Се соблече Исаура од Преспав – испрати моќна порака

Македонската актерка Емра Куртишова која се прослави во улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“ вчеравечер објави необична фотографија на својот Инстаграм профил со што ги собра сите воздишки.

Имено таа сподели фотографија алудирајќи на свеста кај жените за борбата против ракот на дојката на првиот ден од октомври кој е месец на борбата против ракот на дојката.

„Октомври месец на борбата против ракот на дојка“, напиша актерката

Средношколците во Тетово ја блокираа наставата

Стотици ученици од сите средни училишта на територијата на Општина Тетово се собраа денес на едно место, не за да го прослават почетокот на учебната година, туку за да протестираат против онлајн учењето, објави порталот на албански јазик, Порталб.мк. Директорите на средните училишта од Тетово велат дека протест скоро и да немало. Тие велат дека бројот на ученици кои ја бојкотирале настава поради протести е 0 или минимален, но камерата на Порталб.мк го покажува спротивното.

Стотици средношколци се собраа пред тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ со плакати на кои пишуваше „Не сакаме настава од далечина“, и бараат од Министерството за образование и наука да ја смени одлуката за одржување на воспитно-образовниот процес, односно за настава со физичко присуство.

Швајцарија ќе ја воведе највисоката минимална плата во светот еве колку

Женева ќе воведе минимална плата од 4.086 швајцарски франци месечно (3,786 евра) што е највисока во светот.

Околу 500.000 гласачи во овој кантон ја одобрија минималната плата предложена од локалните синдикати и левичарските партии, откако двапати ја одбија во 2011 и 2014 година, објави британски „Гардијан“.

Минималната исплата по работен час е 23 швајцарски франци, двојно повеќе отколку во соседна Франција, со загарантирана минимална месечна плата од 4.086 швајцарски франци врз основа на работната недела од 41 час или 49.000 швајцарски франци годишно (53,370 долари) во еден од најскапите градови во светот за живот.

Телевизијата „Франс 3“ објави дека мерката е донесена откако швајцарскиот град, чија економија зависи од туристички и деловни посетители, е особено погоден од епидемијата на „Ковид 19“.

Филипче: Ќе дозволиме некои одделенија да одат на училиште ако ..

Филипче во гостувањето на Сител ТВ, најави дека во ноември може да се дозволи физичко присуство во училиштата и на други одделенија под услов епидемиолошката состојба да остане стабилна.

Тој вели целта е да се дозволи учениците да се вратат на училиште, но тоа мора се прави чекор по чекор. 

„Сега на почетокот на октомври важно е да има што помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна тогаш во месец ноември ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство“, рече Филипче.

Жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето

Колумбијката Анџелика Гаитан (46) е пронајдена истоштена и со хипотермија додека лебдела во море во близина на брегот на градот Пуерто Колумбија во провинцијата Атлантико. Таа е забележана во водата на 26 септември, две години по нејзиното исчезнување. Ја пронашол локалниот рибар Роландо Висабал.

Според колумбиските медиуми, рибарот на почетокот не сфатил дека станува збор за човечко тело.

Видеото, кое брзо се прошири на Интернет, покажува како рибарите ја влечат беспомошната жена со помош на јаже.

Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се опоравила, Гаитан изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.

Бугарите си ги „присвоија“ Кирил и Методиј и кирилицата – од денес ние пишуваме на бугарски

Бугарите си ги „присвоија“ Кирил и Методиј од денес се Бугари и кирилицата стана бугарска

Бугарското Собрание со 73 гласа за, 4 против и 34 воздржани, денеска го усвои во прво читање, предлогот на коалицијата Обединети патриоти предводена од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, која е дел од Владата на Бојко Борисов, за преименување празникот 24 Мај од „Ден на бугарската просвета и култура и на словенското писмо“ во „Ден на бугарската литература, образование и култура“.

Избор: https://mia.mk/kiril-i-metodi-se-bugari-a-kirilicata-bugarska-izglasa-parlamentot-vo-sofi-a/



ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ – Скопскиот аеродром официјално бил отворен …

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ … Скопскиот аеродром официјално бил отворен далечната 1928 година со првиот експериментален лет, кој го организирал тогашниот национален превозник на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците – „АЕРОПУТ“. Подоцна, била воведена и редовна авио линија која се обраќала на релација Белград – Скопје – Сараево – Белград. Освен оваа редовна „домашна“ линија, првиот меѓународен лет кон скопскиот аеродром бил реализиран во 1930 година и тоа на релација Виена – Скопје.

“Ако отварате бизнис, Македонија е погрешна лолација”

Милошоски: Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа

Македонија со најзабележителен пад на климата за водење бизнис од земјите во Европа – 5 места подолу на ранг листата во споредба со 2019та година, на 36то место од ранг листата на 46 земји!

“Младината буквално забега, добро бе во кој филм сте?”

Едукацијата и образованието се клучен фактор за секое општество и секоја поединка и многу е важно овие 2 работи да бидат стабилни за да се има функционална младина.

Зошто го кажувам ова еве на пример погледнете ги денешните наслови “Малолетник пукал во куче па го погодил другар му” пази пукал во куче, детето од 16 години да беше во училиште ова немаше да се случи на пример вака ќе изгледа 2 филма едниот Скарфејс и другиот Ране и имате професионално едуциран кримос. Ај тоа што правиме за овие “три малолетници приведени нападнале девојка за да и го одземат златното ланче” ова не е само денес гледаме ние што се случува веќе подолго време гледаме во кој филм е младината “Тик Ток” едукација и “калашот во вис” не е добро за никого

Треба некој да ги контролира повеќе работите додека не искочат од контрола ова важи и за родителите не само за службите, филмот на младината е лош пат.

“Пробале да и го скинат ланчето од врат”, приведени тројца малолетници

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево од слобода лиши тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња, стои во денешното соопштение од МВР.

По преземени мерки од страна на полициски службеници, се наведува, сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата.