Исповед на една девојка која решила со својот сопруг да живее на село.
“Во брак сум година дена. Живееме на село со неговите родители. На село нема многу работи а тие упорно бараат внуче, а во домот само мојот маж работи и ги плаќа сите трошоци и му реков дека доколку на село работата дополнително се намали, сакам да одиме во град, на што мојот свекор скокна и ми ми рече дека тоа можам само да го сонувам и дека е спремен да ме ле жи во зат вор доколку му го однесам синот од куќата. Мојот маж на тоа рече дека тој нема да живее во град после разговор со неговиот татко кој му рече дека ќе го остави без никакво наследство. Прво кажете ми кој е овде луд и дали сум јас луда што сакам да живееме во град каде што ќе можеме да работиме и живееме нормално”.
Оваа објава на социјалните мрежи привлече огромно внимание, а речиси сите коментари имаа една цел, да ја убедат девојката да се тргне што подалеку од таквите луѓе.
“Бев во иста ситуација, па се разведов, најдов работа и ново момче. Никогаш посреќна не сум била”.
“Мене ме интересира како влегувате во брак, а претходно да не сте разговарале за тоа? Каде ќе живеете и што ќе правите со круцијалните работи, доколку околу тоа не се согласувате, прашање е дали воопшто требало да се венчате”.
“Ти си луда што не си му врзала ша мар на свекорот, а мажот да го отераш од кај што дошол. Оди дома бре жено, додека не си заглавила уште толку во село”.
“Јас би го пријавила свекорот во полиција, а што се однесува до внуче, ти не си должна да им родиш доколку не сакаш, најдобро е да заминеш од таму”.
“Бегај од патријархална фамилија која не ти дозволува да работиш и од тебе очекува само внуче. Тоа е примитивна и забега на средина. Ќе станеш финансиски зависна од нив и ќе можат да ти прават што сакаат. Ќе бидеш заробена. Оди најди работа во град и не раѓај дете на човек кој дозволува неговите родители да му управуваат со ивотот и да ја уценуваат неговата жена”.
Вака гласеа само дел од коментари, што мислите вие?