Connect with us

Рекла Казала

Ова е вистинската причина зошто Хари и Меган го дале скандалозното интервју. Светот е во шок!

Published

on

Се шпекулира дека сопругата на принцот Хари на овој начин сакала да ја зголеми својата популарност во Америка, бидејќи одамна фрлила око на Овалната канцеларија на Белата куќа?

Според странските медиуми, Меган Маркл веќе се поврзува со постарите демократи поради нејзините амбиции да стане првиот американски претседател!

Војвотката од Сасекс претходно им ги открила своите политички амбиции на своите пријатели, а сега се надева дека нејзиното бомбастично интервју со Опра Винфри ќе ја зајакне нејзината поддршка во САД, изјавија извори за „The mail“.

Според еден постар британски политичар, кој служел под премиерот Тони Блер и е тесно поврзан со Вашингтон, Меган отворено се вмрежува со високи демократи за да помогне во собирање тимови за собирање средства и кампања за Белата куќа!

„Блеристите, интернационалистичките и демократските партиски мрежи зујат од разговори за политичките амбиции на Меган и потенцијалната поддршка“, изјави анонимен извор за британскиот весник.

Се верува дека фокусот на Меган е насочен кон кампањата во 2024 година, доколку претседателот Бајден, кој тогаш ќе има 82 години, не одлучи да се кандидира по втор пат. Доколку успее во своите амбиции, би заминала во историјата како прва претседателка на Соединетите Американски држави.

Нејзиниот пријател и биограф Омид Скуби исто така претходно тврдеше дека поранешната актерка фрлила око на фотелјата во Овалната соба.

“Меган е олицетворение на американскиот сон. Еден ден може да ја гледаме како станува претседател”, изјави авторот на “Наоѓање на слободата: Хари, Меган и создавањето на модерно кралско семејство” во документарец.

Дека војвотката од Сасекс сериозно размислува за кандидатура, изјави друга нејзина пријателка за Венити фер.

„Една од причините зошто не сакаше толку многу да се откаже од американското државјанство е можноста да влезе во политика“, коментира една пријателка за нејзиниот краток престој во Велика Британија.

Сепак, биографот Ендру Мортон верува дека војвотката нема доволно „дебела кожа“ за да се кандидира за претседател и таа ја истакна својата чувствителност на критиките за време на разговорот со Опра.

“Јас категорично тврдам дека таа нема шанси некогаш да се кандидира за претседател. Тие би ја јаделе жива”, изјави Мортон, автор на книгата Меган: Холивудска принцеза, за Венити фер минатата година.

Рекла Казала

Милош Биковиќ е ВНУК НА ВОЈВОДАТА ОД ЧЕТАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ (Видео)

Published

on

Војводата Иван Биковски од Берово, кој наводно бил во чета на Гоце Делчев можеби е предок на познатиот српски глумец Милош Биковиќ. Глумецот во интервју за порталот Црнобело вели дека би сакал да истражи ако има македонски корени и дали таа информација е за верување.

– Но, многу е интересно дека тој Иван Биковски, на таа фотографија што ја нашле од она време, многу личи на мојот чичко. И кога ги споредувам, си велам, па, тоа е таа генетика, постои врска – вели Биковиќ во интервјуто.

Се вели дека од двајцата браќа Биковски, татко на таткото на Милош, едниот морал да го смени презимето во Биковиќ поради тогашните правила во кралството Југославија.

Биковиќ во моментот е во етерот како главна ѕвезда во рускиот филм „Предизвик“. Тој е првиот филм кој некогаш бил сниман во вселената. Погледнете ја рекламата за фимот:

Continue Reading

Рекла Казала

Дизајнерот Марко Митановски ГО СМЕНИ ПОЛОТ: Сега се вика МИА, погледнете како изгледа (ФОТО)

Published

on

Светот слушна за српскиот дизајнер Марко Митановски во 2009-та година, кога постигна голем успех на конкурсот за млади дизајнери организиран од „Вог“ во рамките на Лондонската модна недела.

И од тогаш имаше затишје. Сите се прашуваа каде исчезна надежниот дизајнер, а тој бомбастично се врати на сцената во октомври 2011 година. Тогаш откри дека повеќе не се вика Марко, туку Миа.

Процесот на промена на полот траеше неколку години, па креаторот претстави ново лице, ново име и најави нова колекција. Сепак, ова последното сè уште не сме го виделе.

Миа изгледа навистина спектакуларно и од фотографиите што ги објавува на Инстаграм, никогаш не би помислиле дека е маж.

Српскиот дизајнер, сега дизајнерка, со години успешно работи низ Европа, особено во Лондон.

Continue Reading

Рекла Казала

НЕ МОЖЕВ НИ ДА ЗАМИСЛАМ ДА ЈА ГУШНАМ! – Принцот Хари откри нови потресни детали

Published

on

Принцот Хари (38) во своите мемоари „Spare“ рекол дека никогаш не можел да ја прегрне својата баба, кралицата Елизабета II. Еден корисник на ТикТок, пак, споделил извадок во кој војводата од Сасекс зборува дека ја гледал својата баба како ужива на концертот по повод златниот јубилеен во 2002 година.

– Додека ја гледав како танцува и се ниша во ритамот, сакав да ја гушнам. Но, се разбира дека не го сторив тоа. Нема шанси. Никогаш не сум го направил тоа и не можев да замислам ниту една околност под која такво дело не би се санкционирало, рекол Хари, а пренесува 24сата.хр.

@sugarnspicey This is sad, where is the family love. #princeharry #princeharryandmeghan #princessdiana #theroyalfamily #thespare #theroyals #kingcharles #queenelizabeth ♬ original sound – Tricia

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк