Tag Archives: ЗоранЗаев

Јовановиќ: Многу недостига Заев…

Пендаровски вели дека е тешко до 2/3 за Уставните измени. Па идејата е да биде тешко, во спротивно чуму ни се политичари, претседатели и премиери?, напиша на својот фб профил Ненад Јовановиќ.

-Идејата е да се покаже дали ние сме капацитетни да играме во меѓународна лига или ќе останеме да играме на мали голчиња. Доста ни е од игри на мали голчиња, рече тој.

Недостига Заев, нели? Или нему не му беше тешко, не знаеше и тој самиот дека на конец ја става сопствената кариера со договорот од Преспа?

Го молам Пендаровски да не одмори од неговата малодушност и да работи на 2/3 во Собранието. Знаеме што не може, а што може се’ уште не знаеме. Опозицијата еднаш во последните 30 години има одговорност да го преземе товарот и на себе за договорот со Бугарија, а не да се фемка како “млада невеста”.

Ви фали Зоки, а? Со него беше се’ возможно. Дури и кога работите изгледаа невозможно.

Се јави Заев – Донирал 100 илјади денари преку фондацијата (Фото)

Фондација „Заев – Едно општество за сите“, на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 ден на СОС Детско село и 100.000 ден за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром. Со хуманост да ја поттикнеме хуманоста – напиша екс премиерот Зоран Заев на Твитер мрежата.

„Цар Самуил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари…“

Вадење од архива…

Вчера се думав денот на Св. Кирил и Методиј да ви го честитам со ова видео, ама реков ај да не ви расипувам празник, вели Роберт Милески кој сподели дел од бројните „легендарни“ интервјуа на кои Зоран Заев се труди да „прича српски“.

Овојпат тогашниот  македонски премиер зборува како, исто како и цар Самоил, и просветителите Кирил и Методиј ги делиме со Бугарија.

(Видео) А Зоки, а Таче – Битно да се насмееме на сметка на Македонија

Кога шегата е на “македонска сметка”, тогаш е најсмешна. Барем за нашите премиери.

– Еди, разбираш Македонски?
– Не, само малку Бугарски. Македонскиот е нов јазик.

И секако, во нормални услови ова не би требало да заврши со кисела насмевка на премиерот, но сепак станува збор за Зоран Заев или Ковачевски….или сеедно:

Се јави Заев за 27-ми април: Се обидоа да ја завијат Македонија во црно

„Чест ми да зборувам за европските вредности денес, од мојата Струмица, европска Струмица, на овој случаен и симболичен датум – 27 април 2022 година, 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на денешен ден во 2017 година во македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно”, рече Заев по повод петгодишнината од нападот на Парламентот.

Тој рече и дека денешниот датум 27 април, затоа, е и симболичен датум да му ја честита победата на Макрон.

 „Денес, на 27 април, сакам да честитам од тука нов мандат на претседателот Макрон – тој носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа”, порача Заев.

Заев: “Итен прекин на вojната во Украина”

Поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот министер за здравство Венко Филипче, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, учествуваат на Форумот за дипломатија во Анталија.

– Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија. Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи, напиша Заев на Фејсбук.

Ич да не се секирате, Заеви се на зимување на француските Алпи, за 10 дена ќе потрошат колку вие за две години

Ич да не се секирате. ЗАЕВИ се на зимување на француските Алпи. За десет дена ќе потрошат колку вие за две години, коментира пратеникот Димитар Апасиев.

Епа, кој ви е крив шо не сте квислинзи.

#ИметоИмГиПлаќаСметките – напиша Апасиев.

ШЕСТ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И НОВА КОЛА: Заев кој ги обожава моторите, сепак, ќе се вози и со државна „шкода суберб“ што му ја додели Владата

На Зоран Заев како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави порталот Фактор.

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со кубикажа од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период.

Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот да плаќа по поминат километар за секое возило.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

 Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

Заев како што е познато е голем љубител на моторите и четирициклите. Тој додека беше премиер често пати се појавуваше на мотор, заедно со негови колеги министри од владата, меѓу кои Никола Димитров, Љупчо Николовски и Венко Филипче.

Заев вели успеале да спречат драстично поскапување на електричната енергија

Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстрично поскапување на електричната енергија од над 25 проценти и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок. Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН ХОУМ за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48 проценти во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика, објави премиерот Зоран Заев.

Заев, исто така, посочува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела.

– Солидарност на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење е од голема важност. Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола, објави на својот Фејсбук профил Заев.

Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз.

– На денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбеди 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, пишува Заев.

Состојбата, посочува Заев, се следи и со сите релевантни чинители се донесуваат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.

Филипче со слика за Заев за тоа што помогнал здравствените работници да ги направат „повторно горди“

Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за помошта што му ја дал на здравствениот сектор за време на епидемијата од Ковид-19, подарувајќи му слика на церемонијата на доделување признанија.

„До претседателот на Владата упатувам благодарност за поддршката што ја даде на здравствениот систем и на здравствените работници. Му благодарам што не кажа не за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, рече Филипче во обраќањето.