„Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба“

Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба.Утре да те нема, повторно сè ќе тече, сè ќе се случува без тебе.Ќе им недостасуваш на најблиските некое време… но целото тоа требање и морање ќе се одвива и без тебе.Не си наметнувај на себе повеќе отколку што можеш да издржиш. Бидејќи не си магаре. Жена си.Сосема е во ред што денес не зготви ручек и не стигна да насечкаш салата, да ја одмрзнеш сармата која стои во длабоко уште од јануари.Нема да им испарат сите витамини за само еден ден.

Нека, остави ја и прашината. Слушам пеглаш пешкири и чорапи. Запрашај се само, дали животот е замислен за да го поминеш во пеглање? Мора да има и подобри начини.Свари си кафе и конечно читај ја книгата која ја купи за денот кога ќе имаш малку слободно време.Бидејќи, да ти кажам една тајна… Никогаш нема да имаш доволно време. Немаме ние време, туку времено нè има нас.Затоа, ослободи си минута за себе, па и неколку часа и денови.

Одмори ја душата и биди сами ти. Пробај барем малку да не бидеш ни жена, ни мајка, ни кралица. Твојата штитна жлезда ќе ти биде благодарна!Одмораш ли доволно?А и на кого му е гајле? На никого… Одговорот секогаш ќе биде: Па, кој ја тераше? Да, да, баш така!Застани жено… И натерај се себеси да мислиш. Има ли твоето живеење цел? Те цени ли некој?Те прашувам тебе и сите жени на светов…Затоа застанете, одморете… Животот продолжува и после вас. Времето нема да застане заради тебе, мене…

Вело: „Во ист ден 4 пати ме престигнуваат две коли со странски регистрации, на кого му пречи науката?“

На кого му пречи науката

Последниве деситена дена бев мета на бројни напади од сите можни оружја. Слични напади односно пласирање на тези за омаловажување и дискредитација кратко беа пуштени во месец мај, во еден период кога дадов некоја анализа или мислење кое на некои структури не им се допаднаа. Ова само ми дава за право да мислам дека влегувањето во ИК на ВМРО ДПМНЕ е само повод а не причина за пукање од сите оружја кон мене. При тоа ниеднаш не се оспоруваат моите ставови околу КОВИД-19 туку се напаѓа мојот изглед, каракер, личен живот, национална и партиска определба. Владеачката партија одржа неколку прес коференции, првата само неколку часа по изборот во ИК. Се вклучија ботови, спинови т.н независни новинари (очигледно многу зависни од пари) аналитичари, лекарска комора…

Нападите се лични иако јас за цело време изнесувам научни и стручни ставови се со цел да помогнам да поминеме со полесни последици од најголемата војна во историјата на човекот. При тоа личните навреди се очекувани, свесен сум и за последиците од бранење на научни ставови во време на глобално лудило (професорот Дидиер Раулт имаше смртни закани во дмеократка земја како Франција). Ме изненади омразата со која сум напаѓан од луѓе на кои можеби баш моите ставови и искуство им помогнало многу.Два моменти сепак отидоа предалеку. Едниот е прес коференциа (или јавно изнесен став) на портпарол на СДС (владеачка партија) во која изнесува многу наводи од една истрага која се води против мене. Изненаден сум како дошле тие податоци до него (или државата тоа сум јас…). За да не влијаам на истрагата јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување. Се надевам дека одделението за организиран криминал при Јаното обвинителство во најскоро време ќе одговри: како предметот стигнал до портпаролот; дозволиливо ли е да се влијае на истрагата, ќе влијае ли јавниот притисок и притисокот од власта во понатамошниот тек на истрагата и врз евентуалното подигнување на обвинение и судски процес; ќе покрене ли обвинение против сите кои јавно изнесуваа податоци од предмет во истрага.Вториот момент е: некои чудни совпаѓања и случувања вразани за мојата лича безбедност и безбедноста на моите најблиски. Не верувам дека во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имам 4 пати прстигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отварање на прозор од тераса со штравигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во момнтот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпагање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот. Останува полицијата да расчисти дали се работи за случајни настани и средби, обид за кражба или штази методи.

Без разлика на резултатите едно е јасно, некој сака да ме исплаши или има сериозни намери со краен резултат: замолкување на науката. Сакам да кажам дека без разлика дали се работи за случајни настани, обид за разбојништво, кражба, игра на наркомани, некој треба да се погрижи да ги заштити лекарите кои се јавно експонирани за време на оваа пандемија. Мојата безбедност е директно во рацете на министерот за внатрешни работи господинот Оливер Спасовски кој се покажа како човек кој во целост ја држи контролата и работата во МВР. Во услови на светска пандемија, со огромни економски последици, со 15 милјарди долари на ден потрошени пари во здравството во светот од кои најголемиот процент оди во некои фармацевтски компании, мислев дека министерот и/или безбедносните структури во државата по автоматизам ќе се потрудат да го заштитат својот лекар и професор кој има над 73 милиони прегледи на електронските медиуми.Поради загриженост за безбедноста моја но пред се на моите најблиски ќе побарам прием кај министерот Оливер Спасовски за да ме убеди дека изнесувањето во јавност на моите сознанија за КОВИД-19 пандемијата нема да ја загрозат мојата безбедност и безбедноста на моите најблиски. До тогаш ги откажувам сите договрени интервјуа и/или емисии на тема за КОВИД-19 пандемијата.Со почит Проф др Вело Марковски

„Сите келнери во Македонија крадат, не им ја намалувајте платата поради тоа“ – Дебата на социјалните мрежи

Низ социјалните мрежи кружи статус, инаку од сопственичка на угостителски објект, го сподели своето искуство во работата со една вработена, проследена со лавина коментари.
Имено, таа го сподели статусот со следнава содржина: „Ако имате кафеана, а ве украде келнер, кој беше пријавен, чија плата не доцни ниту еден ден, дали ќе го одземете недостатокот од следната плата?“. „
Па ова прашање привлече и доста коментари . Сепак, судејќи според коментарите под објавата, повеќето луѓе не се изненадени од оваа посебна ситуација, бидејќи се убедени дека сите келнери го прават истото.

Еден коментар гласи: „Нема келнер кој не краде од работодавачот“
„Кога ќе украде од тебе, тој краде и од гостите. Тој нема да застане, без оглед на тоа што ќе вети. Разговор и договорено раскинување на договорот“.


Имаше и предлози сопственикот на барот да му даде итно отказ и да го гони, иако некои корисници се на мислење дека е тешко легално да се „протераат“ ваквите дела на чистачка. Многумина застанаа на страната на келнерите, нагласувајќи дека работодавците земаат и од народот, особено по цена на флаширана вода и чај, па затоа не треба да се жалат на келнерот. Исто така, многумина се целосно на страната на келнерот, бидејќи, како што велат, ако тој е вреден и носи пари, „затвори му едно око ако украде“ … За што станува збор? “Треба да наведете како краде. Ако направи пари за себе правејќи 10 од девет кафиња, секој келнер го прави тоа, верувајте ми. Треба само да се намали на разумно ниво и тоа е тоа”, е друг коментар во низата коментари.

Келнерот, како што се наведува во објавата, подоцна признал дека украл 37 сладоледи за три дена, во вредност од 60 евра. Сопственичката на локалот со смеа вели дека веќе знае за „трикот со кафе“, и дека тоа му го простила неколку пати.

На оваа објава реагираше и девојче, како што рече, никогаш не и паднало на памет да украде, бидејќи била „задоволна од работата и бакшишот“.

Колку навистина заработуваат келнерите во Македонија? Според некои анализи кои се направени со келнерите во Скопје и други места домашните работници заработуваат три пати помалку од германските. Ова е затоа што домашните продажни места имаат пониски стапки на профит, како и цени на услугите. Просечна плата во Македонија за келнер се движи од 15 000 – 30 000 додека во германија е над 1500 евра.



Брачен пар и нивното бебе живеат во школски автобус: Нивниот план е да патуваат низ целиот свет

Џастин и Џуди и нивната мала ќерка Азелија живеат во реновиран училишен автобус од 2018 година, а нивниот план е да патуваат низ целиот свет.


Пред две години, Џастин (29) и Џуди (29), решија да го разменат својот дом во Дурам, Англија, за училишен автобус долг 33 метри, приклучувајќи се на растечката заедница на патувачки авантуристи кои живеат со овој животен стил.

Двајцата се посреќни од кога било. – Кога ќе погледнете наназад на животот, вашите спомени и луѓето што ги познавате и работите што сте ги направиле, огромна сметка во банка не е важна. Сакам да се сетам кога секој ден ќе се будам покрај ќерка ми и да видам како таа се смее и се смее. Тоа навистина ја започна желбата за патување, и навистина ни се допадна идејата да живееме во автобус – рече Џуди

За да бидете задоволни, треба да знаете зошто сакате да живеете неконвенционален начин на живот, истакнува inастин. – Го разбравме нашето „зошто“ и започнавме да го манифестираме типот на живот што го сакаме. „Разберете го ова„ зошто “, размислете како ќе ги доживеете моментите кога сопругата е бремена, а зимата се ближи. Многумина би го изгубиле умот ако помислат на сите потребни работи за реновирање.

Ако „зошто“ е силно, ќе дојдете во овој момент кога ќе го сторите тоа и ќе го сакате – објаснува inастин. Двојката ги поминува своите денови вежбајќи јога на карпите на планините во Конектикат, тие порано посетувале музички фестивали и фарми.

Решение за тие што се во странство: Мобилни екипи ќе даваат пасоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес на посебна средба со вработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва. Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

„Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2-ри октомври до 9-ти ноември оваа година започнуваат со реализација на акциониот план. Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите ДКП-а.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидено истото, македонските државјани повеќе информации можат да добијат на страната на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Бројот на позитивни од Ковид е „плафон“ – состојбата загрижува

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 77
-Куманово 9
-Дебар 3
-Штип 5
-Прилеп 11
-Тетово 16
-Струга 3
-Велес 5
-Битола 6
-Охрид 2
-Кавадарци 3
-Гостивар 5
-Гевгелија 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 3
-Радовиш 6
-Кочани 10
-Пробиштип 3
-Берово 1
-Валандово 3
-Виница 3
-Делчево 2
-Свети Николе 5
-Кичево 2
-Неготино 1

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од:

-Скопје 33
-Куманово 8
-Дебар 13
-Штип 3
-Прилеп 6
-Тетово 29
-Струга 2
-Велес 6
-Битола 5
-Охрид 1
-Кавадарци 8
-Гостивар 5
-Гевгелија 1
-Струмица 14
-Крива Паланка 2
-Радовиш 1
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 4
-Берово 5
-Валандово 1
-Виница 5
-Кичево 5

Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

Го загрижува ли некого? – Бројот на работниците во администрацијата расте, во сите други индустрии опаѓа

–За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата  во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, додека во август 2020 година во споредба со август 2019 бележи пад од 5,1 отсто, соопшти денеска ДЗС.

Најголемо опаѓање имало во секторот за трајни производи за широка потрошувачка 6,7 отсто и Капитални производи – 6,1 процент.

Минатата 2019 година, бројот на работниците во индустријата во јули е намален за 2,5 отсто во споредба со истиот месец 2018 година, а во првите седум месеци бил помал за 1,2 отсто во однос на истиот период од прекланската година.

Наспроти ова, податоците за бројот на вработените во јавниот сектор во државата што ги објавува Министерството за информатичко општество, а што ги пренесуваме, покажуваат обратен тренд: во 2019 година плата од државен буџет примале 132.900 вработени, во 2018 – 132.068, во 2017 – 128.722 вработени…

Извор: https://skopskoeho.mk/makedonska-rabota-brojot-na-rabotnitsite-vo-industrijata-opaga-vo-administratsijata-raste/

Оние кои немаат компјутери наставата ќе ја следат на МТВ – Еве го распоредот на часови

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.


Прекрасен месец – Следуваат два продолжени викенди во месец октомври

Едниот се паѓа на 11 октомври, додека другиот е на 23 октомври.

За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.