Connect with us

Приказни

„Нашиот народ е лош, сеирџиски, 3лобен. Да гледа како некој пропаѓа и пати“

Published

on

“Неверојатно, па тоа не е можно!”-велеа голем број од граѓаните.Следуваше потоа изјавата на Жан Митрев во која вели:”Тоа не е мојот син, секој што има 25 години одговара за своите постапки!”.

Како бомба одекна веста, дека Филан Митрев, синот на Жан Митрев, познат кардиохирург и сопственик на една од најугледните болници на Балканот, е терорист уапсен во Германија, во обид да изврши тешко кривично дело против граѓаните. Судењето е почнато на 2 септември и македонската  јавност ќе ги следи настаните сега кога медиумската бура започна.

“Неверојатно, па тоа не е можно!”-велеа голем број од граѓаните. Порталот кој ја објави веста гореше. Веројатно го направи во една вечер  потребниот сообраќај за целиот месец. Другите портали не објавуваа. Веста беше непроверена, а вест која се објавува длабоко во ноќта треба да го дочека утрото за да има потврда. Но сепак, веста допре  до мнозинството граѓани на Македонија.

Општото  мнение беше:”Ова е лажна вест, не е можно! “        Но, како што би рекол нашиот Претседател Стево Пендаровски “не е можно ниту да се смени името, душа ќе му извадиме на тој што ќе го стори тоа, па на крај се искочи можно, дури и тој самиот учествуваше во таа смена. Се е можно во земјата на чудата, Северна Македонија.

За жал,  лошата вест се потврди утредента, кога излегоа информации за целиот случај, кој започнал во ноември 2019-та година, но македонската јавност не го забележала, или не му дала големо значение. Веројатно, сега и била точката на вриење. Следуваше потоа изјавата на Жан Митрев во која вели: ”Тоа не е мојот син, секој што има 25 години одговара за своите постапки!”.

И тука Жан Митрев е потполно во право.

Што да каже поправилно човекот кој е светла точка на македонското здравство, кој изгради своевиден храм на здравството, кој спасил илјадници животи! Што да каже откако јавноста му ја извади душата  само заради тоа што е родител на едно момче кое не го пронашло својот пат. Јавноста не им ја извади душата на оние што навистина и згрешија, но сега како и многупати досега  реагира кога на некого ќе се впери прст. Ќе беше многу подобро на Жан Митрев да му ја извадеше душата за обвинувањата по медиумите за погрешно направени операции со лош исход, за обвинувањата за високо наплатени интервенции, за обвинувањата за немање можност за лекување на обичното граѓанство кај него поради високите цени, нешто на што тој можел да влијае. Вака  беше ставен на отстрел затоа што син му е една будала, која на сите услови во животот и среќата да се родиш како дете на познат кардиохирург,  решил да биде терорист на ИСИС. Според писанијата татко му направил се за него, а мајка му (Германка) го избркала од дома, со право.     И затоа е во право. На она што не можеш да влијаеш, не можеш и да си одговорен.

Нашиот народ е лош, сеирџиски, злобен. Да му умре на комшијата козата. Да гледа како некој пропаѓа и пати. Но и да биде подлизурко на лажните богови. Политичарите. За грев на Митрев му се зема тоа што агитирал за промена на името и го сменил името на клиниката. Можел да им се спротистави?! Само неговите ѕидови ја знаат вистината. Колкава ќе била цената за спротиставување. Многу лесно ќе му се случила претседателскана изјава.

Истиот случај е и со нашиот познат спортист за кој се вели дека е штедачот во Еуростандард банка со 7,4 милиони евра. Сеирот деновиве е бездушен и безграничен. “Ако му е на цицијата, со толку памет и школо толку е! Тоа сме ние, злобни мали суштества кои молчат кога им ја одземаат државата, името, идентитетот, јазикот, историјата, хероите,  ама јадеме гомна затоа што на некој кој ја пронел славата на Македонија на спортско полe, му пропаднале парите што чесно ги заработил. “Па и тој агитираше за Северна, ако му е? “ И неговите ѕидови знаат со што се соочил! А неговите пари се со пот заработени, и платен е данок на нив, а тие што ги подржувате и гласате во најголем процент се богати од криминал, малверзации и кражба на државен имот. На нив не им сеирџите, нив ги славите, не ја  миете раката ако се поздравите со нив. Затоа сме јадни и неспособни, и си го добиваме заслуженото. Никој да се најде,  да се запраша кој го излажал спортистот да ги внесе парите таму и кој му понудил високи камати, а своите пари ги ставил во друга банка?

Тоа сме ние, остатокот од оние кои некогаш беа Македонци, полтрони заробени во својата лушпа, заградени со огради, кои ги водат група неспособни ноторни лажговци. Сега им се ситите на Митрев и голгетерот, ама тие за два месеци ќе имаат што да јадат, а ние ќе патиме за корка леб. Старите скопјани велеа: Не се сити, нашето е напред?

Затоа Жан Митрев е во право, тој има шанса да се подобри,  да биде похуман доктор, да ги отвори вратите за сите, да помага на луѓето, тие што имаат, да платат и за тие што немаат, тоа се вика животен баланс, затоа што убавата карма е илјадапати подобра од големите пари. Голгетерот ќе се снајде, само нека го отвори срцето.

Еден дедо велеше: Јас сакам сите да имаат, многу да имаат?

Зошто бе дедо?

Па да не ми бараат на заем!

Наздравје,  народе три црти.

Приказни

Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку – Тетка Ѓурѓа од Карпош (Видео)

Published

on

– Тежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку, понекогаш само за леб и сол, вака 91-годишната Баба Ѓурга го започнува своето сведоштво.

Продава цвеќе во Карпош, позади Лептокарија за да обезбеди храна за нејзе и нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг 30 години е неподвижен а неодамна починала и една од нејзините три деца. Дополнителен проблем за Баба Ѓурга на целата мака е што пред еден месец спремајќи ги цвеќињата се лизнала и ја скршила раката.

Доколку се најдете во населба Карпош, позади Лептокарија, побарајте ја Баба Ѓурга и купете цвеќе, ако ништо повеќе барем за да ја поздравите оваа храбра жена која и покрај сите маки му се радува на животот и не се откажува.

https://fb.watch/mWGd9V91JX/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Приказни

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Published

on

Денеска Скопје се сеќава на разузнавачкиот земјотрес од 1963 година, а сеќавањата за блиските загинати сеуште се меѓу скопјани кои и после 60 години се сеќаваат на катастрофата која не треба да се повтори.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

ВИДЕО) Скопје тагува: 56 години од кобните 20 секунди на 26-ти јули 1963-та

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  

Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Continue Reading

Приказни

Хит фотка: Штотуку родено бебе се насмеало кога го видело својот татко

Published

on

Раѓањето на детето е посебен момент за секој родител, а многумина токму поради тоа ги прават првите фотографии од бебето уште во породилната сала.

Така родителите на преслаткото девојче Антонела успеале да направат навистина посебна фотографија само неколку моменти по нејзиното раѓање.

Имено, штотуку роденото девојче му се насмеало на својот татко, а фотографијата од преслаткиот момент расположи многумина. Мајката Тарсила Роса Кордеиро е убедена дека малата Антонела го препознала гласот на својот татко кој во текот на бременоста секојдневно разговарал со неа.

„Кога се роди, ја ставија во моите прегратки да спие. Но, штом нејзиниот татко ѝ се обрати, таа ги отвори очите и се насмевна“, раскажала мајката.

„Секогаш ѝ велеше дека многу ја сака. Наутро ѝ посакуваше добро утро, а навечер ѝ велеше „добра ноќ“. Ме галеше по стомакот и ѝ зборуваше. И штом се роди, ја повтори реченицата која ѝ ја кажуваше кога доаѓаше од работа – ‘еј бебе, тато пристигна’“, додала Тарсила.

Таткото Флавио Диего Вилела вели дека се чувствувал прекрасно кога неговата ќерка му се насмеала.

„Мислев дека знам што е вистинска љубов, но немав поим додека не ја здогледав таа најискрена насмевка на светот“, порачал тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк