Connect with us

Инфо +

CАД го одбиле Фрчкоckи за амбасадор?

Published

on

Љубомир Данаилов Фрчкоски, за кого неодамна беше објавено дека ќе биде новиот македонски амбасадор во Вашингтон, од Соединетите Американски Држави не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција. Високи дипломатски извори за МКД.мк ја потврдија оваа информација, велат дека извесни резерви кон Фрчкоски изразила земјата која требало да му биде домаќин.

За Фрчкоски минатиот месец беше дадена согласност во Владата, по што веднаш била започната процедурата за обезбедување на агреман и се чекал одговорот.

Но, високи дипломатски извори потврдуваат дека согласност од Вашингтон не е добиена.

-Нашите извори не откриваат детали зошто Фрчкоски е неприфатлив за Соединетите Американски Држави – дали на тоа влијаеле неговите поранешни политички ангажмани или е нешто друго во прашање, пишува порталот.

Целата вест прочитајте ја на МКД.МК.

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading

Скопје

Дигитализацијата на Кисела Вода придонесува во борбата против корупцијата

Published

on

Во гостувањето на емисијата „Во живо, програма на градови“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говореше за процесот на дигитализација на општина Кисела Вода, која прва во регионот понуди за граѓаните широк спектар на електронски услуги. Со ова, се овозможува поголем степен на комодитет за жителите и бизнис заедницата, но и се намалува и можноста за корупција.

-Кисела Вода е првата општина во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Во минатото никој од нашите сограѓани не мoжеше да пристапи до урбанистички план, да знае каква е состојбата со местото каде што живее и затоа се случуваа непријатни изненадувања – никнуваа згради на секој чекор, граѓаните не знаеја и против што да се борат. Она што како прв чекор го направиме беше промовирање на нов ГИС Портал, кој е достапен на веб страната на Општина Кисела вода, преку кој јавно ги ставивме на увид, дигитализирани. Сите 87 урбанистички планови, а потоа и преземање на дејствија, односно механизми со кои услугите одат по електронски пат. Иако не сме ја исклучиле можноста доколку некој инсистира да си поднесе барање по писмен пат, сега многу значи моментот што секој од дома може да си поднесе барање и за 72 часа да си го добие документот што му е потребен. Ова штеди и време и пари, но важен е и механизмот на контрола, односно проверка на тоа дали административниот службеник ја работи работата како што треба или не. И за тоа нема изговори. Некогаш и негативен одговор е одговор.

Во вториот дел од процесот на дигитализација кој и понатаму го надградуваме, овозможивме електронски да се добиваат уште 20 нови дигитални услуги: барања за потврди, за парична помош, за уверенија, сега електронски е и уписот на деца во градинките. И мене како жител на Кисела Вода и родител ми пречело она запишување “преку врски”, односно да мора да познаваш некого и да ургираш за да го запишеш детето во градинка. Со новововедените механизми, и ова е оневозможено. Ако сакаме вистинска борба против корупција и да не остaваме простор за манипулација на било кој вработен со странката, мора нештата вака да ги решаваме. Не може се’ преку ноќ, имплементацијата е во етапи, но доволно е да го започнете процесот и да ги направите првите чекори.

Имплементацијата ќе ги даде своите резултати, а за мене резултатот е задоволството на граѓаните-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски најавувајќи наскоро и нов сет на дигитални услуги достапни за жителите на општината.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк