Tag Archives: ЗоранЗаев

СДСМ го избира наследникот на Заев

Денеска партиските членови и претставници на СДСМ ќе изберат лидер на својата партија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев оставката ја најави ноќта на 31 октомври, како чин на политичка одговорност, откако стана јасно дека СДСМ изгуби на локалните избори. Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски, се во трката за лидерската позциција на СДСМ.

Од тројцата кандидати Ковачевски важи за фаворит на Заев. Тој го придружуваше на разговорите со Алтернатива за проширување на парламентарното мнозинство и јавно доби поддршка од неколку челнови од високите позиции на партијата.

Фросина Ременски, смета дека и покрај фаворитите, во Социјалдемократскиот сојуз ништо не е јасно во однос на резултатите во внатрепартиските избори.

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати , инаку директор Дирекцијата за развој на технолошки зони, вели дека сака да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, и дека право е на лидерот Заев да каже што мисли.

Сите членови на партијата кои поседуваат електронска членска картичка ќе можат да го искористат своето право на глас на 194 избирачки места ширум земјата кои ќе бидат отворени од 8 до 19 часот. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, oпштински изборни комисии и oдбори во сите општински ораганизации.

Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.

Бучковски: Заев останува премиер само за да го затвори прашањето со Бугарија

Специјалниот преговарач во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека мора да се искористи „прозорецот на можности“ декември- јануари за постигнување договор со Бугарија и старт на преговорите со Европската Унија. Тој во изјава за Дојче веле вели дека е можна нова неизвесност ако не се искористи периодот во кој Заев е се уште на чело на владиниот кабинет.

Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија. Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. И завчера на Софискиот форум потенцирав дека прозорецот на можности е отворен сега“, потенцира Бучковски за ДВ.

ДВ потсетува дека неодамна во интервју за Шпигел, идниот бугарски премиер Петков навести дека разговорите ќе се интензивираат во следните шест месеци.

„Ако се даде ‘зелено светло’ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, тоа само ќе ги зајакне националистите во двата табора. Ние се потпираме на преговори, а не на пропаганда“, порача Петков.

Јанаки: Заев отишол со паметот, Здружение на судии ќе бекне нешто?!

Скопскиот адвокат Јанаки Митровски прашува зошто Здружението на судии не реагира по изјавата на премиерот дека странски судски експерти ќе бидат поканети да даваат оценки за завршени судски случаи во Македонија.

Според Митровски оваа најава за интервенција во судството од премиерот Заев на барање на Алтернатива е доволна за тој да се оцени како ,,отиден со умот”.

,,Заев кажа дека никој нема да ги поништува или оспорува донесените правосилни пресуди на пример за Монструм, Диво насеље, но и затворени истраги како таа за загинувањето на новинарот Никола Младенов, но дека ќе ангажираме европски правни експерти да ги видат предметите и да дадат свој коментар.
Здружение на судии ќе бекне нешто?! Заев отишол со паметот”, вели адвокатот познат по тоа што своите ставови во јавноста ги кажува директно.

Заев: Моите денови се броени

Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување на парламетнарно мнозинство и еве мислам дека денеска оваа работа ја завршувам, истакна денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Рече дека неговиот став е најголемата политичка партија во парламентарното мнозинство да го има својот претседател на мандатар и нов премиер.

Моите денови се броени во неколку недели, во останување. Со тоа се очекува да има нова Влада, којашто ќе предложи нови министри, нов премиер, отако ќе биде извесно ова со Бугарија. А недели се во прашање, рече Заев.

Вели дека уште во следната недела Алтернатива ќе почне да ги презема институциите.

Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори. Следната недела СДСМ ќе избере нов претседател на партијата. Кандидати за претседател на партијата се заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски.

Алтернатива со 4 пратеници ќе има 3 битни министерства, мазохизам на либералите и зелените

По вчерашната одлука на Алтернатива да стане дел од владината коалиција СДСМ-ДУИ, од партиски извори дознаваме дека Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, во преговорите со премиерот Зоран Заев успеал да добие 47 раководни функции меѓу кои вицепремиер, двајца министри, двајца заменици министри, МЕПСО…

Освен тоа, портпаролот на Алтернатова Орхан Муртезани вчера изјави дека било договорено Владата да бара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…

Неофицијално Алтернатива ќе го добие министерското место за здравство, за информатика и министер за дијаспора. Заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт, заменик претседател на Собранието, директорско место во МЕПСО… и уште десетици места во јавните претпријатија, здравствени установи, надзорни и управни одбори…

Димитар Апасиев од Левица за овој договор напиша: „ЛДП и ДОМ имаа 4 пратеници, а само 1 (небитно) министерство. Алтернатива има 4 пратеници, а ќе има 3 (битни) министерства!? Само јас ли не го разбирам мазохизмот на либералите и зелените?“.

За денеска во 13 часот договорена е нова средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се потпише програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот портпарол Муртезани, е историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евроинтеграција на целиот регион.

флеш.мк

Митева до Заев за смеењето на комеморацијата: ШТО ТИ Е СМЕШНО БРЕ… (ВИДЕО)

Денеска во Македонија пристигнаа телата на починатите во трагичната автобуска несреќа во која починаа 45 лица од кои 12 деца, трагедија која ја зави Македонија во црно, а во целост затвори неколку домови бидејќи починаа цели фамилии.

На комеморацијата и пречекот на починатите присуствуваше целиoт државен врв меѓу кои и премиерот во оставка Зоран Заев.

Додека Македонија плаче и се носат телата, Заев се смееше во разговор со претседателот на НСДП, Горан Мисовски, личеше на

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева праша „“ и постави видео на Твитер кое наиде наголем број на реакции од граѓаните:

Ништо од оставkата – Заев останува премиер, оставkата ќе ја активира дури откако ќе види како ќе одат преговорите со Бугарија

Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство да се влезе во Парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ“, вели Заев.

После вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, денеска и неговиот сопартиец министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

Милиони од Телеком за осудениот преговарач што не отиде в затвор – Зошто за Бучковски Заев е најдобар лидер

Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини со коментар на оценката на екс премиерот Бучковски за премиерот Заев.

“Бучковски: Заев е најдобриот претседател на СДСМ.
П.С.
Само со Заев е можно со правосилна пресуда да бидеш осуден и не само да не лежив во затвор, туку да бидеш и специјален претставник на Владата.
И, заедно со тие од ДУИ, од ТЕЛЕКОМ да земеш по 2,5 милиони долари мито и никој да не те гони”, објави Хајредини за Бучковски.

Бучковски беше правосилно осудено лице за набавка на тенковски делови а во САД се водеше судски процес за монополска улога на Македонски телеком добиена во времето кога на власт беше СДСМ и ДУИ меѓу 2005 и 2006 година кога тој беше премиер при што се спомнуваше корупција вредна повеќе милиони евра.

Бучковски и покрај правосилната одлука никогаш не отиде во затвор за набавка на тенковски делови кои никогаш не беа употребени.

До Нова Година Македонија ќе добие нов премиер и нова Влада: СДСМ ќе избира наследник на Заев, ВМРО-ДПМНЕ оди на Конгрес

Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. Алтернатива, пак, го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да разговара со Заев или неговиот наследник за евентуален влез во Владата.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори. Кандидирањето започнува утре и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката. По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали на ЦО било споменато името на Димитар Ковачевски за можен наследник на Заев, Кузеска рече дека се работело за коментар за квалитети на човек, без да прецизира други детали.

Заев на седницата на ЦО информирал дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник и очекува да се создадат можности дополнително да се зголеми со цел да се задржи европскиот курс на државата. Кузеска не даде конкретен одговор кој е 61 – от пратеник.

-ЦО смета дека има простор за разговори за приклучување на Алтернатива врз основа на принципи и вредности, и пренесена е надлежност на Заев за тоа, рече Кузеска.

ЦО на седницата оценил дека државата и надлежните институции со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза и ги носат сите одлуки во оваа функција. Државниот буџет е ликвиден и има средства да се помогне енергетскиот сектор. Во однос на пандемијата фокусот на надлежните е да преземат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат. Буџетот за 2022 е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, рече Кузеска.

На 12 декември лидер на Конгрес во Скопје ќе бира и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски информации, по успехот на локалните избори, се очекува претседателската функција во партијата да ја задржи Христијан Мицкоски.

Претходно синоќа Централното претседателство го овласти претседателот на Алтернатива Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

-Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси вечерва разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.

Муртезани рече дека отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори.

-Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта, рече портпаролот на Алтернатива.

Потоа, како што додаде Муртезни, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.

-Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.

Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.

-Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.

Во интервју за белградска „Политика“ лидерот на партијата Африм Гаши изјави дека Алтернатива ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во Северна Македонија, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нивните партиски и национални цели.

-Ако во преговорите видиме дека Зоран Заев навистина има искрена желба да ја спаси државата од овој грч, ќе се обидеме да му помогнеме. Длабоко сме заинтересирани за продолжување на евроатлантскиот курс на земјата, за отворање на преговорите за членство во ЕУ, за решавање на спорот со Бугарија и за политичка и економска стабилност, рече Гаши. (МИА)

СДСМ денеска одлучува за оставката на Заев

Доколку оставката биде прифатена, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, предвиден е рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.

Вечер заседава и Централното претседателство на Алтернатива, кое треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев, партијата да биде дел од Владата во наредниот период.