Connect with us

Uncategorized

Бикови – не ги одложувајте обврските, Јарци – избегнувајте сериозни разговори

Што предвидуваат ѕвездите за денес? Кој го очекуваат интересни разговори, а кој еден куп обврски?

Овен 21.03-19.04
Денес бидете искрени кон вашите сакани ако сакате да ги избегнете непотребните проблеми. Цел ден ќе бидете полни со енергија и ќе успеете да ги завршите запоставените обврски. На поле љубов мора да направите компромис, без разлика колку тешко ви изгледа тоа. Не заборавајте дека во врската важна е среќата и на двајцата.

Бик 20.04-20.05
Ќе бидете полни со енергија, но цел ден ќе настојувате да ги одложувате обврските. Денес ќе ви годат разговорите со саканите, па најдете барем малку време за нив. Во љубовта покажувате поголемо разбирање за партнерот. Ова дефинитивно ќе ја подобри вашата врска.

Близнаци 21.05-20.06
Денес ќе бидете подготвени да прифатите критика и да го промените она што е потребно. Цел ден ќе се чувствувате добро, но не заборавајте да најдете време и за одмор. Ако сте во врска, можно е да се појават мали проблеми. Партнерот нема добро да ги разбира вашите зборови, па бидете трпеливи.

Рак 21.06-22.07
Вашата креативност ќе ви помогне да се справите со сите денешни предизвици. Ќе имате премногу обврски, па кон крајот од денот најдете малку време само за себе. На поле љубов нештата се добри. Ако сте во врска, разговарајте со партнерот за заедничките планови и цели

Лав 23.07-22.08
Ќе бидете мотивирани да им се посветите на личните цели – слушајте ги вашите инстинкти и нема да погрешите со одлуките. Ќе бидете добро расположени, а вашата позитивна енергија ќе биде заразна. На поле љубов нештата се добри – постепено се ослободувате од непотребните грижи и сомнежи и уживате во миговите со партнерот.

Девица 23.08-22.09
Вашата добрина ќе ви донесе среќа, а денес некој ќе ви врати за некоја ваша услуга. Сепак, ќе се чувствувате напнато, па дозволете си да се релаксирате без чувство на вина. На поле љубов владее хармонија. Ако сте во врска, сега е време е да се фокусирате на заедничките планови.

Вага 23.09-22.10
Имате потреба да се фокусирате само на најважното, а ова ќе ви биде од голема корист. Вашата самодоверба расте, па повеќе не ви е потребно туѓото признание. На поле љубов можни се проблеми, но повеќето од нив се само во вашата глава. Променете ја вашата перспектива и ќе сфатите дека нештата и не се така лоши.

Скорпија 23.10-21.11
Денешните разговори ќе ви го подобрат расположението и ќе ви ја променат перспективата за многу нешта. Ќе успеете да се помирите со грешките од минатото и ќе им се доближите на личните цел. На поле љубов подобро ќе го разбирате партнерот. Ако сте сингл, ве очекува интересна средба.

Стрелец 22.11-21.12
Денес ќе имате проблеми со темпераментот, но до крајот на денот ќе успеете да се справите со ова. Разговорот со некој пријател ќе ви биде од голема помош. На поле љубов немојте да ги игнорирате потребите на партнерот. Добро би било отворено да разговарате за ова.

Јарец 22.12-19.01
Денес ќе се фокусирате на личните цели и ќе направите план за нивна реализација. Ве очекува и интересен разговор со некој познаник што ќе ви помогне да се зближите. На поле љубов ќе ви биде тешко да бидете разумни. Најдобро е да ги оставите сериозните разговори за друг ден.

Водолија 20.01-18.02
Денес внимавајте вашите зборови, бидејќи сигурно не сакате да ги повредите најблиските. Периодов сте премногу зафатени, па денес добро би било да најдете време за одмор. На поле љубов чувствувате несигурност. Ако сте во врска, обидете се да разговарате со партнерот за овој проблем.

Риби 19.02-20.03
Ќе имате можност да запознаете неколку интересни луѓе кои значително ќе ви го подобрат расположението. Периодов сте изложени на многу стрес, па вечерва најдете некоја релаксирачка активност. На поле љубов нештата се добри. Вашата самодоверба расте, па ако сте сингл, направете го првиот чекор.

Advertisement

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг