Васко на ладново спасил две кучиња во замрзнатата вода во Градски парк

Пред малку бев сведок на една прекрасна хумана случка која што се случи во Градски парк во Скопје.

Имено, како што можете да видите на видеото, млад дечко спасува две кучиња кои се заглавија во замрзнатата водс. Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик скокна во водата и ни докажа на сите дека во ова време невреме сепак постојат хумани луѓе кои што ни ја враќаат надежта и вербата во човештвото.

ВАСКО е името на херојот на денот – напиша граѓанка на Фејбук.

Таа вели дека на видеото е прикажано спасувањето на едното куче, додека другото е на средината од езерото.

Браво за Васко, херојот на денот и Сара која ја направи објавата за благодарност. Има хумани луѓе кои се грижат за животните додека градските власти многу малку прават за истото.

https://www.facebook.com/sara.misik/videos/3769790383086730/?t=0