Tag Archives: Злато

ПАЛЧО СО ИСТАТА БАНДА ВО МАЈ БЕШЕ ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА како бара злато (ФОТО)

Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите.

Љупчо Палевски Палчо кој вчера беше фатен во Турција инаку главен осомничен за монструзно убиство на 14 годишно девојче, Вања Ѓорчевска, како и 74 годишниот Панче Жежовски е добро познат лик на полицијата и властите.

Станува збор за личност со многу матни зделки, во минатото поврзан со службите, а потоа поврзуван со рекет, понатаму познат по бесправно градење и можеби првата позната дивоградба. Понатаму лице кое вршеше уцени, поседуваше нелегално стекнати прислушкувани материјали, баран во соседството со потерница и фатен при обид за бегство во Москва. Воедно познат по своите настапи на медиуми каде не само што ширеше говор на омраза, туку повиквуаше на личн на лица. И сето ова го правеше слободно.

Но има нешто друго кое отвора низа прашања, а тоа е случката од мај оваа година кога при барање на злато беше фатен со нелегално поседување на пиштол.

Вечер.мк тогаш прв објави за настанот.

Според документот кој го доби уште тогаш, Палчо бил фатен со истата банда со која сега го изврши злосторството какво што Македонија не памети.

Целиот текст и фотографиите погледнете ги ТУКА

Австралиец во река нашол ОГРОМНА ГРУТКА ЗЛАТО од 2,6КГ (ВИДЕО)

Маж од Австралија пронашол грутка злато тешка 2,6 килограми и вредна 240.000 австралиски долари или повеќе од 147.000 евра, пишува Би-би-си.

Човекот кој сакал да остане анонимен користел евтин детектор за метал за да пронајде грутка во златните полиња во Викторија, срцето на златната треска што ја зафати Австралија во 1800-тите.

Дарен Камп, кој го проценил и купил примерокот, рече дека тоа е најголемата златна грутка што ја видел во неговата 47-годишна кариера.

„Бев запрепастен. Ова е откритие се случува еднаш во животот“, рече тој, опишувајќи го моментот кога ја видел грутката злато донесена од маж во неговата продавница во Џилонг, на еден час од Мелбурн.

„Тој извади камен и ми го фрли во рака ми рече: „Дали мислиш дека вреди 10.000 австралиски долари?“.

Човекот потоа му кажал дека карпата во раката на г-дин Камп е само половина од она што го нашол, камен тежок 4,6 килограми што содржи 83 унци или околу 2,6 килограми злато.

Камп додаде дека мажот му рекол дека ќе ги потроши парите на своето семејство, додавајќи дека неговата сопруга „ќе биде многу среќна“ кога ќе се врати дома.

Пронајдена МУМИЈА прекриена СО ЗЛАТО – Затворена во саркофаг кој не е отворен 4.300 години

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се сметаат за еден од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет.

Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на „чуварот на тајните“… Тој е именуван Мери – висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди.

Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф – свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област.

Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу 25. до 22. век п.н.е.

– Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата.

Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди – вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.

Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото – да го заживее и својот туризам.

Вучиќ ШОКИРАШЕ: Пронајдено уште едно наоѓалиште на ЗЛАТО во Србија, меѓу 100-те НАЈБОГАТИ ВО СВЕТ (Видео)

На денешната прес конференција претседателот на Србија меѓу останатите теми ги израдува граѓаните на Србија со една добра вест.

Ново наоѓалиште вели Вучиќ и тоа многу повеќе од првичното наоѓалиште од 500 тона, кое беше откриено во последниот период. Вучиќ не го откри местото каде е пронајдено новото наоѓалиште, рече дека веројатно е меѓу 100-те најголеми места во светот.

-Според првите извештаи, најдовме едно од првите сто наоѓалишта на злато во целиот свет. Значи, уште едно место во Србија каде има многу повеќе злато отколку во Жагувица. Не можам да ви кажам каде е, бидејќи веднаш сите брзаат таму, цените скокаат десет пати – објасни претседателот.

Вучиќ: Како Господ да не погледна, во Србија пронајдено ново наоѓалиште на злато!

Александар Вучиќ откри дека во Србија се пронајдени злато и калциум карбонат.
„Во Србија најдовме калциум карбонат. Како Господ да не погледна. Во еден од најсиромашните делови на Србија е пронајдено и сосема ново наоѓалиште на злато“, изјави Вучиќ.

Александар Вучиќ изјави дека едно од 80-те најголеми наоѓалишта на злато на територијата на Србија е пронајдено во еден од најсиромашните делови на Србија.

Сепак, тој истакнува дека литиумот сè уште му е тема, но дека не се ископува.

Се ќе направев поинаку, но гледам дека владата нема такво расположение“, посочи тој.

Претседателот го постави прашањето што ќе си го постави за една година, а тоа е „дали зимата 2024 година ќе биде уште потешка“

„Мислам дека и зимата 2024 нема да биде лесна. Се надевам дека нешто може да се случи до пролетта 2024 година, а во 2023 година ќе биде страшно, нема ништо“, истакна тој.

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Параолимпијката Наковска-Бикова со голем успех на Светското првенство во стрелаштво

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд. (МИА)

Македонија има златни деца: Две сениорски злата во Талин!

Веднаш после Европското Клупско Првенство во Естонија и брилијантниот настап на Деки, продолжи Г2 меѓународен светски куп и тоа со фантастичен успех на напите натпреварувачи во Таеквондо.

Филип Додевски освои златен медал со две победи на Британија и Полска во финале, нови важни 20 бодови и доближување кон олимписка норма за Париз 2024. Анамарија Георгиевска освои златен медал со три победи над Естонија, Германија, и Германија во финале, нови важни 20 бодови и доближување кон олимписка норма за Париз 2024.

Дејан Георгиевски заради одлука на стручниот штаб овој турнир го одмараше од практични причини.

Извор: sportmedia.mk

Брачен пар од Македонија со злато скриено во пелени се обидел да замине во Швајцарија

Српската Царина вчера во соработка со полицијата на граничниот премин Прешево со Македонија спречија обидот на двајца патници во памперс пелени да прошверцуваат преку граница златен накит чија вредност се проценува на повеќе од 2,2 милиони динари (18.752 евра), јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Царинската управа, прекршокот бил откриен кога на влезот на овој премин во Србија бил издвоен на детален преглед автомобил „фолксваген пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, во кој од правец на Македонија кон Швајцарија се движеле млад брачен пар.

-Иако рекоа дека немаат што да пријават, царинскиот службеник при преглед на автомобилот, пред совозачкото седиште пронашол торба во која меѓу другото имало и неотворено пакување памперс пелени. Неговата необична тежина го подигнала сомнежот дека нешто се крие во него, што набрзо се испостави дека е вистина, бидејќи во неколку пелени се пронајдени речиси половина килограм златни ланчиња и алки со дукати „Франц Јозеф“, како и синџири и прстени, соопштија од Царината.

Бидејќи вредноста на откриениот накит надминува една третина од вредноста на возилото, со судската одлука, покрај златото, трајно е одземено и возилото проценето на над милион динари.