Шилегов: Годинава не сум добил убод од комарец

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани.

Но, за разлика од повеќето граѓани, Шилегов вели дека него цела година не го каснал ниту еден комарец.

-Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти, рече Шилегов.

Новинарите го прашаа: Скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците. Па сакам да ве прашам, дали вие добивате убоди?

-Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, одговори Шилегов.

Полицијата откри терористичка ќелија на ИСИС во Куманово, со еден куп оружје,

На почетокот на 2019 година, А.Б. создал терористичка/злосторничка организација во која членуваат В.А., Е.Љ. и уште неколку лица и заедно формирале злосторничка организација „ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цели на територија на Република Македонија.

Членовите на групата обезбедувале финансиски средства и набавиле поголема количина на оружје, муниција и воена опрема, која ја сокриле-складирале во близина на локалниот пат с. Биљановце/с.Пчиња на м.в „Менкова Колиба“.

Како резултат на добиени оперативни сознанија и примена на оперативно тактички мерки на споменатата локација пронајдени се: пет автоматски пушки, пушкомитралез, 18 рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми, рамка со 15 куршуми, три дрвени кундаци, дрвен кундак со механизам за испалување, три гранати за рачен фрлач со напис RD 40мм, пет запалки за гранати за рачен фрлач со осигурачи, две маскирни капи, две поткапи црна и сива боја, два пара маскирни ракавици, два тактички елеци, четири тактички елеци со маскирна боја, знаме со испишани арапски букви (ИСИС), марама со испишани арапски букви.

https://motika.mk/reklami/inarticle.html

Извршени се претреси во дом и други простории кај лицата Б. А., В. А. и Е. Љ. на вкупно четири локации, од кои три на подрачјето на Куманово и една на подрачјето на Скопје, и притоа истите се лишени од слобода.

Од извршените претреси пронајдени и одземени се: два појаси рачно изработени исполнети со прашкаста материја (експлозив), метални кугли (лагери) монтирани на картонска подлога и две запалки од рачна бомба за активирање на појасите, две направи со жици од разна дебелина, две радиостаници, осигурач за експлозивна направа, лап-топ компјутер, девет мобилни телефони, пет СИМ картички, електронски уред со објектив, две USB-а, футрола за пиштол, маскирна облека, два ножа, две футроли за ножеви,ПМВ Ауди А-3 и др.

Урнебесен виц на Тони Михајловски кој ќе ве насмее до солзи

Тони Михајловски, легендарниот актер кој без разлика за каков виц станува збор, може да ви предизвика голема насмевка на вашето лице.

Тој неодамна снимаше вицови на проектот „Куде“, а некои од неговите видеа на „YouTube“, имаат и по 200,000 прегледи. Јасно е дека многумина се трудат денес да кажат некој смешен виц, но никој не успева да го дофати начинот на единствениот Тони Михајловски.

Во прилог ве потсетуваме на вицот за Рамче кога бил војник, во изведба на актерот Михајловски.

Борко од Швајцарија: Македонците најчесто ги работат тешките физички работи тука

Македонија е далеку од Европската Унија , но стотици нејзини граѓани, веќе се нејзини жители. Некои заминуваат од економски причини, некои од политички, други во потрага по подобро образование, некои за да го видат светот, трети поведени од својот авантуристички дух.

не купуваат сите билет во еден правец. Делчевецот, Борко Веселиновски како младо момче ја напуштил Македонија, но не ја заборавил својата земја. Семејството, пријателите, родната грутка, носталгијата, биле пресудни дел од бизнисот да пренесе и во Македонија. Според него за добар и успешен бизнис, администрацијата во Македонија мора да сфати дека таа мора да биде во служба на бизнис секторот а не обратно.

Дваесет и седум години ја пишува својата успешна приказна во Швајцарија, делчевецот Борко Веселинов. Меѓу делчевци важи за еден од најуспешните бизнисмени и наши иселеници кој успеал да напише успешна иселеничка приказна. Кога заминал во Швајцарија како дваесетгодишно момче, не помислувал дека животот ќе го гради во туѓина, но плановите и реалноста во земјава се две различни нишки кои, сепак, биле пресудни тој да остане во Швајцарија.

„Ситуацијата кај нас во Македонија од економска гледна точка во континуитет, не се подобрува многу. Кога ќе  добиеме работно место, кога формираме семејство, веќе тука ги пуштаме сопствените корења, на тлото кај што си заминал и мислам повеќе и не го поставуваме прашањето кога ќе се вратиме назад. Во Швајцарија имам фирма за ентериер, или поточно за технички тавани и подови. Фирмата е мала, многу повеќе работам логистика за големи компании“, вели Веселинов.

За жал, Македонците најчесто го работат тешките физички работи

Борко живее во Монтро во Швајцарија, во областа на Лозана, каде има околу 2-3 илјади  Македонци, најмногу од Делчево, но и од Струмица.

„За жал ќе морам да кажам, македонската дијаспора не е една од подобрите, мислам на капацитетот на работната сила. Значи еден голем дел доаѓаат сезонски, најмногу да работат тешка и физичка работа, како лозја,  градежништво“, образложува Веселинов.

Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето: “Ја најдов мама на Фејсбук испратив барање за пријател, но таа не ме прифати„

Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, единаесетгодишниот Дејан пешачи пет километри низ шума за на училиште. Го дели креветот со баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот. Поточно, пред четири години, неговата мајка ја зеде помладата сестра и замина, а Дејан го остави – замина и никогаш не се врати.

До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши

„Имаше мечка овде, но не сум исплашен. ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине, вели храбриот мал човек, единаесетгодишниот Дејан Зориќ. Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора , а за него вели такви деца можам да исчувам уште пет.

„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана. Тато и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Тато спие во колибата што порано беше штала. Дедо спие на еден кауч а тој и баба делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.

Мајкаму го напушти пред повеќе од четири години. Едно утро ја зеде неговата помлада сестра и само замина. Таа одзеде некого што тој најмногу го сакаше, кого сè уште го сака најмногу. „Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.

Дејан – Дејана – Таа го доби името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мама заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, незнае каде точно, но успеал да ја пронајде на фејсбук. „Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше слика од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, рече Дејан и додаде дека искрено не знае што би и кажал на мајкаму да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.

Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина. Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку денес има деца како Дејан, вели тој. “Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за деца. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рече тренерот на Дејан Милан Јованиќ. Тренерот е и самиот татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и кимоно за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решија да преземат активности за да му помогнат на Дејан.

„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејство – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба, во кој би имал своја соба. Тој сè уште не разбира многу, но на единаесетгодишна возраст, тој знае премногу. И не треба многу години да се биде голем човек. Само треба да има неверојатна сила.

Немаат никаков срам :Извршител брка на улица семејство со две мали деца

“Прв ден на работа на новата влада која не убедуава дека правдата ќе дојде. Извршителот на луѓето на кои куќата им е единствено место на живеење, преку обезвреднување на сопственоста се подготвува во четврток да избрка на улица маж, жена, две многу мали деца и жена на возрасни години. Буквално на улица. Вечната првада, вистина е дека не смее да се одзема единствено место на живее”

Извор: FB статус на Ана Глигорова – активист

Важно известување од УЈП за оние кои скенираат сметки

Управата за јавни приходи известува дека ја заокружи исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалните сметки на физичките лица, за второто тримесечје.

Во месеците април мај и јуни 2020 година 304 472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен промет од 21.414.380.426 денари. За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236 493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ.

За корисниците на апликацијата кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана, истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка.
Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на аплкацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалната сметка.

Најчести причини поради кои не е извршена исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.