Tag Archives: возило

Министерот за животна средина во партиски штаб дојде со службено возило – Па се извини, отсега ќе одел пешки

Министерот за животна средина, Насер Нуредини во седиштето на ДУИ пристигна со службено возило за да промовира дел од зелената агенда. На прашањето дали злоупотребува државни ресурси за промовирање партиска кампања, тој одговори дека не знаел и побара извинување.

ТВ21: Тука во седиштето на ДУИ дојдовте со службено возило. Дали ја злоупотребувате положбата и државните пари за да дојдете тука на прес-конференција на партијата?
Нуредини: Не верувам, но доколку е така се извинувам, бидејќи службено бев во Чаир и сега ќе продолжам со работа. И пеш ќе одам ако има потреба.

Пред две недели, Владата донесе одлука со која се уредува користењето службени возила. Вицепремиерот Љупчо Николовски, вели дека со оваа одлука секој функционер кој ќе злоупотреби службено возило за приватни цели, ќе се соочи со казна.

Извор: ТВ21

Паника во Аеродром, експлозија и запалено возило (ВИДЕО)

Автомобил се запали вечерва околу 19 часот на паркинг во улициата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром. Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.

Командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.

Полициска потера по „БМВ“ резултирала со сообраќајка, лицето излегло со оружје… (Видео)

Според информациите возило бегало од полициска потера, и со голема брзина пресекло пат на комбе, и удрило во дрво, а комбето се превртело.

Полицијата е на лице место и врши увид.

Се очекува МВР да излезе со детали доцна вечерва или утре за оваа несреќа.

Запалено возило на полициски инспектор во Берово

Берово, 12 февруари 2021 (МИА) – Во Берово е запалено возило на полициски инспектор. Случајот бил пријавен во беровската полиција, во чија информација доставена до СВР Штип, се вели дека пожарот на возилото од марка „пасат“ е регистриран синоќа на паркинг во Берово во 02:00 часот по полноќ.

-На 12.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на улица „Младински кеј”, на паркинг настанал пожар на патничко моторно возило “пасат”, во сопственост на Г.Р. од Берово, се вели во полициското соопштение. Како што стои во понатамошната информација, пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Берово. Се работи на расчистување на случајот.