Tag Archives: Зибери

Д-р Зибери од тетовскиот универзитет за плата од 70.052 денари ќе му помага на Груби за „Бехтел и Енка“

Професорката од Државниот универзитет во Тетово, д-р Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на Артан Груби, главниот и одговорен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, дознава „А1он“.

Таа била најдобриот кандидат на конкурсот кој наместо изведувачот, го распиша Јавното претпријатие за државни патишта, а во кој се бара привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10Д.

За брз кредит од 9.000 денари биле наплатени 75.752 денари?!

Задоцнетото враќање на брз кредит една наша сограѓанка ја чинело 8 пати повеќе отколку самиот износ на кредит. Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, истакна народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година.

Зибери објасни дека станува збор за брз кредит, за кој навистина како во рекламите не се наплатува камата. Како што можевме да видиме пред новогодишните празници имаше вакви реклами „Сега имате можност за земете кредит до 9.000 денари со нула камата“. Но, за задоцнето плаќање „закачката“ била во „надоместок за доцнење“, категорија која не е прецизирана ниту во закон, ниту пак, за тоа се информираат граѓаните кои ќе посегнат по ваков кредит.

– За да има јавноста претства што борувам ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнењето на неговата исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомен 5.900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума 8 пати поголема од долгот – рече омбдусманот.

Ахмети му понудил да си бира што сака: Зибери убеден дека ќе биде прв Албанец премиер

Во вчерашното гостување во Програмата 200, nа Алсат М, гостин беше Народниот правобранител, Насер Зибери. На прашањето на новинарката, дали сеуште сонува да стане премиер, Зибери рече дека тоа е договор меѓу партиите, и смета дека ќе се почитува.

Имиџот на првиот премиер верувам остави впечаток кај сите граѓаните, и ова несомнено дека претставува љубопитност за секој. Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира истото, инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека овој е договорот и дека такво ветување за Албанците ќе стане реалност“, рече Зибери.

На прашањто дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, бидејќи му беше ветено премиерско место додека заврши на функцијата народен бранител, народниот правобранител, Зибери рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.

Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции“, додаде Зибери.

Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот на Македонци во јавниот сектор

Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници се застапени со речиси идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност“, изјави омбудсманот Насер Зибери, презентирајќи го Извештајот за следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност на вработените во јавниот сектор за 2021 година.

Извештајот за 2021 година во целина покажувал дека имало одреден напредок  во спроведување на начелото за соодветна и правична застапеност.

Така што од 2007 година до 2021 година, можело да се увиди дека „застапеноста на Македонците во јавниот сектор од 83,72% во 2007 година, во 2021 година е на 72,8%, што е збирно намалување за 10,92%, додека застапеноста на Албанците во јавниот сектор од 10,8% во 2007 година, сега е 20,6%, што претставува зголемување од 9,8%“.