Средношколци на протест: Бараат да се вратат на училиште

Средношколци од Струмица побараа да се вратат на училиште и да продолжат со настава, преку мирен протест одржан попладнево на плоштадот „Гоце Делчев“.

Учесниците на протестот бараат да се вратат на настава, бидејќи сметаат оти вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ја изгубат довербата во образовниот систем.

Тие порачаа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, најавувајќи продолжување на протестите ако не се прифатат нивните барања.

– Знаеме колку е ефикасна онлајн наставата. Ова е повик до надлежните да го слушнат нашето мислење бидејќи во спротивно ќе ја убијат нашата желба за напредок и ќе ни ја закопаат иднината – кажа една средношколка од Струмица

Храбар петгодишник го спасил животот на мајка му со помош на една играчка

Петогодишник го спасил животот на мајка му откако таа паднала во дијабетичка кома.

Малиот Џош од Телфорд, Велика Британија ја затекла мајка му онесвестена на под, но не испаничил. Заѕвонил на 112, европски број за итни служби, кој го видел напишан на својата играчка, возило на итната медицинска помош.

Полицискиот службеник, Џим Бејкер го нарече „многу храбар“.

-Неверојатно е тоа што Џош го направи. Брзо размислил кога ја пронаш мајка си и го повикал бројот кој го видел на играчката. Беше многу храбар и остана на линија сѐ додека не дојдовме до нивната куќа и на мајка му ѝ пруживме медицинска помош, вели Бејкер за Би-би-Си.

Полициските службеници го повикале Џош во обиколка на полициската станица, а објавија и фотографија со него на официјалниот Фејсбук профил.

-Џош веќе покажа дека во иднина може да биде одличен полицаец, се надеваме дека повторно ќе се сретнеме кога ќе биде доволно голем за да ни се приклучи, рече Бејкер.

Калина: Скопје е див запад – дивее кој како стигне, за секунда ќе ме снемаше

„Само што ќе погинев на Партизанска пред малку! Простаци неизживеани без грам памет! Ме подлажа возачот од првата лента кој ми застана на пешачки за да поминам.

Морав да го почекам тој од втора лента да застане пошто залетан беше и неволно закочи, лут на овој првиот што ми застанал, па поради него сега и тој мораше. И само што направив чекор, лу дак од третата лента прошиша на само пола метар од мене, може ни толку немаше.

Секунда, само уште еден чекор фалеше да ме однесе. Брзаше семафорот на зелено да го фати или се тркаше со некој пред него, не знам, се стаписав, срце ми застана. Дивљак симнат од планина, безкичмењак, амеба!

Ама не, не сте вие криви. Вас толку ви дал Господ во тоа црпките што ви зјаат празни! Крива е државава! Цело лето полицаец на Партизанска не видов.

Див запад, дивее и лудува со коли и мотори кој како стигне. Народ страда и гине. Полицијата уво не ја боли! Нема кој да ве казнува за да ви го дотера тоа паметот. Кој памет па и ја, заборавив дека амебите памет немаат.

По новчаникот доволно е вас некој да ве удри, возачка да ви земе, забрана да ви стегне, во затвор да ве пикне, па одете летајте после и тркајте се по Партизанска да ве видам! Стоко распуштена! Марш назад во планина!“

Чудата на Пресвета Богородица во Македонија

Денеска, навршуваат речиси две илјади години од смртта на најблагородниот лик на планетата земј и нејзиното небесно воскресение-Успение на Пресвета Богородица. Големиот култ на светителката одамна е присутен кај нашиот народ, кај кого е позната како негова вечна заштитничка и покровителка. Нејзиниот светол лик отсекогаш бил верен сопатник во неговите вековни борби за слобода, за одбрана на верата и Татковината. Денеска, овој народен лик блеска на фреските во нашите преубави храмови, а нејзиното име во молитвите милозвучно ги гали срцата на сите верници.

Празникот на смртта на Пресвета Богородица и нејзиното Успение на небото е еден од најрадосните празници на нашата Црква. Тој е победа на животот над смртта, на радоста над тагата, победа над вечните божји вредности: грижата, довербата, сплотеноста и убавината. Со нејзината чудесна помош и поткрепа, македонскиот народ успевал и се уште успева да ги преброди најголемите историски и животни предизвици, давајќи му нов дух и сила да истрае во верата и љубовта во Бога.

Неверојатни, но вистинити случки се случувале директно поврзани со активноста и натприродната сила која ја применила Пресвета Мајка Богородица. Имено, кај народот е распространето верувањето дека веднаш по спалувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Скопје, бугарскиот цар Борис бил отруен од страна на германскиот фирер Адолф Хитлер. Тогаш, бугарските окупатори во паника ја напуштиле Македонија, при што загинале голем број фашистички војници, полицајци, политичари и други од разни конфесии како и нивните блиски соработници. Исто така, се верува дека таа го заштити претседателот на Република Македонија од атентатот направен врз него на 3 октомври 1995 година кој се случи токму за време на празникот Покров на Пресвета Богородица со чија помош и молитви успеа да заздрави за да ја извршува својата изворна функција. При поплавата на Скопје во 1962 година, Пресвета Богородица не дозволила да гинат граѓаните на Скопје, а штетата што настанала потоа била минимална, бидејќи тогаш бил големиот празник Богородица Пречиста. Со чудото на Мајката Божја е поврзан и катастрофалниот земјотрес кој скопјани ги затекна на 26 јули 1963 година, и разурнатиот град кој со нејзина поткрепа брзо се санирал. Веќе следниот месец, точно на денешниот празник-Успение на Пресвета Богородица, Скопје станал град на меѓународна солидарност кога од целиот свет во Македонија пристигнала помош за обнова на градот кој подоцна ќе стане метропола.

Мошне интересно е преданието дека во годините од 1948-1952 година Мајката Богородица се јавувала на прозорците во Скопје, им оставала аманет на жителите да го обноват разуранатиот храм во нејзина чест (сега обновениот храм „Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во центарот на Скопје). Откако бил изграден во далечната 1835 година тој бил Соборен храм речиси цели 109 години по што бил запален од бугарските окупатори. Земјиштето на која била изградена црквата била вакувско свето место, па ако на тоа место се изградило друга зграда се заканувало дека ќе ги снајде проклетството и гневот на Пресвета Богородица. Според исказите на тамошните жители, цивилната власт во Скопје, во 1961 година отпочнала да гради младински дом спремајќи се да ги рушат црковните ѕидови. Но се случило, шефот да не може да го запали булдожерот за рушење, по што сите од претпријатието биле многу загрижени. Работниците се исплашиле дека гневот на Богородица ќе ги затекне и нивните семејства. Затоа се помолиле на Пресвета Богородица да им ги опрости гревовите, зошто требало да работат за да ги издржуваат своите семејства. Веднаш по молитвата се случило чудо, булдожерот проработел и темелите на храмот биле урнати. Откако ги поставиле столбовите и бетонската плоча на младинскиот дом, секој втор столб се спуштил за 30цм надолу и градбата наликувала како свиткана змија. Тогаш властите принудно ја напуштиле отпочната градба и младинскиот дом се изгради на друг плац. Дали било проклетство или знак да се чува тоа свето место?

Но, чудата на Пресвета Богородица не застануваат тука. Според познатите археолози и историчари на културата, на местото на денешната црква на Пресвета Богородица, некогаш се наоѓал еден од најпрочуените и најубавите христијански храмови на Балканот, катедралната црква „Св. Богородица Троерачица“, кој датирал од 11-тиот век, а во него чудотворната икона со истото име. За нејзината чудотворност е врзано следното предание: еден скопски златар при работа ја згубил дланката од едната рака. И се помолил на Богородица, и таа му ја вратила дланката. Во знак на благодарност, златарот излеал златна дланка која ја додал на иконата на Богородица. Така, со придодадената дланка таа наликувала дека има три раце. Други извори велат дека таква икона во средниот век била донесена од Блискиот Исток, а потоа, од оваа катедрална црква пренесена во Хиландар, каде се наоѓа до ден денес. Ваква чудотворна икона има и во црквата „Света Петка“ во скопската населба Црниче, која се чува во олтарот на храмот. Приказната како чудотворната икона со исцелителна моќ се нашла во црквата е многу интересна. Според постојните записи во црковните гласила, приказната е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева, родена 1915 година. Во 1941 год. таа се вселила во станот на еден свештеник кој заминал за Србија. При разгледувањето на подрумот на станот, откриле необична икона за која никој не знаел дека постои, а била оставена од свештеникот. Иконата која ја претставувала Пресвета Богородица, била насликана во дрво и завиткана во епитрахил. Новата сопственичка, ја ставила иконата заедно со двете други, во еден агол од својата соба. Покрај нив постојано горело кандило. И тогаш, започнале да се случуваат чудни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушало од местото каде што се наоѓала иконата на Св. Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како сребрена монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Едно утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да поверува во глетката, се додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна, иконата многу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопственичката го послушала советот на тогашниот старешина на црквата „Св. Петка“ Ацо Стојковски, и иконата ја предала во Божјиот храм. Иконата и денес таму се наоѓа.

Како симбол на раѓањето и обновата, празникот Успение на Пресвета Богородица е особено поврзан со водите како извор на животот. Постои верување дека за време на постите за Голема Богородица секнуваат изворите низ цела Македонија, односно се намалува нивото на водите, за да на самиот празник тие да добијат чудотворна моќ. Тоа се водите во многу манастири низ Македонија посветени на Богородица во кои има извори-бунари. Тука спаѓаат и оние извори потајници, кои повремено капат и прекапуваат, потоа изворите што не го намалуваат ниту зголемуваат нивото на водата, изворите од темните пештерски карпи, како и водите кои истекуваат спрема исток. Сите овие води стануваат животворни за време на овој празник и помагаат за залечување на рани, подобрување на видот и имаат прочистително дејство за душата и телото. За овие води на денешниот празник не се обрнува многу внимание, од причина што луѓето кои доаѓаат таму сметаат дека се тоа најобични работи. Но, се слуша дека водите како во Пречиста Кичевска, култните извори во село Долно Водно кои се нарекуваат Капиштец, како и многу други се навистина лековити.

Успението на Пресвета Богородица е сведоштво дека таа е жива и меѓу нас, а нејзините чуда се доказ за тоа. Само треба да ги отвориме нашите срца и души за да ги примиме нејзините небески зраци. Како вистинска мајка-бдеец над секое нејзино македонско чедо, без разлика дали се наоѓа во Републиката или надвор од неа, таа и денес влева надеж да продолжиме понатаму, и покрај сите препреки, со голема вера и ентузијазам да чекориме гордо и достоинствено на нашиот македонски пат.

Нека е вечен и благословен празникот Успение на Пресвета Богородица! Да истраеме и да надминеме сè со помош на силата на нејзината пресвета љубов.

Пишува: Огнен Коцевски

Му откажаа кочниците на 300км/час, еве како се снаоѓаат професионалците

Маверик Виналеш вториот шофер на клубот Јамаха во Мото Гп скокна од својот мотор на 220км/на час поради откажување на предната кочница кој е клучна на овие брзини. Вака се снаоѓаат професионалците на оваа брзина, само погледнете ја брзината на моторот пред да удри во сигурносниот ѕид тоа многу кажува дека се работи за опасен спорт во кој нема место за грешки.




<iframe width="1490" height="572" src="https://www.youtube.com/embed/ufF1HF7U3cA" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се промени, и изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.

Останува утре да видиме дали не очекува поскапување или пад на цените.

Властите дале дозвола, ќе се пуштаат милионски генетски модификувани комарци во природа

Ваквата одлука ги разбеснила граѓаните, но и организацијата за заштита на животната средина.

-Властите во Флорида одлучиле да ги користат парите на граѓаните и државните ресурси за да го изведат овој експеримент од времето на Јура, соопштила Џејди Хенсон од Меѓународниот центар за управување со технологија и Центарот за безбедност на храна.

-Сега, без никакви проценки за ризик, продолжуваат со експериментот, наведуваат во соопштението.

Пилот проектот е измислен за да се дознае дали ГМО комарците можат да бидат замена за инсектициди кои се користат во прилика кога се запрашуваат тиграстите комарци, кои во себе може да носат денге и жолта грозница, како и бројни други болести.

Тигрестите комарци кои се препознатливи по шарите на нозете и на предниот дел, доаѓаат од Африка и може да се пронајдат во тропските краеви ширум светот.

Комарецот наречен OX5034 е генетски модифициран така што женските комарци умираат уште кога се во фаза-ларви, односно пред да пораснат  доволно големи да можат да касаат и пренесуваат вируси. Во студијата се наведува дека само женските комарци касаат бидејќи им е потребна крв за да имаат легло на јајца, а од друга страна, машките комарци се хранат со нектар и со самото тоа не се преносители на опасни вируси.

Како што е најавено, модифицираните комарци во 2021 година ќе бидат пуштени и во округот Харис во Тексас. Американска агенција за заштита на животната средина го одобрила почетокот на проектот откако компанијата Окситек направила повеќегодишно истражување за тоа како генетските модифицирани комарци би можеле да влијаат на човекот и природата.

-Ова е многу интересно, бидејќи се во прашања децениска здружена работа на стотина луѓе ширум низ светот кои се посветени на тоа да го заштитат човештвото од многу заразни болести, изјавил директорот на компанијата Окситек.

На „Тик Ток“ објавена снимка на момче кое брутално го тепаат и снимаат, МВР го бара момчето кое го објави

На апликацијата Тик Ток се појави видео на кое се гледа напад на младо момче. Видеото кое е со траење од 15 секунди е споделено од профил со име @problem1. 

На него јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат, а исто така можат да се забележат и две знамиња.

Дали момчето се здобило со повреди, кои се причините за тепачката треба да одговорат институциите. Засега е непозната и точната локација и кога е направено видеото. Од МВР само кратко велат:

Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста.

<iframe width="634" height="357" src="https://www.youtube.com/embed/VtOpiQByvME" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>

Како не ви е срам да наплаќате 200 денари за искачување на врвот – школски пример за легална кражба

П.С. Бидејќи читам коментари рандом да не враќам поединечно…ова се дополнителни пари од оние на рампа 50 за возило и 30 од човек, кои се плаќаат регуларно со години, за влез и движење во Национален парк, со кои сме сложни и согласни за да дадеме придонес кон паркот за одржување, чистење и сл.

Едно Магаро – 200че.
Жал ми е што овојпат оваа идилична слика од врв планина и природа ќе нема идилична приказна како вообичаено. Еве, да видите до кое дереџе сме дојдени…Наместо регуларна планинарска тура – школски пример за легална кражба.
Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост , екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе.
Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа :
” Извинете, знам, неможам ништо да сторам, јас сум само вработен. “…и со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Не услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот.
Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од Ноември до Април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!
Ми наплаќате за користење на ресурси – ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре – што кај нас е квантна физика.
Ејдиии деее… Денес наплативте на тие што со себе на грб ја носат тежината и бремето на ВАШЕТО расфрлено ѓубре и пластика и на горе и надолу, долж и попреку Националниот парк и не само на патеката која чини 200 денари туку насекаде, на некој кој е спремен да изоди километри пеш со повреди и во болки за да ја испочитува и срдечно да и се израдува и да и се поклони на убавината што пред себе ја гледа, на некого кој живее за тоа. Нам не ни е проблем да тргнеме по друга патека кај што ќе нема баждар и ќе ја најдеме, научени сме , 1км плус/минус, вие дали знаете друг пат освен овој, мизерниов?
Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.
Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење. 🙁 🙁 🙁
* Споделете, вие кои го делите со мене мислењето. Останатите уште да молчите, до следни 500ки на друга планина.

Ако има некој вакво куче за продавање, нека каже цена!

Кога веќе го дресираш кучето, нека научи нешто корисно како Џони 🙂
Извор: Мотика

<iframe width="740" height="555" src="https://www.youtube.com/embed/3GdjynJNOH8" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture" allowfullscreen></iframe>