Connect with us

Uncategorized

„Не храната, ами чревоугодието е зло,ниту зборувањето, ами празнословието,ниту светот е лош, ами страстите“

По долгиот пат на подвижничката борба. Црквата, којашто ги познава лавиринтите на човечката душа, како и нишката на Аријадна, т.е. патот за излез од него – смирението, покајанието, силата на молитвата и на умилителните свештени богослужби, страстоубиствениот пост, трпението, послушанието кон законот на благочестието – и оваа година нѐ повикува на едно боговдахновено патешествие, чиешто мерило е Крстот, а хоризонт – Воскресението Христово.

Поклонението на Крстот – срцевината на Светата и Велика Четириестница, ни ја открива смислата на целиот овој период. Словото Господово одекнува и потресува: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој секојдневно и нека оди по Мене!“ (Лука 9,23). Повикани сме да го подигаме нашиот крст, последувајќи Го Господа, со устремен поглед кон Неговиот живоносен Крст, со знаење дека Господ е Оној Кој спасува, а не подигањето на нашиот крст. Крстот Господов е „осуда на нашата осуда“, „осдуда на овој свет“ и истовремено, ветување дека злото, во сите негови форми, го нема последниот збор во историјата. Гледајќи кон Христа, застанати под Неговиот покров, на нашиот Подвигоположник Кој нѐ благословува и ги поткрепува нашите трудови, се подвизуваме со добриот подвиг, „во сѐ сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; нѐ гонат, но не сме изоставени; нѐ кутнуваат, но ние не загинуваме“. (2 Кор. 4, 8-9). Оваа е самата животна суштина и на овој крстовоскресен период. Се движиме кон Воскресението преку Крстот, преку кого „дојде радост за целиот свет“.

Можеби некои од нас се прашуваат зошто Црквата на актуелнава пандемија додава, покрај веќе постоечките здравствени ограничувања, уште еден „карантин“, оваа Велика Четириесетница. Навистина, и Великата Четириесетница е еден „карантин“, односно временски период од четириесет дена. Сепак, Црквата не доаѓа за да нѐ истошти дополнително со нови обврски и забрани. Напротив, нѐ повикува да ја сфатиме смислата на карантинот што го живееме поради короната, со посредство на Великата Четириесетница, како ослободување од затворот на нештата од „овој свет“.

Денешното евангелско четиво ги поставува условите за тоа ослободување. Првиот услов е постот, не во смисла на откажување само од определена храна, ами и од оние навики што нѐ држат приковани за светот. Ова откажување не претставува израз на обезвреднување на светот, туку неопходна претпоставка за востановување на нашите правилни врски со него и доживување на неговото уникатно веселие, како поле за христијанско сведоштво. Поради таа причина, и во времето на постот, гледиштето и доживувањето на животот на верните има пасхален карактер, вкус на Воскресението. „Четириесетдневната лествица“ не е депресивна, туку е атмосфера на радоста. Таа „голема радост“ им ја благовести Ангелот „на сите народи“ при Рождеството на Спасителот (Лука 2,10); таа е „полната радост“ што не може да се одземе (1. Јован. 1,4) од животот во Христа. Христос е секогаш присутен во нашиот живот, стои поблиску до нас отколку ние до Него, во сите денови „до свршетокот на светот“ (Матеј 28,20). Животот на Црквата е неразрушливо сведоштво за Благодатта што дојде и за надежта во Царството, за полнотата на откровението на таинството на Божјиот Домострој.

Верата е одговор на човекољубивото Божјо снисходење кон нас, таа е она „Да“ од сето наше битие на „Оној Кој ги приклони небесата и слезе“, за да го избави човечкиот род „од ропството на туѓинецот“ и да ни го отвори патот кон обожението по благодат. Од дарот на Благодатта извира и се храни пожртвуваната љубов кон ближните и „грижата“ за сето создание. Доколку отсуствува оваа братољубива љубов и богопријатна грижа за созданието, тогаш мојот со-човек станува „мој пекол“, а тварта се препушта на бесловесни сили, којашто ја претвораат во објект на експлоатација и во непријателска околина за човекот.

Вториот услов за ослободување што го ветува Великата Четириесетница е прошката. Заборавот на Божествената милост и на Неговите неискажливи добродетелства, отфрлањето на Господовата заповед да бидеме „сол на земјата“ и „светлина на светот“ (Матеј 5,13-14), и лошата промена на христијанското живеење, претставува „затворена духовност“, којашто живее од одрекувањето и отфрлањето на „другиот“ во светот, ги усмртува љубовта, прошката и прифаќањето на различниот. Тоа бесплодно и презирачко гледиште на животот, со посебен нагласок го отфрла евангелското слово од првите три недели на Триодот.

Познато е дека овие крајности манифестираат пораст особено во периодот во кој Црквата ги повикува верните на духовно извежбување и будност. Сепак, вистинскиот духовен живот е пат на внатрешна преродба, излегување од нас самите (од нашето јас), љубовно движење кон ближните. Не се базира во согласност со чистотата и ограничувањето, туку е прошка и расудување, славословие и благодарност, според опитната мудрост на подвижничкото предание: „Не храната, ами чревоугодието е зло…, ниту зборувањето, ами празнословието…, ниту светот е лош, ами страстите“.

Со ова расположение и чувства, соединувајќи ги нашите молитви со сите вас, возљубени, за конечно надминување на погубната пандемија и брзо справување со општествените и економски последици од неа, и просејќи ги вашите прозби и молитви, за возобновување на дејноста на Свештената Богословска Школа во Халки, којашто исполни веќе педесет години од сосема неправедно наметнатото ѝ молчание, ја пречекуваме во Црквата Светата и Велика Четириесетница, пеејќи и воспевајќи го еднодушно „Со нас е Бог“, Кому е славата и власта во бескрајните векови. Амин!

Огласително слово за почетокот на Светата и Велика Четириесетница 2021


† Константинополскиот

огнен молитвеник кон Бога за сите вас

Бигорски манастир.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг