Tag Archives: возач

30 дневен притвор за струмичанецот кој го транспортираше Палевски до Турција

Кривичен го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор на струмичанецот, кој од Белград преку Бугарија го траспортирал првоосомничениот Палевски до Турција, каде беше уапсен.

Палевски, кој е  осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски беше фатен во турскиот град Баликесир.

Првоосомничениот за злосторството најпрвин во Белград го однел неговиот адвокат,  Васко Стојков кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа Димковски, кој сега е во притвор го пренел во Бугарија и оттаму во Турција.  Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Димковски, според пишувањата во некои медиуми, додека го превезувал Палевски не знаел дека е осомничен  за убиствата и бил искористен од него. Тој на Фејсбук споделил и фотографија од Турција, објавена утрото на 3 декември.

(Видео) Рели возач се загледал во градите на една гледачка, па излетал од патот

Се борел за победа, но потоа ја изгубил концентрацијата и излетал од патот.

Рускиот рели возач им потклекнал на ниските страсти кои го чинеле победа. Водел во трката „Петровскаја Верста“, а потоа во еден момент накратко изгубил контрола над возилото, минал директно преку кривината и заглавил во снегот.

А за грешката е виновна една гледачка, очигледно страсна навивачка на некој друг возач. Таа, имено, при минувањето на Османов ја кренала маицата, што на возачот му го одвлекло погледот и го исфрлило од такт. Му го украла вниманието доволно за да задоцни правилно да реагира, па со автомобилот заглавил во снегот.

Велешанецот кој прегази девојче бил пијан, еве за КОИ ДЕЛА ќе одговара!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Јавното обвинителство на Македонија.

Осомниченото лице денеска беше лишено од слобода, а надлежниот јавен обвинител вечерва до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор со цел да се обезбеди неговото присуство и непреченото одвивање на кривичната постапка.​

-Како учесник во сообраќајот, осомничениот на 17 декември под дејство на алкохол управувал автомобил „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки. На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, приоѓајќи на обележан пешачки премин, тој не го управувал возилото со соодветна брзина која дозволува да запре во случај на потреба и не обрнал внимание на пешаците – мајка и ќерка кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин. Со автомобилот тој удрил во мајката која паднала на земја и се здобила со телесна повреда – отворена рана на челото и во 11-годишното девојче кое од ударот било исфрлено десетина метри напред кон следниот пешачки премин, паднало и се здобило со тешки телесни повреди од кои починало на лице место. По несреќата, осомничениот не застанал да им укаже помош, туку продолжил со несмалена брзина да се движи кон населбата Превалец, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Полицијата го уапси возачот што го усмрти 11 годишното девојче во Велес

Велешката полиција денеска нешто пред пладне го пронајде и го уапси 29 годишниот А.Н. кој завчера нешто после 22 часот со патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки удри во мајка и ќерка по што 11 годишното девојче почина а мајката се здоби со тешки повреди. По предизвикување на несреќата возачот избега од местото на настанот. 

„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

Трагедија во Велес – Полицијата трага по 29-годишен велешанец КОЈ УСМРТИ ДЕВОЈЧЕ НА ПЕШАЧКИ И ИЗБЕГА !

Велешката полиција го пронајде возилото „Мерцедец“ со велешки регистерски таблички, а се уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин на ул „.Борис Трајковски“ во близина на ООУ „Васил Главинов“ во Велес усмрти 11 – годишно девојче и ја повреди нејзината 43 – годишна мајка Е.И.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес појаснува дека во несреќата малолетничката починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека со телесни повреди се здобила 43- годишната Е.И, констатирани во болницата во Велес.

Возач на автобус сними видео порака до директорот на ЈСП: Со 15 години работно искуство, за мизeрни 20 илјади паркирам автобуси…

-Почитуван директоре на ЈСП, нека види цела македонската јавност каков директор си ти. Јас сум возач со 15 годишно работно искуство, ме тераш да работам како паркирач за мизерни 20 илјади денари,  јас што автобусот го возам со затворени очи, а некои деца што пред неколку месеци положиле што немаат ни ден работно искуство им даваш да возат луѓе низ градов. Значи свесно во смрт ги праќате граѓаните.  Има линии како 53,25 кај што не смее да се згреши, една грешка и се оди право во смрт. За тоа ве замолувам да ми се овозможи да возам на линија и најпрофесионално да си ја извршувам работата, вели возачот Игор Алексиќ како порака до директорот на ЈСП Скопје.

МОРТУС – Во ресенско фатен возач со 4,07 промили алкохол во крвта

Вчера на ден 24.08.2022 СВР Битола продожи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени  4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Возел со 241 КИЛОМЕТАР НА ЧАС

Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30). Од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото.

Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.

На 50-годишна возраст почина Весна Најдоска, првата жена возач во ЈСП

Почина Весна Најдоска на 50-годишна возраст, професионален возач во ЈСП, а пријателите и колегите на социјалните мрежи се простуваат од неа, објави Фокус.

Пораките кои ги оставаат блиските сведочат за неа како прекрасна жена, но и неверојатен возач, која големиот дел од животот го минала зад воланот на автобусот.

Синот на Весна, Мартин, открива дека неговата мајка ја имала љубовта кон возењето од млади години. Аплицирала за возач на автобус во ЈСП уште на свои 22 години, но била одбиена.

-Кога ја виделе, млада,на околу 22- 23 години, плус и женско, во тоа време, ја одбиле. Но љубовта кон возењето и останала, па таа подоцна пак аплицираше и беше примена на работа како возач. Мајка ми е помеѓу првите жени возачи во ЈСП. Има многу анегдоти од нејзината работа. На почеток, кога ќе ја виделе патниците, некои од нив дури и не се качувале во автобусот, бидејќи се плашеле. -Ај леле, женско ли ќе не вози, викале, но потоа, со тек на време, кога ја запознале и увиделе дека е одличен возач, без проблем влегувале во автобус, дури и штом ќе ја виделе, знаеле да кажат – Ах, еве иде Шумахер- се присетува синот на Весна.

Најдеска во 2011 година ги урна стереотипите за жени-шофери и како единствена претставничка од понежниот пол меѓу 120 пријавени возачи, го освои вицешампионското место на европското првенство за вешто возење автобуси во Софија.

„Со упорност и многу љубов и се оствари желбата да биде возач на автобус и тоа го правеше посветено до крајот на животот. На 28-ми јануари наполни 50 години, по два дена почина од Ковид-19. Ни остави само убави спомени нам,на билсиките, но и на патниците кои многу ја сакаа, на колегите од ЈСП кои ја ценеа… Се сеќавам дека пред неколку години таа беше во соседна Бугарија, на интернационален натпревар во возење на автобус. Беше единствена жена учесничка, но сепак успеа да освои прво место. Никогаш нема да биде заборавена“, вели Мартин.

Сител тв

30 дена притвор за возачот, кој ја прегази 24- годишната Викторија Николова

Судија на претходна постапка вечерва донесе решение за изрекување мерка 30 дена притвор за 22- годишниот скопјанец, кој со возило Цитроен ја прегази 24- годишната радовишанка на прешачки премин кај Сити Мол.

„По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.“, соопштуваат од Обвинителството.

Возачот кој синоќа на Партизанска ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш беше приведен во полициска станица. Како што информираат од МВР, по налог на обвинителството се проверува дали возел под дејство на алкохол или психотропни супстанци, како и брзина со која се движел и дали поминал на црвено… Сообраќајката се случи кај Сити Мол пред 20 часот, во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин заедно со уште едно момче, автомобил „Цитроен“ управуван од 22 – годишник ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со повреди од кои починала на самото место.

Според засега неофицијалните информации, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин.