Tag Archives: знаме

Приведено е лицето кое го симна црковното и го постави албанското знаме на Попова Шапка (Видео)

Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

https://youtu.be/GMXr3JzI6K0?feature=shared

После 6 години, 1200 ученици од Прилеп повторно го формираа македонското знаме

1200 ученици од прилепските основни училишта денеска по повод Денот на народното востание – 11-ти Октомври, го формираа знамето на Република Македонија.

Една прекрасна традиција која оваа година се возобновува после 6 години. Во продолжение погледнете го дрон видеото од овој величенствен настан:

Видео: https://youtu.be/ZFCfEk9ldQU

„Очекувам да се најде човекот кој вееше знаме со голема Албанија, и да се санкционира“

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека очекува институциите да го најдат човекот кој вееше знаме на голема Албанија и да се снакционира.

„Видете какви реакции предизвика веењето на знаме со Голема Албанија. Јас очекувам институциите да го пронајдат лицето и да го санкционираат. Тоа ме иритира и мене како Македонец, во мојата земја да се вее такво знаме“, рече Ангелов.

Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

Знамето со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот. Ова се гледа од фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој во првите редови со Иџет Меџити и Африм Гаши, а до нив, Албин Курти. Околу нив и десетици албански знамиња.

Организатор на настанот беше Касами. Од редакцијата на „Макфакс“ побарале одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Но Касами не одговорил на пораката. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.

Бугарин го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме, и викал: „Ова е бугарска територија“

Во градот Кавала бил уапсен 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција, додека пак според медиумите станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението од Крајбрежната служба, веднаш откако ги сменил знамињата, 35-годишниот побегнал, не ги почитувал наредбите на пристанишните власти, давајќи силен отпор при апсењето и навредувајќи ги надлежните.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека освен што ги навредувал надлежните извикувал дека конкретните области ѝ припаѓаат на Бугарија, а според информациите на агенцијата, ова е втор сличен инцидент за уапсениот, кој најверојатно е член на „екстремистичка организација која смета дека Кавала и грчкиот регион источна Македонија ѝ припаѓаат на Бугарија, а не на Грција“.

Малолетник запали бугарско знаме во Бугарија

17-годишен малолетник го запалил бугарското знаме откако претходно го украл од градското собрание на селото Александрово, во месноста Павел Бања, пренесува бугарската телевизија НОВА.

По пријава од страна на градоначалникот, полицијата во рок од 24 часа го открила сторителот и на 1 март случајот бил расчистен.

Против сторителот веќе е поведена претистражна постапка, пренесуваат бугарските медиуми.

Засега не се објавуваат мотивите на малолетникот.

Реакции за фотографија на Костадинов – на неа има нацистичко знаме!?

Лидерот на Третиот Рајх и нацистичка Германија Адолф Хитлер и знамето на германските нацисти се појавува на фотографија од манифестација финансирана од владата на Република Македонија, пишува Експрес.мк

Фотографијата на која е Хитлер и нацистичкото знаме ја објавува градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов како дел од ,,Струмичкиот карневал”.

Покрај Хитлер на сликата се појавуваат и луѓе маскирани како Ататурк, Гадафи, Кралицата Елизабета а Костадинов е маскиран во Јосип Броз Тито.

Маскирање во негативни личности од историјата за време на карневали не е непознат феномен во светот но промоција на фотографии со ликот на Хитлер и нацистичкото знаме од страна на активен политичар може за многумина, особено за Евреите, да биде доживеано како промоција на едно од најголемите зла во историјата на светот.

Струмичкиот карневал е финансиски поддржан од министерството за култура на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.

Адвокатот што доби пријава за Сонцето од Кутлеш: Аирлија нека е, ние Македонците не се плашиме на нашите душмани

Адвокатот Тони Менкиноски кој вчера доби пријава од СВР Охрид за истакнување на огромното знаме со сонцето од Кутлеш на Водици не се кае за што што го сторил ниту се плаши од обидот на власта да го заплаши.

Менкиноски кој е бранител на македонските здруженија во Бугарија со кои има добиено десетина предмети во Стразбур порачува дека треба да се плашат тие што сакаат да го забранат македонскиот симбол а не Македонците.

,,АИРЛИА НЕКА Е !!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав Македонското сонце кое е симбол на мојот народ ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец !!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние што сакаат да ни го забранат или премолчат Македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот , Егејот, Вардарот, Гора , Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици , само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ”, порачува Менкиноски упатувајќи до јавноста синтагмата – Македонија на Македонците!!!

,,Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас”, заклучува Менкиноски.

Менкиноски предходно го истакна огромното знаме со сонцето од Кутлеш и во центарот на Скопје но таму не доби пријава од полицијата.

За 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш во Охрид – МВР му напиша прекршочна пpиjaва

За малку избегнат инцедент за најголемниот христијански празник Богојавление, 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш, поставени на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна порта полицијата барала да се тргне. Група средношколци и студенти од Охрид побараа да го извадам знамето, јас им излегов во пресрет и тие го развиорија на ѕидините, вели адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур. Менкиноски против кого полицијата поднесе прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, раскажува што точно се случило:

Полицијата дојде и сакаше да го тргне знамето имаше една бурна реакција од страна на луѓето кои го имаа поставено знамето, исто така ме запишаа мене како подносител. Јас им побарав да ми донесат наредба им реков ова знаме нека да го тргнеме се додека не донесете наредба или писмен документ со кој ќе не задолжите да го тргнеме. И тоа треба да го пренесете да го знае јавноста бидејќи беше можен и инцидент, вели Менкиноски.

-Ова значи дека идејата за македонската кауза не е мртва и мене ме импресионираше бидејќи добивав повици од младинци кои сакаат покажат дека македонската кауза не е закопана. Колку и да сака сегашниот образовен систем да ги насочи во друга насока морам да признам дека бев изненаден од тоа што го слушав од децата, од нивното себеидентификување како македонци -вели Менкиноски.

Знамето веќе го нема на бедемите на Самоиловата тврдина на кое охриѓани му се радуваа бидејќи тоа е симбол, македонско обележје од кое никогаш нема да отстапиме, велат.

Инаку за ицидентот со знамето Алфа побарала став од полицијата, прашале зошто полицијата инсиситрала тоа да се тргне? Во соопштението кое МВР го испратија стои дека вчера околу 10 часот на малиот плоштад, од страна на Т.М.(49) од Скопје, нарушен е јавниот ред и мир со истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон. Од страна на полициските службеници, изготвен е записник за констатиран прекршок.

Џиновско знаме на Македонија за Водици (Видео)

Џиновското знаме со сонцето од Кутлеш на адвокатот Тони Менкиноски денеска беше развиорено во Охрид, на големиот празник Богојавление Водици.

Ова знаме со сонцето од Кутлеш Менкиноски претходно го развиори во Скопје, преку целата зграда во која се наоѓа неговата канцеларија, како поддршка за учесниците во протестот против францускиот предлог за бугаризација на Македонија.

Менкиноски е правен застапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.