Connect with us

Инфо +

Cpпски експерт го „зakoпa“ Kapaкачанов – Имал грчко потекло

Душан Пророковиќ е експерт по геополитика и одличен познавач на балканските регионални прашања и односи. Во својата последна колумна, тој го анализираше однесувањето на Красимир Каракачанов во однос на македонското прашање и постоењето на македонската држава.

Според неговото мислење, Обединетите патриоти, политичка коалиција во која е вклучена и партијата на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, водат битка за цензусот на парламентарните избори кои ќе се одржат за еден месец. Затоа, македонското прашање станува централна тема за нивната битка повторно да бидат парламентарна партија. Пресметката е јасна, вели тој, бидејќи преку македонското прашање може да мотивираат еден дел од гласачите.

Но, како што вели Пророковиќ, покрај кампањата, во случајот со Каракачанов, станува збор и за „лична анамнеза“. Прво, Каракачаните, тој малброен народ, им припаѓаат на грчкиот етнос. До денес, тие се претежно асимилирани во поголемите балкански народи. Во Бугарија само две и пол илјади од нив се изјаснија така на пописот. Тие се занимавале со номадско сточарство, а во Србија ги нарекувале Ашани, вели тој.

Секако, секој има право да се чувствува и да се изјавува како што сака, нема ништо спорно во тоа, но кога потомок на Каракачаните, а на тоа укажува и самото презиме, го зграпчува македонското прашање во желба да се докаже како поголем националист од другите Бугари, тоа не може да излезе на добро, а ниту, пак, може да се заврши брзо.

Второ, вели Пророковиќ, според податоците обелоденети во бугарскиот печат, по отворањето на досиејата на комунистичката тајна полиција, Каракачанов, како студент, во мај 1989 година бил регрутиран од страна на третиот оддел на шестата управа на бугарската државна безбедност. Одделот се занимаваше со „борбата против субверзивната активност на непријателот по религиозна линија“. Својот ангажман тој го објасни со зборовите:

Тоа што тие го побараа од мене беше да го напишам моето мислење за одредени прашања од бугарско-југословенските односи, а особено за македонското прашање. И го напишав тоа што го мислев. Инаку, доста критички кон тогашниот режим“.

Можеби ова е вистина, вели Пророковиќ, а можеби не е. Студентите не пишуваат мислења и анализи на безбедносните служби, тоа го прават поединци со повеќе искуство и знаење.

Сепак, фаќајќи се за такво објаснување, Каракачанов сега мора да се држи за тоа до крај и да тврди дека тој е борец за „македонската кауза“ уште од студентските денови, а како таков дури и го привлече вниманието на тајната полиција, заклучува Пророковиќ.

Балкан

Бугарија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изрази резерва во врска со предлогот на Европската Унија да се користат замрзнатите руски средства како основа за финансиска поддршка на Украина, соопштија владите во заедничка декларација.

Четирите земји се согласуваат за трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека предложениот механизам бара внимателна правна и институционална проценка. Особено се истакнува примената на член 122 од Договорот за ЕУ, кој овозможува гласање со квалификувано мнозинство, што може да има далекусежни правни и финансиски последици во областите на надворешните работи и безбедноста.

Белгија посочи ризици за финансиските институции, вклучително и „Еуроклеар“, кој поседува значителен дел од замрзнатите средства, предупредувајќи дека земјата може да биде изложена на евентуални правни побарувања од Русија.

Претставниците на ЕУ ќе продолжат со дискусии за предложените измени, пред состанокот на Европскиот совет, со цел да се разгледаат алтернативни начини за поддршка на Украина, кои би го намалиле правниот и финансискиот ризик за земјите-членки. Одлуката на ЕУ за замрзнување на руските средства беше потврдена неодамна и има за цел да спречи земјите поблиски до Москва, како Унгарија и Словачка, да го блокираат користењето на овие средства.

Continue Reading

Свет

Силна експлозија во Франција – петмина повредени

Силна експлозија ја погоди приземјето на една помала зграда во градот Тревос, во близина на Лион, вечерва околу 18 часот, при што пет лица се повредени, објави „Фигаро“.

Експлозијата предизвикала делумно уривање на фасадата на зградата, а спасувачките екипи брзо интервенирале. Жртвите добиле медицинска помош на лице место, додека педесет пожарникари со 36 возила и медицински служби биле мобилизирани за да им пружат помош на повредените.

Како мерка на претпазливост, средното училиште лоцирано во непосредна близина било веднаш евакуирано. Локалните власти започнаа истрага за да се утврди точната причина за експлозијата.

Continue Reading

Свет

Фолксваген стави крај на автомобилското производство во Дрезден

Фабриката на Фолксваген во Дрезден, позната како „Транспарентна фабрика“, ќе ја прекине производството на автомобили, а последното возило ќе излезе од производната лента во вторник, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката е дел од стратегијата на германскиот производител за намалување на трошоците и оптимизација на работењето во Германија. Компанијата минатата година најави намалување на бројот на вработени за 35.000, а финансиските предизвици се делумно резултат на намалената побарувачка на кинескиот пазар и промените во американската трговска политика, пренесува Seebiz.

Идната улога на фабриката ќе биде иновациски кампус кој ќе ги обедини ресурси на VW групацијата, сојузната покраина Саксонија и Техничкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden). Просторот ќе се фокусира на развој на вештачка интелигенција, роботика, микроелектроника и дизајн на чипови, при што универзитетот ќе заземе речиси половина од објектот.

Фолксваген и TU Dresden планираат заеднички инвестиции од над 50 милиони евра (58,3 милиони долари) во следните седум години, со цел да се поттикнат иновациите и истражувањето во високотехнолошки области.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг