Tag Archives: ЗоранЗаев

Заев призна дека не е БОЖЕСТВО (ВИДЕО)

Во видео-обраќање до граѓаните со кои ги повикува граќаните да гласаат в недела на вториот круг на локалните избори, особено за Скопје, премиерот Зоран Заев, одново не пропушти да се закани дека „во недела носиме одлука – ќе продолжиме напред со научените лекции или ќе дозволиме со земјата и со градовите да завладеат неизвесност и опасност“ упатувајќи критика до опозицијата.

За себе, во видео-обраќањето Заев вели:

„Некои велат дека искреноста била мојата слабост, други ќе се насмеат на некој гаф од јавните настапи, но јас сум тој, Зоран Заев, еден од вас, еден од народот.

Па, не си божество ако си премиер“…вели премиерот

Погледнете:

(Видео) Заев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 додека просечната плата порасна на 28.642 денари

Кочани е важен град во Источна Македонија, центар на македонскиот Исток и зато е важно да продолжи по вистинскиот пат. А вистинскиот пат е со СДСМ и Николчо Илиев напред – кон развојот, кон напредокот, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„ Во овие четири години потавивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра.

Тоа е логична претпоставка имајќи предвид дека растат платите во сите сектори, дека расте просечната плата во континуитет. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество. За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред.

А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата. Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“ порача Заев.

3aeв се поистовети со основачите на ВМРО: Како што тие гледаа кон иднината, така и ние ја водиме државата во НАТО и кон ЕУ

Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која ја понесе борбата за вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, објави Заев.

Нашата борба, додава премиерот секогаш била само да се биде свој на своето – стремеж за држава на сите и за сите. Храброста и одлучноста на сите на кои денес им оддаваме почит имаше своја прва кулминација со Илинденското востание со што беше поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, а нивната саможртва одекна надалеку меѓу народите во слободољубивиот свет

Ако не победиме во СКОПЈЕ се повлекувам од ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА, соопшти Заев (ВИДЕО)

Ако не победиме во Скопје ќе се повлечам од премиерската функција и од лидер на СДСМ, порача Заев при неговото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Премиерот Зоран Заев ја повтори истата одлука која пред два дена ја искажа на прес-конференција, а се однесуваше на тоа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите за градоначалник во Скопје, како и ако опозицијата освои повеќе општини во однос на СДСМ, тогаш тој ќе си поднесе оставка на функцијата.

Заев: 31 Октомври за мене е „all in“, никој не е вечен, политичарите доаѓаат и заминуваат (Видео)

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 31 октомври, односно вториот круг од локалните избори за него е „all in“.

„Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо“, додаде Заев.

Заев: СДСМ е партија која ги слуша луѓето, граѓаните ни дадоа ЖОЛТ картон

– Во овие моменти навистина значи јасно и јавно искажаната определба да бидеме обединети во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и во обезбедувањето подобра иднина за целиот наш народ. Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јасна потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Продолжуваме да работиме посветено заедно за доброто на граѓаните, истакна Заев.

Осврнувајќи се на резултатите од првиот изборен круг Заев истакна дека Владата добила „жолт картон“ од граѓаните и од тоа колку ќе го послушаат нивниот глас ќе зависи дали тој ќе стане „црвен“.

 Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко дејствување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, додаде Зоран Заев.

Тој истакна дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, бидејќи СДСМ е партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив, учи, се менува и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните.

Народот на 31 октомври ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ или е за нов режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот. На 31 октомври народот всушност ќе ја донесе одлуката за се. Целосно, комплетно. Народе мој, демосот во демократијата одлучува, до народот, до секој од вас, до нас, поединечно и персонално: да не се враќаме назад, да се исправиме, да се обединиме и да одиме напред. Борбата не чека. Борба за подобар економски стандард, борба за интеграција во ЕУ, за подобро владеење на правото, за повисоки плати и пензии, за повеќе среќа дома, а не нови кавги, поделби и уназадувања. Сограѓани мои одиме напред, ајде на гласање на 31-ви за најдоброто, порача Заев.

(ВИДЕО) Заев: Сакам да дочекам претседател на државата да биде Албанец, да бидам жив и здрав

На новинарско прашање од ТВ21 околу најавениот предизвик од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети за нареден претседател на државата Албанец, премиерот Зоран Заев вели дека ќе го чека моментот кога граѓаните ќе бидат подготвени да изберат не Македонец во оваа земја.

„Овде сите сме родени, татковци дедовци ни се родени и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на непосредни избори каде што гласаат граѓаните. Тоа не се договара политички, партиски. Тоа е невозможно“, истакна Заев.

Тој вели дека сака да го дочека тој момент.

Заев им порача на активистите од Левица: „Да си посетите после ПСИХИЈАТАР“!

Голем скандал се случи за време на одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание во Прилеп.

11 активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња, додека обезбедувањето воопшто не ги тргна од местото. Скандалот се случи во моментот кога премиерот Зоран Заев положуваше цвеќе заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде, освен по странските држави. Славете си празник во Бугарија. Ова не е ваша територија“, зборуваше еден од активистите додека Заев се поклонуваше пред споменикот.

Во еден момент, премиерот одговори на провокацијата на активистот и му рече:

„Да си посетите после психијатар“, му рече Заев на активностот по што овој му предложи да одат заедно на преглед. Обезбедувањето на шефот на владата остана смирено и не дозволи да поголем инцидент, па страстите се смирија веднаш по заминувањето на делегацијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп.

Скандалот се случи во 4:21  минута од видеото.

3аeв нeмa пpoблем Бугарите да станат дел од Уставот, медиумите веќе ги објавија бугарските апетити

Премиерот Зоран Заев вели дека немаме проблем во Уставот да ги додадеме Бугарите, ниту која било друга етничка припадност.

Апсолутно никој пат не било проблем во нашата земја, не верувам дека и сега е проблем. Нашиот Устав ја препознава разноликоста во етничкиот карактер и тој ги набројува и Македонците и Албанците, и Србите, и Турците и Ромите и Власите и Бошњаците и другите. Земјите коишто пристапуваа, барем од регионот, или во последните години да кажам, деценија и пол, од 2004-та наваму, голем дел од нив имаат пракса при отворањето на Уставот непосредно пред полноправното членство во Европската унија да ги додадат и другите етнички заедници освен мнозинската етничка заедница којашто стои. Нашиот Устав е структуиран токму на тој принцип. Ние, јас сум рекол неколку пати, а и други претставници на институциите, ние немаме проблем да ги додадеме и Хрватите и Црногорците и Бугарите и други доколку мислат дека треба да бидат додадени, но секако тоа не треба да значи дека во моментот ние треба да го отвораме Уставот поради овие прашања, рече Заев.

Бугарските медиуми веќе објавија дека Протоколот треба да содржи правно обврзувачки гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Најважната точка ќе биде македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, за да се запре фалсификувањето на историската вистина.

На самитот на ЕУ и Западниот Балкан некако незабележително помина изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен дека е во подготовка т.н Патоказ според кој доколку се биде во ред со неговата имплементација треба да го тргне бугарското вето и да отовори преговори со Македонија.

Патоказот со пет плус едно прашање како можно решение за спорот вчера беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.

Потпретседателката на ЕК, Фон дер Лајен на завршната прес-конференција на Самитот, порача дека неотворањето преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитет на ЕУ и поддршка во регионот.

– Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија, тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем, рече Фон дер Лајен.

Бугарските медиуми веќе објавија дека Протоколот треба да содржи правно обврзувачки гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Најважната точка ќе биде македонските Бугари да бидат впишани во Уставот, за да се запре фалсификувањето на историската вистина.

Пред неколку недели Заев изјави дека Уставот ќе се отвори пред влезот на Македонија во ЕУ, а пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побара реципроцитет, одснсно и Македонците да влезат во бугарскиот Устав.

За да отвори Уставот и да се гласаат измени, слично како со Договорот со Грција е потребно двотретинко мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Инфомакс

(Видео) На Заев му ја погодија песната: Летаа илјадарчиња 🤣

Премиерот Зоран Заев, насмеан и расположен, лепи пари на свирачи кои очигледно му ја погодиле песната.

Видео со ваква содржина се шири на социјалните мрежи. Не е наведено каде и по кој повод е настанот од изборната кампања, н и публиката е расположена. Се слуша расположен поединец на настанот кој извикува: „Е, Зајче беее…”.

Смее ли да раздава пари премиерот во тек на активности од кампањата или истото се смета како поткуп?