат никакви спорови или недоразбирања.

Последната протестна нота од официјална Софија претставува нов притисок врз Македонија, но и потврда дека сме на удар на бугарските служби. Зашто, ако се прочита првичниот текст со кој беше обелоденет целиот настан, може да се види дека за смената на плочата се знае цела година наназад.

Оттука, се поставуваат неколку прашања. Прво, зошто на реакција се чекало цела година, второ, зошто авторот на текстот не проверил дали споменикот има статус на заштитено културно наследство, четврто, зошто авторот не прави дистинкција меѓу државата Македонија и МПЦ, петто, зошто не кажува точно кога, од кого и чија била соджината на текстот на споменикот, шесто зошто бугарското МНР се меша во црковни работи, а не реагира БПЦ, и седмо, дали македонското МНР или Владата ќе почнат да се мешаат во внатрешните работи на МПЦ-ОА? -koментира „Пресинг ТВ“

Индикативно е што и во овој случај се јавува Фондацијата Македонија и нејзиниот прв човек Виктор Стојанов, кој како разузнавачки питбул на претседателот Румен Радев станува главна перјаница во креирањето на македонско-бугарските односи и наместо да ги смирува, само уште повеќе ги разгорува страстите.

Владиката Петар: Невакцинираните лица се потенцијални самоубијци и нема да влезат во царството небесно

Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

Разбирам луѓе кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, додава владиката, но како што вели, не може да ги разбере оние луѓе на кои животот им е под знак прашалник, а упорно не се вакцинираат.

-Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше, истакна владиката Петар