Tag Archives: Железници

Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го платeла државата

Железници Транспорт АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше  таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе  помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според него,  не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

– Сметам дека веќе во овој  момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

Возот тргнал од Скопје во 14:30 часот, заглавен е кај Богомила, 120 патници може да чекаат уште 10 часа!

Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.

Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.

Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.

Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.

Вонредна вест: Голема железничка несреќа во Хрватска, повеќе загинати и повредени

Патнички воз удрил во товарен воз на пругата кај Новска (Окучани) во Хрватска, градче на околу 100 километри југоисточно од Загреб.

Во несреќата според хрватски Индекс има најмалку 5 загинати и повеќе повредени. Патничкиот воз удрил во товарниот кој бил расипан на пругата.

Спасувачките екипи се на терен. Меѓу загинатите, според првичните информации се машиновозач и кондуктет од патничкиот воз. Наводно возот се движел со 100 км/ час.

Првите фотографии од местото на несреќата ги објави новинарката на ТВ Нова, Петра Буљан која е на лице место и ја следи спасувачката операција.

На сликите се гледа уништен вагон од патничкиот воз, други вагони кои испаднале од шините и спасувачи кои со батериски лампи пребаруваат за да најдат преживеани.

Кон местото на несреќата се упатил хрватскиот премиер Пленковиќ и министри од владата. Истрагата ќе почне по извлекување на повредените.

БОЈКОТ НА РАБОТНИЦИТЕ – железничкиот сообраќај од утрово во Македонија во прекин!

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Од утре прекин на железничкиот сообраќај поради неисплатена плата на вработените

Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.

Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден. 

Вработени во Македонски железници КОПАЛЕ КРИПТО валути

На 19.11.2021 инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле сместени неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја, поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени во Сектор информатика во Железници на РСМ, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

За случајот е известен и Јавен обвинител, а по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.