Tag Archives: возач

КАДРИ МЕМЕДИ бил ВТОРИОТ ВОЗАЧ на автобусот: Бил шофер повеќе од 20 години

Името на вториот возач на опожарениот автобус на автопатот Струма е Кадри Мемеди. Неговиот син Бесар ексклузивно за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во одделот за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот пристигнал во Бугарија за да го препознае телото, а потоасе вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и во Турција и одлично ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадри во петокот оттаму му се јавил на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво. Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ стои името – Шади Науфал Салех.

Видео

ВОЗАЧОТ НЕ ЗАСПАЛ, имало траги од кочење уште пред првиот удар?! Еве што велат бугарските експерти

Истрагата е во тек и полека се склопува моаикот кој треба да ја даде конечната слика како вчера дојде до тешката автобуска несреќа на магистралниот пат „Струма“ пред градот Перник во Бугарија во која настрадаа 45 патници. Последната информација која ја соопштија бугарските експерти за сообраќај е дека возачот не заспал на воланот, поточно дека бил буден кога дошло до несреќата и оти кочел уште пред првиот пат да удри во банкината.

„На двапати има траги на кочење. Првиот е малку пред автобусот да удри во банкината и вториот пат кратко пред да удри во втората банкина. Информацијата која ја добивме е дека возачот на автобусот не заспал. Малку пред местото на несреќата се извршува реконструкција на патот каде што се преминува од едната лента во другата и каде што се стеснува патот. Значи, ако тој заспивал поголема е веројатноста несреќата да се случила таму“ – вели автомобилскиот истражител Румен Дунев.

Дека возачот не заспал потврда стигна и бугарската Извршна агенција „Автомобилска управа“, чиј прв човек за бугарските медиуми меѓу другото информираше дека автбусот кој ја поминал турско-бугарската граница во 21.15 часот, растојанието од границата до местото на несреќата, од околу 320 киломтри, со се паузата, ја поминал за околу пет часа, што укажува дека тој возел со нормална брзина. Со истата брзина се движеле и другите три автобуси.

18 годишниот возач кој ја прегази Верица на пешачки премин доби само 15 месеци затвор!

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

За хуманоста семејството Белчовски доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица.

Полицаец трчаше по автомобил за да го застане, откако гостиварец се обиде да му избега (Видео)

За малку незгода со полицаец во Гостиват денеска, објави Зоом.мк во видео фатено на дело. Откако го застанал полицаец, возачот тргна со се полицаецот на врата, луда работа, погледнете:

Со автомобил „БМВ“ удрил во малолетно девојче во Скопје па избегал

На 01.04.2021 во 18.10 чaсот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата.

Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје

Шаќири вози автобус 16 години: Како самохрана мајка љубовта кон моето дете ме поттикнува

Во борбата за животот нема „женска и машка професија“ – вели Макфире Шаќири која 16 години е е возач во ЈСП.

„Моето дете порасна во автобус покрај патниците, но среќна сум што имам работа“, вели таа.

Погледнете ја сторијата и животната приказна за жената возач во ЈСП:

УПОРЕН ЧОВЕК: Паднал 192 пати за возачка во 17 години!

Полјак на 50 години никако не може да положи за возачка досега паднал 192 пати во рок од 17 години што претставува рекорден број на обиди за добивање на возачка во Полска.

За да се добие возачка дозвола во Полска, кандидатите мора да положат теоретски испит пред да им биде дозволено да седнат зад воланот и да започнат со практичниот дел.

Нема ограничување на бројот на обиди. Стапката на луѓе кои поминуваат е обично помеѓу 50 и 60 проценти за теоретскиот испит, додека за практичниот дел е под 40 проценти.

Човек од Пјотрков Трибуналски, чие име не е објавено, се пријавил во автошколата пред скоро две децении. Според државната радио и телевизија ТВП, тој веќе потрошил 1.300 евра на следните. И покрај тоа, тој не сака да се откаже.

Тој не е единствениот кој паднал на испит толку многу пати. Во 2009 година, Јужнокореец положи  од 950-тиот обид.