Connect with us

Инфо +

На Марс има ветрови како на земјата: Историски снимки на Роверот „Персеверанс“ (ВИДЕО)

На Земјата пристигнаа првите податоци од SuperCam уредот на НАСА на роверот Perseverance и сега имаме можност да слушнеме како звучи ветерот на црвената планета.

SuperCam се наоѓа на самиот врв на роверот, може да се каже дека тоа е неговата „глава“. Целиот уред тежи 5,6 килограми и може да ја анализира геолошката структура на Марс на пет начини. Ова ќе им помогне на научниците да изберат карпи од кои роверот подоцна ќе земе примероци во потрага по знаци на древен микробиолошки живот.

Откако роверот успешно слета на Марс на 18 февруари, НАСА започна со проверка и преглед на сите свои системи. Првите податоци од уредот SuperCam, вклучително и звуците од површината на црвената планета, покажаа дека тој работи совршено, пишува НАСА.

„Неверојатно е колку добро работи SuperCam на Марс“, рече планетарниот научник Роџер Винс, менаџер на проектот SuperCam.

“Кога започнавме да го дизајнираме тој инструмент пред осум години, бевме загрижени дека сме премногу амбициозни. Сега е горе и работи совршено”, додаде тој.

На 9 март, НАСА објави три аудио-датотеки од SuperCam кои биле снимени само 18 часа по слетувањето. Звукот на ветрот на Марс се слуша во првата снимка.

“Звуците се со извонреден квалитет. Тешко е да се поверува дека научно ќе ги анализираме првите звуци некогаш снимени на површината на Марс!” рече планетарната научничка Наоми Мардок.

Во третата аудио-снимка се слушаат звуците на ласерот насочен кон карпа оддалечена околу три метри. Некои ласерски звуци се погласни од другите, што им дава на научниците некои информации за физичката структура на карпестите делови, како што е нивната релативна цврстина.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг