Connect with us

Инфо +

Силвестер Сталоун стана Бугарин?!

Published

on

Бугарските медиуми се шокирани поради фалсификуваниот пасош кој бил најден со пари и други документи во областите Бургас, Пловдив, Пазарџик, Софија и Шумен, со учество на агенти на тајните служби на САД и со помошта на Европол

Како што јавува бугарскиот портал dnevnik.bg , кај криминалната група која била лоцирана во подземна гаража на хотел во „Сончев брег“ која била претворена во печатница, биле пронајдени 360 илјади долари и 410 илјади евра и плус пасош на познатиот „Рамбо“ , нормално „издаден“ од МВР Софија , од кој се гледа дека актерот Сталоун е роден во Софија и кај националноста му стои – Бугарија.
Бугарски Дневник уште додава :
„Пасошот беше презентиран пред клиентите како примерок за високо квалитетна изработка, според Специјалното обвинителство. Девет лица се приведени, а шест се веќе обвинети.“
линк до оригиналната вест

Останува да видиме дали ќе се „пронајдат“ Бугарски пасоши и на Меси, Путин, Александар Вучиќ и Тина Тарнер.

Македонија

Како жителите на Тетово да се заштитат од загадувањето

Published

on

Тетово повторно се најде меѓу првите на листата на најзагадени градови, што претставува сериозна загриженост за здравјето на жителите. Во вакви услови, важно е да преземеме мерки за заштита и да се обидеме да го намалиме влијанието на загадениот воздух. Еве неколку совети за тоа како да се заштитите:

1. Избегнувајте излегување на отворено во периоди на висока концентрација на загадувачи: Ако е можно, ограничете го времето поминато надвор, особено во утринските и вечерните часови кога загадувањето обично е најголемо.

2. Користете заштитни маски: Кога треба да излезете на отворено, носете маска за да ја намалите изложеноста на прашина и штетни честички во воздухот.

3. Чувајте ја влажноста на воздухот во домот: Користете овлажнувачи за воздух или поставете садови со вода во просториите, бидејќи сувиот воздух може да го влоши ефектот на загадувањето.

4. Редовно следете ја состојбата на воздухот: Воспоставете навика да ги проверувате индексите на квалитетот на воздухот преку мобилни апликации или веб-страници. Ова ќе ви помогне да се информирате кога е најпотребно да останете во затворен простор.

5. Јадете храна која го поддржува имунитетот: Здравата исхрана е клучна за да го засилите имунолошкиот систем. Внесувајте повеќе овошје, зеленчук и антиоксиданси кои помагаат во борбата против штетните ефекти на загадениот воздух.

6. Користете воздухочистачи во домот: Инвестирањето во апарати за чистење на воздухот може да помогне во намалувањето на концентрацијата на загадувачи во вашите домови.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Брзи и ефикасни интервенции по невремето во Општина Битола

Published

on

По вчерашното невреме, предизвикано од силниот ветер, Општина Битола активно се вклучи во санација на штетите. Стручни екипи, заедно со приватни фирми со кои општината има склучено договори, извршија увид во неколку училишта каде што беа пријавени оштетувања. Во основните училишта „Коле Канински“ и „Свети Климент Охридски“ и средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Јане Сандански“ и „Д-р Јован Калаузи“, утврдени се потребите за итна интервенција, па ќе започне санација на штетите од понеделник.

Дополнително, ЈП Комуналец продолжува со расчистување на паднатите 15 дрвја, а сообраќајот е нормализиран. Екипите на ТППЕ Битола, КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“ исто така активно работат на отклонување на последиците, вклучително и на поправка на водоснабдувањето во делови од градот.

Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека екипите на ЕВН Електродистрибуција Битола се на терен и активно работат на отклонување на дефектите на електричната мрежа, кои дополнително беа отежнати со паднати столбови. Се очекува целосно враќање на снабдувањето со електрична енергија во текот на денот, најдоцна до утре.

Continue Reading

Македонија

Арачиново како на фронт: Ново пукање, еден повреден

Published

on

Ново пукање со случило денеска во скопското село Арачиново, дознава 24инфо.мк.

Според неофицијалните информации, по пукањето има едно повредено лице.

За само неколку недели ова е трет ваков инцидент во ова скопско село.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк