Кризата која го погоди целиот свет удри и по џебовите на многумина граѓани, па тие ова лето не можеа да си дозволат дури ниту краток одмор во некоја од нашите домашни дестинации, а камо ли надвор од Македонија. Сепак еден гест на охридски газда беше доволен за граѓаните да почнат да веруваат дека добрите и хумани луѓе сеуште постојат во нашата земја.
Сопственикот на ИТ Кафе во Охрид ги испрати своите 140 вработени на платен одмор во Турција, оваа информација проструи во македонскиот етер откако беше објавено на Твитер.

ИТ кафе затворено заедно со уште еден ресторан. Причина? Епа газдата на тие 2 објекти и на уште една фабрика си им уплати на вработените (140 на број) одмор во Турција Ultra all Inclusive. Многу од нив прв пат се качија во авион, пишува на Твитер налогот на Плавуша со црн корен.
Вакво хумано дело од бизнисмен досега не е забележано во Македонија, посебно не во време кога многу приватни бизниси „настрадаа“ поради здравствената криза која ја погоди земјава како и целиот свет.
