Tag Archives: жртви

КАТАКЛИЗМА СЕ СЛУЧИ И ВО ЗАГРЕБ: Расте бројот на загинати, снимките се застрашувачки (ФОТО+ВИДЕО)

Во невреме што вчера го зафати Загреб, загинати се три лица, а повеќе луѓе се повредени, изјави Љупка Хитрова од Институтот за обука на Итна медицинска помош на Градот Загреб.

Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер го зафати Загреб околу 16 часот.

-Двајца мажи загинаа како последица на паѓање на дрвја. Имаа повеќе повреди на главата – рече Хитрова.

Таа додаде дека во целиот град има голем број повредени, од кои некои тешко.

Поради невремето итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Во западниот дел на Загреб, голем градежен кран се урна под налетот на ураганските ветрови.

Тројца загинати, 50 повредени, 10 со тешки телесни повреди

Според последните информации, во Загреб има 50 повредени, од кои 10 се со тешки телесни повреди.

Во КБЦ Загреб хоспитализирани се две лица, едно дете и еден маж кој го скршил коленото.

Во Черничка Шаговина, недалеку од Нова Градишка, загина 40-годишен маж кога врз неговото комбе паднало дрво откорнато од невреме. Информацијата за смртта ја потврдија и од полициската управа Брод-Посавина. За жал, за овој човек немаше спас. И овој простор беше тешко оштетен во материјална смисла, ветерот корнеше дрвја, кршеше гранки, подигна покриви…

Дали ова е правда за жртвите од модуларната болница во Тетово? – Бесими не се осеќал виновен

Прашан како се чувствува и дали ова е правда за жртвите, Бесими посочи: „Жалам за трагичниот настан, не се осеќам виновен. Не сум потписник, не сум бил надзор. Останува да ја барам правдата со цел сите жртви, семејствата, да ја знаат вистината. Највеќе заинтересиран за ова сум јас“.

Бесими денеска беше осуден на условна казна затвор.

Ова се ЖРТВИТЕ од масакрот кај Младеновац: МОНСТРУМОТ ГИ ИЗРЕШЕТАЛ зашто го „ОМАЛОВАЖУВАЛЕ“

Масовниот убиец Урош Блажиќ е уапсен откако во селата Орашје и Дубона кај Младеновац уби осум, а рани 13 лица. Монструозниот напаѓач пукал од автоматска пушка и пиштол. Во Дубона тој ги убил полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П., како и нивниот другар Д.Т. (25)

Полицаецот М.П. и неговата сестра К.П. загинале на лице место во крвавиот пир што се случилачера во селата Дубона и Мало Орашје. Ги убил Урош Блажиќ (21) кој пукал во нив со автоматска пушка. Тие се убиени во школски двор, а оние кои биле со нив се повредени.

Крвавиот пир Урош го почнал околу 21:40, а причината, како што изјави претседателот Вучиќ во денешното вонредно обраќање до јавноста, за она што го сторил било, како што им кажал на полицајците, тоа што го омаловажувале.

Меѓу загинатите и повредените се и Д.Т., И.И., В.К., Н.В е девојката на која поради тежината на повредите и е ампутирана едната рака.

Да потсетиме, Урош Блажиќ доцна синоќа уби 8 и рани 14 лица. Уапсен беше утрово. Овој масакр се случува само еден ден по оној во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград кога 13-годишен ученич уби 9 лица, а 7 рани.

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи со ПОВОРКА НА ЖИВИТЕ (Фото)

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот.

Одбележувањето ќе почне со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.

Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”.

Ердоган им се извини на жртвите: „Ве молам да ми простите“ (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од жителите на покраината Адијаман „прошка“ за доцното пристигнување на спасувачките екипи поради тоа што таа област на југоистокот на земјите беше меѓу најпогодените во земјотресот од 6 февруари.

Фото: ЕПА

„Поради разорниот ефект на двата земјотреси и лошото време не можевме во првите денови на катастрофата во Адијаман да работиме како што сакавме. Поради тоа ве молам да ми простите“, кажа Ердоган при посетата на Адијаман.

Шефот на турската држава пристигна во тој град три недели по земјотресот кој во Турција и соседна Сирија однесе животи на над 50.000 луѓе. Турскиот претседател, на власт веќе 20 години и со амбиција да ја задржи функцијата по 14 мај, е жестоко критикуван за бавноста на државата во помошта на погодените.

„Толку многу згради и објекти се уништени што, за жал, не бевме толку брзи колку што се надевавме“, кажа Ердоган. Призна „пропусти“ во одговорот на земјотресите, додавајќи дека е „невозможно да се биде целосно подготвен за катастрофа од такви размери“.

Во Адијаман и покраината Хатај луѓето изразија големо незадоволство од одговорот на властите на природната катастрофа. Ердоган вчера вети изградба на околу 50.000 нови станови во Адијаман. Во 11-те покраини погодени од разорните земјотреси треба да се изградат околу 300.000 станбени единици

Најпознатата статуа во Бразил на Христос Спасителот осветлена во спомен на жртвите од земјотресот во Турција (Фото)

Статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Бразил, беше осветлена во спомен на оние кои ги загубија животите во земјотресите во Турција и Сирија. Пораки беа вклучени и во статуата, која беше облечена со турски и сириски знамиња.

Илјадници луѓе загинаа во земјотресите што се случија на 6 февруари во областите Пазарџик и Елбистан во Кахраманмарас.


Напорите за пребарување и спасување, кои продолжија 12 дена, беа заменети со отстранување на остатоци.

Додека сè уште има области каде што се очекуваат чуда, светот не молчи пред катастрофата на векот.

По земјотресите, во кои беа повредени илјадници луѓе, Турција стана едно срце.


Додека многу земји ја поддржуваа Турција испраќајќи тимови, оние кои дојдоа спасија десетици животи под урнатите згради.

Како да нема ЖРТВИ,сите семафори ги помина НА ЦРВЕНО! (ВИДЕО)

На ТикТок се пофали дечко дека вози многу брзо па го објавуваат рандом граѓани кои велат дека ги поминал сите семафори на црвено!

Заради ваквото однесување на поединци има жртви скоро секој ден во Скопје, булевари на смртта станаа речиси сите раскрсници низ градот.

Македонија жали, дали 45 лица починаа поради ПОЕВТИНО ГОРИВО?

Веќе е втор ден на жалост во Македонија по вчерашната трагедија во Бугарија во која загинаа 45 државјани од земјава, а седуммина биле повредени.

Бугарските весници со тажни слики од сообраќајката известуваат за оваа трагедија, која е во центарот на вниманието на овој дел од Европа.

Медиумите пишуваат и за нафтата која автобусот ја носел од Турција, која била купена поради поевтина цена во оваа земја.Оваа несреќа ја потресе целата јавност и свежи цвеќиња се положуваат пред македонската амбасада во Бугарија.

Телеграф на својата насловна страница пишува „Автобус ковчег погреба 13 семејства“ со фотографија од пеплосаниот автобус, со назнака дека денеска е траорен ден во двете земји – пренесува Фокус.

ЖЕНАТА со близначињата, со двете деца ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми, се претпоставува дека станува збор за семејството.

Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“.

Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел.

Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија.

Инаку засега е познато дека 45 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во два часот утринава, сите патници се од Македонија, а поголемиот дел од Скопје.

Пред местото на несреќата е пронајдено и парче гума, што најверојатно пукнала, по што возачот удрил во заштитната ограда.

Седумте преживеани од автобусот се спасиле откако го искршиле стаклото и излегле низ него.

Бојко Рашков: Тоа не е за гледање, телата се јагленосани…

„Таму не е за гледање. Никогаш не сум видел нешто слично. Луѓето се свиткани, тие се јаглен. Сега треба да се идентификуваат“, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков.

Најмалку 45 лица загинаа откако синоќа на автопатот Струма се запали автобус во сопственост на превозник од С.Македонија. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда.

Присутни се министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, премиерот Стефан Јанев и директорот на НСЛС Борислав Сарафов.

„Автобусот ја уништил заштитната ограда. Сосема е можно ова палење да се случило како резултат на контакт со заштитната ограда. Но, ова се нашите верзии“, рече Рашков.