Tag Archives: возило

Груби: Пријателот што ми го дава Аудито е успешен бизнисмен веќе 30 години…. Пријателот има 35 години

По вчерашното гостување на Артан Груби на социјалните мрежи се коментираат неговите изјави со потсмев.

Груби: Пријателот што ми го дава Аудито е успешен бизнисмен веќе 30 години.

Пријателот има 35 години, напиша Ивор Мицковски.

Пријателот што ми го дава Аудито е успешен бизнисмен веќе 30 години” – Груби
Пријателот има 35 години. Вакви чуда од деца ни требаат во Македонија, не таму на пет години чека уште в градинка пудинг, разлигавен оти Пепа Прасе му исклучиле. Свака час млади лидери и претприемачи, пишува Божидар Божиновски.

Ако Груби лаже за Аудито, за што друго лаже ???

Во саботата беше запалено возилото на вицепремиерот Артан Груби. Запаленото „ауди“, според него, не е негово, туку на пријател. Но, доколку Груби не ја кажува вистината и прикрива имот, еве што вели Кривичниот законик, поточно, членот 359а, став 2.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки открива уште една нелогичност во случајот со запаленото возило „ауди’ кое – бе било во сопственост на првиот вице премиер но кое тој го користел:

„Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост, туку се водело на име на фирма Еуроком или на комшијата, а Груби само го користел, тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?

Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите, но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вицепремиерот? Зошто не ја кажете вистината?

По кој закон, уредба или правилник е тоа направено? Уште колку такви возила со предимство на минување на име на приватни фирми или на комшии имаме во државата“, праша Ковачки.

За инцидентот со опожареното возило во скопската населба Чаир на својот фејсбук-профил Артан Груби најпрво им се извини на соседите и потврди дека приватно го користел аудито на соседот:

„Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, им се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите”, напиша Груби.

Со возило ги прегазил двајцата другари – загина 21-годишно момче од скопско Кадино

Момче прегази двајца другари. Едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Според информациите на СВР Штип, утрово околу 5:20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница во Штип, каде што во 7:15 часот А.Ѓ. починал, а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип.

НЕВЕРОЈАТНО – УКРАДЕНО ВОЗИЛОТО на ИТНАТА ПОМОШ во Кочани

Возило на Итната медицинска помош ноќеска било украдено од кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа, а настанот е пријавен во полиција.

-Веднаш откако вработените забележале дека возилото го нема, пријавиле во Полициската станица во Кочани, по што полициски службеници направиле увид и очекуваме да го откријат сторителот или сторителите. Се работи за постаро возило oд марката тојота, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места. Веројатно се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото, истакна Александар Серафимов, директор на Општата болница во Кочани.

Службата за Итна медицинска помош во болницата во Кочани има уште неколку понови возила што се користат за транспорт на пациенти до Штип и Скопје, а едно од нив во март минатата година беше тешко оштетено во сообраќајна несреќа при судир на патот Кочани – Штип.

Аца Лукас избегнал: Сите во возилото, во кое требало да биде и тој, БИЛЕ УБИЕНИ !

Пејачот Аца Лукас вчера имаше  концерт за паметење на својот 54-ти роденден. Тој ги шокираше своите обожаватели со информација која со години молчеше. Аца призна дека во пред неколку години за влакно ја избегнал смртта.

– За влакно избегнав сачекуша која не беше наменета за мене! Бев со друштво на ручек во ресторан. Кога излегувавме од ресторанот, мојот пријател ми понуди да се возам до дома, бидејќи автомобилот ми беше кај механичарот, бидејќи се расипа. Не знам зошто го одбив, но го направив. Викнав такси и тргнав до станот – се присетува Аца на немилиот настан.

Тој после еден час на телевизија ја слушнал страшната вест која му ја замрзнала крвта во вените.

-Минута откако се разделивме, на 300 метри од ресторанот во кој седевме, сите што заминаа со тој автомобил, вклучително и јас, беа убиени Никој не остана жив!.Седев дома, слушав вести и не можев да поверувам што слушам. Отпрвин ми беше жал за мојот пријател кој почина тој ден, а потоа ме облеа студена пот. Беше морничаво! И денес, кога ќе се сетам дека можев да умрам, ми се враќа тоа одвратно чувство. – вели Аца.

Жена ЗАПАЛИ ВОЗИЛО во Делчево, снимена е од надзорна камера

Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија” во Делчево.

По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое потоа почнало да гори.

Против сторителот, по разгледување на случајот, од полицијата најавија дека ќе биде превземен соодветен поднесок.

Веднаш по пожарот, штој е пријавен утрово околу 03:45 часот, на лице место со едно возило интервенираше екипа на ТППЕ Делчево.

Пожарот прв го забележал случаен минувач, кој вели дека најпрво слушнал експлозија, по што возилото почнало да гори. Пожарот го пријавил до Територијалната противпожарна единица, чија дежурна екипа интервенирала со едно возило.

-Интервениравме на задниот дел од возилото, пожарот бргу го изгасивме и не дозволивме негово ширење на другиот дел од возилото, велат од ТППЕ Делчево.

Засега не е позната причината за пожарот

Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп (Видео)

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”.

Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола.

Опожарени се биле две возила, акако што дознаваме истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожаро, останува тоа да го открие истрагата на МВР.

Директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми пред Нова Година набавил возило вредно 38.000 евра

Пред Нова година Управата за финансиска полиција купила автомобил од 38 илјади евра. Директорот Арафат Муареми договорот го потпишал со добавувачот на 21 декември, а до Бирото за јавни набавки е доставен на 4 јануари. Според објавениот договор, цената на возилото без пресметан ДДВ е 32 илјади евра, а со данокот, чини 38 илјади евра. На огласот за јавната набавка имало само една понуда, пишува СДК.МК.

Возилото што го купил директорот за институцијата е „Опел инсигнија гранд спорт бизнис елеганс“ 2.0 дизел. Според промотивните материјали на производителот, станува збор за „софистицирано ниво од бизнис класата“, а според спецификацијата со која победил добавувачот, лимузината е со автоматски менувач со 6 брзини.

Има автоматски двозонскa клима, систем за активно држење на возилото во лента, систем за избегнување на судир со возило напред, со асистенција на сопирање, систем за автоматско одржување на растојание до возилото напред, паркинг сензори предни и задни, камера за паркирање назад, 6 воздушни перничиња, алуминиумски тркала со дијаметар минимум 17 инчи, навигација, патен компјутер…

Лани во Обвинителството за организиран криминал и корупција за цела година стигнале само 9 пријави од Финансиската полиција. Статистиката во ова обвинителство вели дека од поднесените 9 пријави од Финансова, само 5 ја погодиле адресата. Пријавите биле поднесени против обични граѓани, ниту една не е против носител на јавна функција или бизнисмен, банкар.

Ова е ПОЛИЦАЕЦОТ кој изгуби работа што им удрил ШАМАР на лица кои управувале возило ПИЈАНИ (Фото)

Јавноста со поддршка за полицаецот кој ја изгубил работата за употреба на прекумерна сила врз лица кои управувале возило во алкохолизирана состојба.

Во Америка доколку некој се спротистави на полицаец може да биде застрелан на лице место, тука за шамар се брка од работа и се осудува на затворска казна. Полицијата воглавном си има работа со проблематични лица и нормално е во одредени случаи да има потреба да употреби и сила.Ова е Гоце полицаецот од Битола што е осуден на 1 година во затвор и изгуби работа затоа што им удрил шамар на лица кои управувале возило во алколизирана состојба и притоа не само што сериозно ја загрозиле безбедноста на граѓаните, туку дрско го навредувале и му се заканувале поради тоа што ги сопрел.Ако државата и судството не го штитат животот и достоинството на оние кои се задолжени да се грижат за нашата безбедност и нашите животи справувајќи се со криминалци и насилници, тогаш тие ќе се пасивизираат и ќе настане анархија.Парадоксот и иронијата се до толку поголеми што ова се случува во време кога осуденик пуштен на слобода во акохолизирана состојба и дрогиран прави сообраќајка со смртни последици престигнувајќи на полна линија. Истиот тој е осуден со 6 месечна затворска казна, што е многу поблага од онаа на полицаецов.Да не реагирал овој полицаец и да ги отстрани од сообраќај алкохолизираните лица, постоела голема е веројатноста дека и некоја фамилија во Битола денеска ќе била завиена во црно. А можеби и им го спасил животот токму на оние кои возеле во алкохолизирана состојба со тоа што ги отстранил од сообраќај… пишува на Фејсбук статус на страната Џандар.

Уште никој не знае КАКО Е МОЖНО 10 кг марихуана да останат незабележани во возило на МВР, пет години❓

Тргнале на обука во Црна Гора, завршија на распит во Албанија. Ова е патешествието на началничката за компјутерски криминал во МВР и уште еден службеник откако во нивното службено возило на граничниот премин „Сукобин“ меѓу Албанија и Црна Гора се најдени десетина килограми марихуана. Марихуаната била сокриена во бункер во багажник на полицискиот „крајслер војаџер“, пишува Телма телевизија.

Од црногорската царина соопштија дека возилото не било издвоено за контрола туку било посочено од службеното куче на цариниците. Прегледот траел кусо време, бункерот е откриен веднашо а возилото со двајцата службеници на МВР вратени во Албанија, бидејќи Сукобин е интегриран премин меѓу двете држави.

Според експертите, кои се упатени во процедурите,  овој сериозен скандал се должи на серија на кардинални грешки и пропусти пред се во Царината. А од Царина засега молк и без одговор на клучните прашања.

Она што е познато е дека на 2 декември 2016 година на граничниот премин „Блаце“ во крајслерот кој тогаш е на шведски регистерски таблички се наједни 32,5 килограми марихуана и уапсен е еден државјанин на Шведска.

Овој успех царина ќе го документира и сеуште е на нивниот сајт. Цариниците кои ја вршат заплената се наградени. По завршувањето на судскиот процес, возилото го превзема агенцијата за запленет имот и во 2018 година го доделува на МВР.

Како царинските работници го напшле едниот бункер а не и вториот кој е на помалку од еден метар. Зошто возилото не е целосно расклопено или барем зошто не е извршено пробно дупчење на повеќе места во возилото вклучително и багажникот кој е често место за бункери и конечно зошто не е однесено на скенирање со рентген.

Оттаму нема инфомација дали Вантрешната контрола во Царина работи на случајот, кои се службениците кои во 2016 година ја нашле марихуаната и дали е разговарано со нив и што изјавиле за нивните пропусти.

Од МВР пак  нема информација дали примопредавањето на „крајслерот“ од Агенцијата за запленет имот е извршена физичка проверка на возилото, процедура која во минатото ја извршуваше одделот за антитероризам.

За овој скандал истрага отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал.