Задолжително маски, на една маса по 4 лица, музика до 55 децибели еве ги новите измени

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат.
Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.
Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржува-ње на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалaци. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое де-лува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алко-хол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хар-тиени бришачи за раце за еднократна употреба. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот. Забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи). Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица. Се ограничува максималното ниво на бучава во кафетерии на 55 децибели.

Ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на заразата можат да се најдат официјалната страна на Владата.