Tag Archives: Жители

Грција преживува ПЕКОЛ – Четири грчки острови во пламен, од вчеравечер и Крф (ВИДЕО)

Над 17 села во североисточниот дел на Крф, седум во јужниот дел на грчкиот остров Евија и две во северниот дел на Пелопонез, превентивно беа евакуирани во текот на ноќта поради големите пожари активни од вчера, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките пожарникари ширум земјата ќе поминат уште една ноќ во борба со огнените елементи, бидејќи освен во првите редови на Родос, огромни пожари избувнаа и во Каристос, Крф, Ахаја, објави „Катимерини“.

Шеесетина лица се евакуирани од плажата Нисаки на северозападниот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Во евакуацијата учествуваа шест бродови на крајбрежната стража и девет приватни бродови и чамци.

Крф е втор остров во Грција популарен меѓу туристите кој е зафатен од огромни пожари.

Пожари беснеат на островот Родос, а голем број жители и туристи беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозиле одморалиштата и крајбрежните села.

Околу 19.000 гости и жители се евакуирани од Родос.

Пожарникарите во текот на ноќта се обидув аа да стават под контрола 82 шумски пожари низ Грција, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден од летото досега, јави Катимерини.

Градоначалникот на Липково бара ЕВН да им ги прости сметките за струја на жителите на Слупчане!

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, бара на жителите од селото Слупчане да им се простат долговите за сметки за електрична енергија што се постари од 15 години, откако изминатиот период стана јасно дека таму не му се дозволува на ЕВН да работи на обновување на мрежата.

„Проблемот е што сметките за струја се стари повеќе од 15 години, кои жителите не ги платиле. Велат дека за овие долгови нема судска постапка, но во фактурите се прикажани како основен долг. Бараат да се отпишат овие долгови“, вели Арифи.

Градоначалникот на Липково за ДВ вели дека мрежата не е проблем – туку долговите на жителите на Слупчане.

„ЕВН изминатиот период вршеше санација на мрежата во повеќе села во регионот. Слупчане остана последното село каде треба да се изврши модернизација на мрежата, како и уште неколку планински села“, вели Арифи. 

Тој тврди дека жителите немаат ниту против ваквите зафати на ЕВН – напротив и тие сами бараат да се реконструира целата мрежа.

Инаку проценките велат дека само за жителите на Слупчани се краде 80 отсто од потрошената струја годишно. 

„Проблем се старите долгови од пред 15-20 години кои што ги имаат и бараат да им се поништат. Нема ниту една постапка, а долгот им стои“, објаснува Арифи. 

За колкави долгови точно станува збор, според Арифи не знаат ниту самите жители на Слупчане. Претпоставките се дека долговите толку имаат пораснато за изминативе 20-тина години.

Во преминот меѓу зградите, направил дуќан! – Жителите се жалат дека нема од каде да поминат

Овој тунел е предвиден за премин за жителите од оваа зграда, на улицата Илинден во Тетово, но веќе не е така.

Истиот е претворен во продавница.

Општина Тетово одобрението го издала на 31 октомври, но по жалбите од жителите дека им е зафатена патеката по која минуваат, Општината на 12 декември го поништила решението, но патот не е ослободен!

„Овој човек ни дојде, два пати се случува ова, еднаш дојде, некој друг живееше, тој го спречи, го избрка. Сега повторно доаѓа, но тој ден беше празник, постави ѕид, ене преминот е таму, но тоа не е наш влез, немаме од каде да поминеме. Си направи дуќан. Сега од каде да поминуваме ние? Сите имаме исправни документи, нè лажат, всушност тој украл! Сер жалевме со адвокат, наше право е но тој си прави, како прави,не знам“, вели жителка..

Адвокатот Виктор Стојановски кој ги претставува жителите вели дека општината ја согледала направената грешка и го поништила решението кое издала пред неколку месеци.

Прашавме во Општината  како е издадена дозволата и зошто  по поништување на истата просторот не е ослободен и од страна на Општинскиот инспекторат? Од таму велат дека лицето кое го затворило овој простор сега се жали во второстепениот суд и дека процесот се уште е во тек.

„Во врска со барањето на жителите од зградата, Општина Тетово ја поништи одлуката со број 10-283. Во моментов предметот е во второстепен суд кој треба да одлучи за правосилноста на оваа одлука. Потоа ќе се преземат соодветни мерки согласно судската одлука“, велат од општината.

ТВ21 побара став од лицата кои се декларираа како сопственици, но не прифатија на зборуваат пред камера.

Во појаснување за ТВ21, еден од сопствениците ни рече дека ова место е во негова сопственост од 2019 и дека не е премин туку приватен имот-деловен објект.

Вели дека исто така сега за сега му е отфрлено барањето за соединување на двата локали, меѓутоа вели дека поседува имотен лист.

Додаде дека ќе се придржува до законските процедури и ќе бара оштета.

ФОТО: Ова бебе е осум милијардитиот жител на Земјата

Денес, според проценките на ОН, СВЕТОТ доби осум милијарди луѓе, а едно бебе родено во Манила стана симбол на тој факт.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Винис Мабансаг, која е родена во Др. Меморијалната болница Хозе Фабела во Тондо на 15 ноември, таа беше избрана за осмо милијардити човек во светот.

https://twitter.com/nicowaje/status/1592231074943627265?s=20&t=EriZbheNd78Waw0BHRRCpQ

„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23 часот, а бебето се роди во 1:29 часот, нормално породување“, изјави д-р Ромео. Битуин, главниот лекар на болницата.

Првиот познат скок на населението се случил со појавата на земјоделството во неолитот, околу 10.000 п.н.е.

Со земјоделството, се разви седентарен начин на живот и способност за складирање храна, што доведе до раст на природниот прираст.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот

„Мајките можеа да ги хранат своите доенчиња со каша, што го забрза процесот на одвикнување и го скрати времето помеѓу породувањата. Со други зборови, жените би можеле да имаат повеќе деца“, објасни Ле Брас.

Развојот на постојаните населби донесе и одредени ризици. Припитомувањето на животните ги доведе луѓето во контакт со нови смртоносни болести.

Смртноста кај децата беше особено висока. Третина од нив починале пред својот прв роденден, а уште една третина пред својот осумнаесетти.

„Смртноста беше огромна, но во исто време бејби бумот беше континуиран“, вели Ерик Крубези, антрополог од Универзитетот во Тулуз.

Од шест милиони жители во тоа време, глобалното население порасна на 100 милиони околу 2000 година п.н.е., а потоа на 250 милиони во првиот век.

Црна смрт

Растот на населението наеднаш бил запрен од чумата во средниот век. Пандемијата која започна од Централна Азија, од областа на денешен Казахстан, пристигна во Европа во 1346 година со бродови што превезуваа стока од Црното Море.

Осум милијарди, клучен развој на вакцина

Експлозијата на населението започна во 19 век, најмногу поради развојот на медицината и индустријализацијата на земјоделството, што го зголеми глобалното снабдување со храна.

Од 1800 година, бројот на жители на Земјата пораснал осум пати, од една милијарда на осум милијарди.

Крубези смета дека клучот бил развојот на вакцините, особено против сипаници, кои го искорениле еден од најголемите убијци во светот.

1970-тите и 1980-тите донесоа уште една мала револуција во форма на третман на срцеви заболувања, што придонесе за намалување на смртноста на луѓето над 60-годишна возраст.

ОН соопштија дека додека на светската популација и биле потребни 12 години за да порасне од 7 на 8 милијарди, ќе бидат потребни до 2037 година, или 15 години, за да достигне 9 милијарди – „знак дека вкупната стапка на глобалниот раст на населението забавува“.

Трчајте ГОРИ се викаше, немоќта беше голема: Пламенот во Истевник згасна, но тагата и очајот на жителите тлеат

Скопје, 16 август 2021 (МИА) – Пламенот згасна, но тагата и очајот кај жителите на село Нов Истевник останаа да тлеат. Велат имало пожари и порано, ама овој ќе остане запаметен. Тие за МИА признаа колку е тешко да се поверува во моќта на огнот, кој само за миг го однел она што е со години градено.

– Ситуацијата беше многу страшна, тука се беше запалено, и јас ќе изгорев и се, на една нива тука горе се изгоре, сливи, дрва, што не, од една страна гасни од друга гасни никој немаше време да погледне кај црквата, изгоре и црква и гробишта, камо среќа да не доживеев ова да го видам, вели Ѓорѓија Станоев.

Поради изгорените бандери и немањето струја ја исфрлил цела храна, бидејќи немал каде да ја чува.

Славе Никовски е исто така жител кој беше поштеден од пламените јазли, освен што брои изгорена стока, воедно е и во потрага по таа која за време на пожарот ја испуштил.

– Со ред уништуваше, прскавме со пумпи, вадевме вода од бунарот и прскавме, бог да чува луѓе, ова е страшна работа, Господ да не даде на никој, раскажув тој.

Слободан Николовски се надоврза дека огнот фатил оддеднаш.

– Од таму привикаа, трчајте гори, тоа одеднаш околу нас буре запалено, дури да отрчаме на едната страна, од другата беше се зафатено, среќа што не настрада некој од нас, бидејќи нема што да правиме, немоќта е голема, додава Николовски.

МИА разговараше и со друг жител кој исто така се соочил со пламенот. Според него, среќа е што барем нема човечки жртви.

– Стравот е голем, нема да го заборавиме никогаш, глетката беше страшна уште кога зафати пожарот во шумата имаше мајка со дете само што го виде почна да плаче, изјави тој.

Јавната свест важен предуслов за намалување на пожарите во шумските предели  

Од Центарот за управување со кризи како причинителите за пожари ги издвојуваат човекот, намерно и ненамерно, потоа фрлените стаклени работи и друг отпад во сува вегетација, како и искрите од жици на електрични далекуводи.

Зголемувањето на јавната свест за значењето на шумите и нивната економска, социјална и еколошка улога во секојдневниот живот на граѓаните налагаат поголема одговорност во управувањето со шумите, како природен ресурс, со посебен акцент на нивната заштита и контрола за огрев, техничко дрво за дрвна индустрија, градежништво, но и други шумски производи кои претставуваат значаен приход за руралното население.

Ова го потврдува и претседателот на Здружението на сопственици на приватни шуми Војо Соколовск. Според него, ентузијазмот не е доволен, а решението е во саморганизацијата.

– Поуката е дека мора да се саморганизираме. Ние имаме обичај да чекаме нон стоп некој да не организира на некој начин. Мислам дека е крајно време да почнеме да размислуваме со своите глави и да почнеме локално да се организираме. Пак велам, учеството на институциите, но и на граѓаните, морам со особено задоволство да истакнам, дека беше огромно. Луѓето многу помагаа сега за пожарите кои беснееја овие десетина дена, но факт е дека фали техника, фали знаење. Само со ентузијазам тоа не се решава. Значи мора дефинитивно да седнеме и заедно со институциите да поченме да градиме некој нов систем на функционирање, порача Соколовски.

Пожарите ни помогнаа да ги увидиме недостатоците во подготвеноста за справувањето со нив

И покрај брзата реакција на институциите и успешното гаснење на пожарите, сепак на површина излегоа проблемите со кои државава се соочува кога станува збор за подготвеноста за справување со поголеми пожари.

Според Соколовски, потфрламе на повеќе нивоа, а решението е длабинска и сеопфатна анализа.

– Може на хартија се е прекрасно и се убаво изгледа, ама во пракса некако тешко се применува. Тука пред се имам предвид  да почнеме конечно да ги користиме искуствата од некои западни држави, кои во делот на шумарството, превентивата и заштитата ги имаат на еден многу повисок степен. Пред се јас би ја спомнал тука Словенија како држава. Ние видовме дел од опремата која е тука донесена, сега можеме да замислиме со каква опрема и со какви ресурси располагаат во матичната држава. Но, морам да напоменам дека не е сеедно да сте членка на ЕУ и да не сте во делот на набавка на техника, изјави тој.

Заклучува дека проблемот не е во недостигот на идеи, туку во недејствувањето.

– Тука мислам и на превенцијата и заштита од пожари, зошто ние локалните ако не дејствуваме во реално време и на конкретен начин тогаш многу тешко дека ќе можат Словенците да ни понудат баш многу и дека тие ќе ни го решат проблемот. Тие ќе дојдат, ќе завршат работа, како што и направија, и ние бевме пресреќни, презадоволни зошто тоа се случи, но тие ќе дојдат и ќе си заминат. Проблемите остануваат, а наше е тие проблеми да ги надминеме, порачува Соколовски.

Опстанокот на човекот и шумите отсекогаш имал меѓусебна врска. Со други зборови шумата отсекогаш го следела развојот на човекот и била дел од неговото опкружување, силата на шумата е во воздухот што го дава, а ако го нема воздухот не нема ни нас, останува прашањето дали човештвото ќе продолжи да се самоуништува или пак, сплотени ќе и помогнеме на планетата што поскоро да се опорави.

Симона Србиноска

ФОТО: МИА

(Фото) На тoa штo гo coздaвaвмe цeл живoт, ocтaнa caмo пeпeл

Старо Нагоричане, село Челопек – ја имаме и првата жртва од големите пожари кои ја зафатија Македонија. Жителите велат само пепел остана од тоа што го создавале цел живот – пишува Милош Милошевски новинар од Инфомакс.мк.

Линк од објавата:

https://facebook.com/story.php?story_fbid=1159380687918729&id=100015404261981

Тој во текот на денешниот ден во утринските часови, се упатил кон Старо Нагоричане, село Челопек, каде катастрофалните пожарите ја земаа и првата жртва во Македонија.

Според она што го велат жителите од селото, само пепел остана од она што го создавале цел живот.